Кариера

Вработените се нашиот најзначаен ресурс! Придружете се во ТИГО тимот! 

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје го гради својот углед како компанија со силен интегритет, во согласност со високите бизнис стандарди во индустријата во која функционира, благодарение на напорите и посветеноста на своите вработени. 

Нашата компанија спроведува политика на еднакви можности и еднаков третман за сите, создавајќи работна атмосфера во која секоја индивидуа има можност да ги покаже своите вредности, а со тоа да ја збогати палетата на високи стандарди на човечки капитал.

Ние работиме во спроведување на визијата и целите на компанијата, водејќи се од начелата на законитост, стручност, компетентност, професионална етика, објективност, доверливост и одговорност. Угледот на компанијата зависи од нашиот личен интегритет и нашата посветеност.

Поради континуираниот раст на ТИГО Фајнанс, отворени сме за професионалци од различни полиња кои одговараат на овие начела. Работиме на развој на потенцијал преку постојано усовршување, со што ги подобруваме знаењето, компетенциите и личните капацитети.

Доколку сте личност која се стреми кон постојано усовршување во цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме со Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик АПЛИЦИРАЈТЕ на vrabotuvanje@tigo.mk.

 * * * * * * * * * 

Напомена: Со испраќање на Вашата биографија, се согласувате Вашите лични податоци да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје во рок од 1 година од денот на испраќање. Притоа, имате право во секое време да ја повлечете дадената согласност за чување и обработка на Вашите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, со испраќање на писмено барање на vrabotuvanje@tigo.mk.

Назад