Колачиња

Политика за колачиња

Оваа Политика за приватност на личните податоци при посета на интернет страната на ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст “Ние”) го уредува начинот на кој Ние ги собираме податоците од посетителите на нашата интернет страница www.tigo.mk (cookies - колачиња). Доколку сте се согласиле, покрај собирање на основните податоци кои го обезбедуваат функционирањето на оваа интернет страница, ќе се собираат и податоци од други колачиња web beacons, pixels или слична технологија за чување на податоци која може да биде поставена на Вашиот пребарувач или уред од кој пристапување на нашата интернет страница. Оваа Политика за колачиња опишува кои колачиња ги користи оваа интернет страница и за кои цели.

Можете да ги промените вашите подесувања за колачиња и да се откажете од секоја категорија на колачиња (освен оние кои се потребни за функционирање на интернет страницата) преку кликање на копчето “Cookie Settings/Подесување на колачиња” подолу:

 [ПОДЕСУВАЊА ЗА КОЛАЧИЊА]

 

1.      Какви колачиња користиме и за кои цели?

Колачињата се мали текстуални датотеки, кои се чуваат на Вашиот уред кога ја посетувате нашата интернет страница. Пребарувачот ги користи колачињата за да ги пренасочи информациите на интернет страницата при секоја следна посета, за интернет страницата да го препознае корисникот и да го запамети изборот на корисникот (на пример, избор на јазик, информации за најава и други подесувања). Ова може да Ви ја олесни следната посета и да ја направи страницата покорисна за Вас.

 

  • Ние користиме различни видови колачиња. Кога ќе пристапите до интернет страницата, Ние ќе ги поставиме неопходните колачиња на Вашиот пребарувач или уред. Други видови колачиња ќе се зачуваат само доколку сте прифатиле употреба на такви колачиња. Во продолжение следат повеќе детали за колачињата, кои може да се зачуваат на Вашиот уред или пребарувач кога пристапувате до нашата интернет страница.

 

  • Неопходни колачиња

Неопходните колачиња помагаат да се олесни користењето на интернет страницата преку обезбедување основни функции како што се навигација на страницата, избор на јазик, овластување и пополнување формулари. Интернет страницата не може да функционира без овие колачиња и тие не можат да бидат оневозможени. Овие колачиња не го откриваат идентитетот на корисникот и не собираат кориснички информации. Тие се чуваат на уредот на корисникот додека не се затвори пребарувачот.

 

  • Колачиња за аналитика

Овие колачиња ни овозможуваат да ги броиме посетите и изворите на сообраќај за да можеме да ги измериме и подобриме перформансите на нашата страница. Тие ни помагаат да знаеме кои страници се најмногу и најмалку популарни и да видиме како посетителите се движат низ страницата. Сите информации што ги добиваме од овие колачиња се во агрегирана форма. Ние користиме колачиња од трети страни.

 

  • Колачиња за маркетинг и таргетирање

Овие колачиња можат да бидат поставени преку нашата интернет страница, од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат колачињата за да Ви покажат релевантни реклами на други страници. Тие директно не ги зачувуваат Вашите лични податоци, туку се насочени кон идентификување на Вашиот интернет пребарувач и интернет-уред. Ако не го дозволите чувањето на овие колачиња, ќе доживеете помалку насочено/таргетирано рекламирање.

 

2.     Колачиња на трети страни

Нашата интернет страница користи услуги од трети страни, како што се аналитика, за да ни покаже што е популарно на нашата интернет страница, а што не, со што нашата интернет страница би била покорисна. Сите информации добиени од колачиња од трети страни се обработуваат од страна на соодветниот давател на услуги, затоа Ве молиме прочитајте ја и Политиката за приватност на овие даватели на услуги. Може да се откажете од обработка на колачиња од трети страни во секое време.

 

На пример, може да користиме колачиња на Google Analytics за да ги измериме интеракциите на нашите корисници низ содржината на нашата интернет страница. Овие колачиња собираат информации за Вашето движење низ интернет страницата, како што се уникатни посети, повторни посети, времетраење на сесијата, активност на интернет страницата.

Ние исто така може да користиме пиксели на Facebook за обработка на информации за активноста на корисникот на нашата интернет страница, како што е посетената интернет страница, идентитетот на корисникот на Фејсбук, податоците на пребарувачот и други. Информациите обработени од пиксели на Facebook се користат за поставување реклами согласно Вашите интереси преку Facebook, како и за мерење на комуникации меѓу уреди и интеракции на корисници на нашата интернет страница.

 

3.      Како да ги подесите Вашите колачиња

Кога ја посетувате нашата интернет страница, Ви се прикажува информација дека интернет страницата користи колачиња и бара од Вас согласност за да овозможите колачиња за аналитика и маркетинг. Ако сакате да ја повлечете Вашата согласност или да ги промените поставките за колачиња, можете да го направите тоа со кликнување на копчето за поставки за колачиња погоре

Можете да ја повлечете вашата согласност за колачиња за аналитика и/или маркетинг, како и да ги избришете сите колачиња зачувани во вашиот пребарувач со бришење на историјата на колачиња на пребарувачот. Можете исто така да го подесите пребарувачот да блокира зачувување на колачињата. Преку кликнување на копчето „Help/Помош“ во Вашиот пребарувач, можете да најдете инструкции како да го спречите пребарувачот да ги чува Вашите колачиња, како и кои колачиња се веќе зачувани и како да ги избришете доколку сакате. Мора да се направат промени во поставките на секој пребарувач што го користите.

Исто така, поединечно може да се откажете од тоа Вашата активност на вашата веб-страница да биде достапна на Google Analytics со инсталирање на додатокот за исклучување на Google Analytics на пребарувачот, што спречува споделување информации за Вашата посетата на интернет страница со Google Analytics. Линк до ваквиот додаток за исклучување на Google Analytics и повеќе информации на: https://support.google.com/analytics/answer/18188.

 

4.      Промени на Политиката за приватност

Го задржуваме правото да ја менуваме и дополнуваме оваа Политика за колачиња од време на време. Измените стапуваат на сила веднаш штом се објават на интернет страницата.

 

5.         Информации за контакт

Ако имате какви било прашања во врска со обработката на вашите лични податоци или оваа Политика за приватност или сакате да ги реализирате Вашите права како субјект на лични податоци, Ве молиме контактирајте не преку праќање електронска порака до [email protected]

 

Оваа Политика за колачиња стапува во сила на [04.10.2021]

Назад