За нас

Кои сме ние 

Tigo.mk е дел од македонската компанија ФД Тиго Фајнанс ДОО. Тиго Фајнанс обезбедува високи етички и професионални стандарди и култура каде клиентот е секогаш во главниот фокус. ТИГО ФАЈНАНС ДОО Скопје е член на Групацијата на финансиски друштва во рамките на Стопанската комора, чии членови се залагаат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите. Тиго Фајнанс ДОО е дел од Eleving Consumer Finance, водечка Финтек групација која обезбедува одржливи финансиски решенија на глобално ниво. Уште од нејзиното основање во 2012 г. во Латвија, Eleving Consumer Finance е двигател на иновациите во финансиската технологија низ целиот свет. Eleving Consumer Finance опслужува 17 пазари на 3 континенти, промовирајќи финансиска инклузија и зајакнување на општествената мобилност низ целиот свет.  Две последователни години, Eleving Consumer Finance се вбројува помеѓу првите 1000 најбрзо растечки компании во Европа според реномираниот Financial Times во 2020 и 2021. Повеќе информации зa Eleving Consumer Finance се достапни на www.cf.eleving.com

Веруваме дека секој треба да има пристап до пари кога му е најпотребно. 

 Наши вредности се:

  •  Целосна посветеност на нашите клиенти 
  •  Флексибилност и индивидуален пристап 
  •  Транспарентност во работењето 
  •  Взаемна доверба со нашите клиенти 
  •  Високи етички и морални вредности  

 

Ревидиран годишен извештај од независен ревизор за финансиското работење на компанијата во 2024 г.
Ревидиран годишен извештај од независен ревизор за финансиското работење на компанијата во 2025 г.


Што нудиме?

Нудиме брзи кредити и тоа кредит со еднократна отплата до 30 дена од 500 до 180.000 ден. и кредит на рати со најфлекисбилна отплата до 72 месеци, во износи од 500 до 720.000 денари. При аплицирањето, добивате инстантен одговор за својот кредит, односно максималниот износ кој Ви е одобрен и може да го подигнете. 

Лесно, едноставно и според Вашите потреби 

Ние одговараме на Вашите потреби и желби и тогаш кога сте со ограничен пристап до пари. Нашите производи ги добивате на едноставен и удобен начин, со максимална транспарентност на условите и ниски вкупни трошоци.

Најбрз одговор и лесни критериуми за одобрување

Единствени сме на пазарот со најбрз систем за проценување на кредитна способност. Нашиот автоматизиран и интелигентен систем овозможува да обработиме голем број апликации во многу кус рок и веднаш да ја оцениме Вашата кредитна способност. Како резултат на тоа, ние одговараме за само 30 секунди и притоа со висока стапка на одобрени кредити.

Вие сте нашиот приоритет

Корисниците се нашиот главен фокус, ефикасноста наш метод на работа, а градењето доверба на долг рок е наш мотив. Нашите љубезни вработени кои можете да ги контактирате на 13 700 ќе Ви помогнат да изберете соодветен кредит за Вашите потреби и сето тоа брзо, лесно и транспарентно.  

Сè што треба да направите е да аплицирате за ТИГО брзи кредити online преку пополнување на оваа кратка апликација и да ги очекувате парите на Вашата сметка во најкус можен рок!

 

 

 
 
 
 
Назад