Правила за наградна игра

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА - „ Вози Tiggo со Tigo.mk”

 

Назив и седиште на Приредувачот

Член 1

Приредувач на наградната игра „ „Вози Tiggo со Tigo.mk” е Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје, со седиште на ул. Филип Втори Македонски бр.3, Скопје, со ЕМБС 7229712 и ЕДБ 4080017568459 (“Приредувач”).

Производи и услуги заради чие рекламирање се приредува наградната игра

Член 2

Наградната игра се приредува со цел промоција и рекламирање на потрошувачките кредити и финансиските услуги кои ги нуди Приредувачот преку брендот Тиго и тоа:

  • потрошувачки кредит со еднократна отплата до 30 дена и
  • потрошувачки кредит на повеќе месечни рати со рок на отплата од 3 до 48 месеци

Име, опис и времетраење на наградната игра

Член 3

Официјалното име на наградната игра е „Вози Tiggo со Tigo.mk”.

Наградната игра ќе се приредува во согласност со условите и останатите одредби од овие официјални правила на наградната игра („Официјални правила“), а во текот на наградната игра ќе бидат доделени вкупно 10 (десет) награди, детално опишани во член 7 од Официјалните правила.

Наградната игра ќе се одржува во времетраење од 08.00 часот на 01.10.2025 година до 23.59 часот на 29.01.2026 година.

Опис и содржина на потврдата со која се стекнува право на учество во наградната игра

Член 4

Склучениот Договор за кредит согласно условите детално опишани во овие Официјални правила што содржи податоци за Учесникот и за поединечниот кредит, ќе служи како потврда врз основа на која Учесниците се стекнуваат со право на учество во наградната игра.

Лица под 18 години и лица кои не се државјани на Република Северна Македонија не може да учествуваат во наградната игра, согласно интерните правила за кредитирање на Приредувачот.

Територија на која се приредува наградната игра

Член 5

Наградната игра ќе се приредува на територија на Република Северна Македонија.

Приредувачот ќе ја организира наградната игра преку сите свои продажни канали и тоа:

  1. во сите регистрирани подружници означени со брендот Тиго, за време на регистрираното работно време на подружниците;
  2. онлајн преку вебстраната tigo.mk;
  3. телефонски преку центарот за грижа на корисници;

Учесниците имаат шанса за добивка на награда без разлика на тоа преку кој продажен канал на Приредувачот склучиле Договор за кредит. 

Приредувачот ќе обезбеди присуство и достапност на овластени лица во подружниците и во Центарот за грижа на корисници кои ќе им овозможат на Учесниците услови за аплицирање за кредит и ќе вршат надзор врз правилно спроведување на овие Официјални правила.

Услови за учество во наградната игра

Член 6

Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Република Северна Македонија, кои во периодот од 08.00 часот на 01.10.2025 година до 23.59 часот на 29.01.2026 година, со Приредувачот ќе склучат Договор за кредит (,,Договор за кредит”), кои ги исполнуваат условите за учество во наградната игра опишани во Официјалните правила и кои се согласиле Приредувачот да ги обработува нивните лични податоци за добивање информации за попусти и промоции преку e-mail, SMS пораки и телефонски повици.

Право на учество се стекнува без оглед дали склучениот Договор за кредит од став 1 на овој член е за потрошувачки кредит со еднократна отплата или со отплата на повеќе месечни рати, (,,Учесници во наградната игра /Учесници”).

Еден учесник во наградната игра има право да биде извлечен само за една награда од вкупниот број на награди предвидени во наградната игра.

Едно лице може да учествува во наградната игра повеќе пати сразмерно на износот на кредитот за кој е склучен Договор за кредит, а согласно механизамот за учество опишан подолу,  со што ги зголемува своите шанси за награда.

Наградната игра ќе се спроведува по следниот механизам за учество, еден склучен Договор за кредит со Приредувачот во износ на кредит еднаков или поголем од 10.000 МКД  ќе носи шанса за добивка, каде првите 10.000 МКД од износот на кредитот за кој клиентот склучил Договор за кредит претставува 1 (една) шанса за добивка, а зависно од износот на кредитот, секој нареден износ од 10.000 МКД над првите 10.000 МКД од износот на кредитот претставуваат дополнителна шанса за добивка.

На пример, за склучен Договор за кредит во износ од 20.000 МКД, бројот на склучениот Договор за кредит учествува  2 (два пати) во извлекувањето на награда (еднаш со исполнување на минималниот услов за кредит од 10.000 МКД и дополнително уште еднаш за износот од 10.000 МКД над минималниот износ од 10.000 МКД (10.000 + 10.000)).

Секој корисник на кредит кој склучил Договор за кредит како што е опишано во овој член, автоматски се стекнува со право на учество во наградната игра, освен доколку изрично, писмено не го извести Приредувачот дека не сака да учествува во наградната игра.

Учесниците во наградната игра од овој член имаат право на учество во наградната игра единствено доколку ги почитуваат и исполнуваат Официјалните правила на наградната игра и доколку ги исполнуваат интерните правила на Приредувачот за кредитирање.

Во наградната игра немаат право на учество броевите на Договор за кредит кои ќе бидат откажани согласно одредбите на Законот за заштита на потрошувачите при потрошувачките кредити.

 

Податоци за наградите во наградната игра и награден фонд

Член 7

  • 8 (осум) парични награди, секоја во поединечен износ од 10.000 МКД,
  • 1 (еден) ваучер за туристички аранжман од туристичката агенција АУРОРА ТУРС во вредност од 2.000 евра во денарска противвредност за патување по избор на добитникот и
  • 1 (едно) патничко SUV возило Chery TIGGO 4 PRO Comfor

Во табелата подолу е прикажана поединечната вредност на секоја награда од фондот на награди и вкупната вредност на фондот на награди:

Вид на награда

Поединечна вредност

ДДВ 18%

Количина

Вкупна вредност без ДДВ

Вкупна вредност со ДДВ

Парична награда

10.000 МКД

/

8

80.000,00 МКД

80.000,00 МКД

Ваучер за туристички аранжман од туристичка агенција АУРОРА ТУРС

124.000 МКД

/

1

124.000,00 МКД

124.000,00 МКД

Патничко SUV возило Chery TIGGO 4 PRO Comfor

 

178.172,54 МКД

1

989.847,46 МКД

1.168.020,00 МКД

ВКУПНО

/

178.172,54 МКД

10

1.193.847,46 МКД

1.372.020,00 МКД

Данокот на доход паѓа на товар на Приредувачот и Приредувачот во име на учесникот ќе го уплати во законски утврдениот рок.

Кај наградите кои подлежат на оданочување, приредувачот на учесникот кој ја остварил наградата ќе му го исплати износот на истата во нето износ согласно горната табела.

Наградите кои ќе бидат доделени во наградната игра се ограничени и нема да бидат доделени повеќе награди од оние кои се определени со овие Официјални правила на наградната игра.

Добитникот во наградната игра нема право да бара награда во различен вид или вредност од наградата определена во Официјалните правила.

Замена на наградата со други предмети или друга противвредност не е дозволена.

Тек на постапката на приредувањето, односно спроведувањето на наградната игра

Член 8

Приредувачот определува системски генериран број на секој склучен Договор за кредит од член 6 на овие Официјални правила и при извлекувањето, добитникот ќе биде извлечен по бројот на склучениот Договор за кредит. Согласно механизмот за учество, бројот на склучениот Договор за кредит ќе учествува во извлекувањето на наградите онолку пати сразмерно на износот на кредитот кој му е одобрен и исплатен како и на одбраниот начин на исплата на кредитот.

Извлекувањето на наградите ќе се врши во 3 (три) кола, согласно распоредот утврден во член 9 на овие Официјални правила.

Излекување на главната награда патничко возило ќе се врши на 30.01.2026 година, на начин утврден во член 9 на овие Официјални правила.

Место, време, начин, постапка и контрола на извлекувањето на наградите, односно на определувањето на добивките и добитниците

Член 9

Извлекувањето на добитниците на наградите ќе се врши на адресата на регистрираното седиште на Приредувачот – ул. Филип Втори Македонски бр.3, 1000, Скопје по следниот временски распоред:

Наградите ќе се извлекуваат во 3 (три) кола:

  1. Прво коло на 15.11.2025 година во 12:00 часот, на кое ќе бидат извлечени вкупно 8 добитници на парични награди во износ од 10.000 МКД, со направен пресек на Договори за кредит од 01.10.2025 година (сметано од 08:00 часот) до 14.11.2025 година (сметано до 23:59 часот);
  2. Второ коло на 15.12.2025 година во 16:00 часот, на кое ќе биде извлечен еден добитник на ваучер за патување, со направен пресек на Договори за кредит од 01.10.2025 година (сметано од 08:00 часот) до 14.12.2025 година (сметано до 23:59 часот);
  3. Трето коло на 30.01.2026 година во 12:00 часот, на кое ќе биде извлечен еден добитник на патничко возило, со направен пресек на Договори за кредит од 01.10.2025 година (сметано од 08:00 часот) до 29.01.2026 година (сметано до 23:59 часот); 

Извлекувањето ќе се врши по случаен избор, преку софтверска програма на сите склучени Договори за кредит со право на учество во наградната игра.

 При извлекувањето, ќе бидат користени броевите на договорите за кредит кои Приредувачот системски ги определува за секој договор и притоа, при самото извлекување нема да бидат користени останатите податоци на учесниците.

На извлекувањето за наградите ќе бидат извлечени по еден добитник за секоја награда и по 1 (еден) резервен добитник доколку од било кои причини се појават несовладливи пречки за доделување на наградата на примарниот добитник.  

Извлекувањето на наградите  ќе се врши во присуство на комисија која ќе биде составена од три члена и тоа:

*Претставник од органот на управување на Приредувачот;

*Претставник од Сектор за правни работи  на Приредувачот, и

*Претставник на Сектор за внатрешна ревизија на Приредувачот.

Начин на објавување на резултатите, односно добитниците на наградите

Член 10

Списокот на добитници на наградите ќе биде објавен во рок од 24 (дваесет и четири часа) часа по извршеното извлекување по секое завршено коло, на веб страната на Приредувачот www.tigo.mk и на социјалните мрежи на Фејсбук и Инстаграм.

Учесниците во наградната игра, со самото учество во наградната игра, се согласни доколку бидат избрани за добитник на награда, нивното име и презиме да бидат јавно објавени на горенаведените електронски медиуми.

Приредувачот во рок од 3 (три) дена по завршеното извлекување (коло) и телефонски ќе ги извести добитниците за добиената награда, на телефонските броеви кои се наведени за учесниците при склучување на Договорот за кредит;

Доколку не може да се оствари контакт на телефонските броеви, Приредувачот ќе го извести добитникот по електронска пошта на адресите кои се наведени при склучувањето на Договорот за кредит;

Доколку Приредувачот не може да оствари контакт со добитникот на телефонските броеви и на електронската пошта, добитникот ќе бидe известен по пошта на домашната адреса наведена во склучениот Договор за кредит.

Начин на исплатата, односно доделување на наградата

Член 11

Приредувачот ќе го повика добитникот на наградата во седиштето на Приредувачот заради негова верификација пред доделување на наградата со приложување на валиден документ за идентификација на ист начин на којшто се врши идентификацијата при процесот на аплицирање за кредит.

Главната награда патничко возило ќе биде подигната од продажниот салон на Гранд Ауто на Бул. „Босна и Херцеговина“ бр. 1, Скопје. Наградата ваучер за туристички аранжман ќе биде подигната од туристичката агенција АУРОРА ТУРС од седиштето во Скопје, на бул. Јане Сандански ДТЦ 13 Лок 4, Кисела Вода.

Добитниците на паричните награди може да се верификуваат во седиштето или во некоја од подружниците на Приредувачот. Исплатата на паричните награди ќе се врши исклучиво на личната платежна сметка на добитникот на наградата. Добитникот на парична награда е должен да достави и/или да ја потврди својата, лична платежна сметка до Приредувачот, за цели за исплата на наградата.

Добитникот на награда е должен да потпише образец / потврда за прием на наградата изготвена од страна на приредувачот.

Добитникот на наградата е должен да се јави за подигнување на наградата и верификација во седиштето на Приредувачот во рок од 5 дена од повикот за верификација и подигнување на наградата. Доколку Приредувачот не може да оствари контакт со добитникот, на податоците за контакт со кои располага Приредувачот, а дадени од страна на добитникот како кредитокорисник, како и кога Приредувачот нема да добие барање/известување од страна на добитникот за пролонгирање на тука предвидениот рок, во тој случај, резервниот добитник ќе се земе како примарен добитник и ќе ја добие наградата.

Доделувањето на наградата ќе се врши во рок не подолг од 60 дена од денот на објавувањето на добитникот.

Приредувачот на наградната игра е должен да му достави на добитникот на наградата примерок од пресметката за аконтација на данокот како и податок за платена аконтација;

Со конечната исплата, односно примопредавање на наградите престануваат сите обврски на Приредувачот на наградната игра кон добитникот.

Приредувачот ќе биде одговорен до моментот на подигнување на наградата од страна на добитникот. Приредувачот нема никаква одговорност која може да произлезе од користење на наградата, како и плаќање по основ на штети или тужби кои на некаков начин се поврзани со користење на наградата.

Добитникот може да се откаже од учество во наградната игра со давање на изјава во било која подружница на Приредувачот или преку електронска пошта на [email protected]. Во тој случај, резервниот добитник ќе се земе како примарен добитник и ќе ја добие наградата.

Рок во кој се врши исплатата, односно остварување на добивката

Член 12

Доделувањето на наградите ќе се врши во рок не подолг од 60 дена од денот на објавувањето на добитникот.

Доколку од било која оправдана причина (блокирана сметка и сл.) не е можна исплата на наградата или доколку од било која причина добитникот се откаже од наградата, истата ќе биде доделена на резервниот добитник.

Начин на запознавање на учесниците во наградната играта со правилата на играта

Член 13

Правилата на наградната игра во целост ќе бидат објавени на веб – страната на Приредувачот www.tigo.mk и на официјалните профили на Приредувачот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, по добивањето на дозволата за организирање на наградна игра од Министерството за финансии на Република Северна Македонија, а пред почетокот на наградната игра.

Рок во кој незадоволниот учесник има право да поднесе приговор против приредувачот

Член 14

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на наградната игра до Приредувачот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Приредувачот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Во случај на спор помеѓу Приредувачот и учесниците во наградната игра надлежен е Основниот граѓански суд во Скопје.

Забрана за учество во наградната игра на вработените кај приредувачот на наградната игра, како и членовите на нивните потесни семејства

Член 15

Право на учество во наградната игра немаат вработените лица кај Приредувачот, како и членовите на нивното потесно семејство.

Обработка на лични податоци

Член 16

Добитниците на наградите на Приредувачот, се согласни да му дадат писмена, изречна согласност согласно со Законот за заштита на лични податоци со која се согласуваат и му даваат право, со цел промовирање на наградната игра и промовирање на Приредувачот, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал, без право на надомест и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.

Со учеството во наградната игра, учесниците особено, но без ограничување, се согласуваат да бидат фотографирани при преземањето на наградите, како и нивната фотографија да биде објавена од страна на Приредувачот или агенцијата која Приредувачот ја ангажирал за понатамошни промоции и маркетинг во било која форма и на било кој медиум, вклучително и со објава на било кои социјални мрежи.

При подигање на наградите Учесниците се должни да потпишат посебна согласност за обработка на лични податоци со која го овластуваат Приредувачот или агенцијата која Приредувачот ја ангажирал да ги користи личните податоци на добитниците со цел на промовирање на наградната игра и промовирање на Приредувачот.

Приредувачот собира и обработува лични податоци на Учесниците во согласност со Законот за заштита на лични податоци  (Службен весник на РСМ бр. 42/20), и во согласност со Политиката за приватност на лични податоци на корисници на Приредувачот, достапна на веб страната на Приредувачот www.tigo.mk.

Личните податоци од добитникот се обработуваат и заради проверка на правото за учество во Наградната игра и за доделување на наградата.

 

Во случај на спор, истиот ќе се реши спогодбено меѓу страните, во спротивно надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.

Завршни одредби

Член 17

Правилата на наградната игра ги пропишува Приредувачот на наградната игра, влегуваат во сила со денот на донесувањето, а ќе се применуваат по добиената дозвола од Министерството за финансии. 

Учесниците кои ги исполнуваат условите предвидени во овие Официјални правила, ги прифаќаат одредбите на истите, при што овие Официјални правила се задолжителни за учесниците и ќе важат до завршувањето на наградната игра, се до конечна исплата односно доделување на наградите.

_____________________________

Назад