Кредитна историја

  • Со цел за одобрување на сите идни кредитни изложености во Финансиското друштво ФИНМАК ДОО Скопје, изјавувам дека сум запознаен и согласен Финансиското друштво ФИНМАК ДОО Скопје (во понатамошниот текст: "Кредиторот”):
  • Да добива извештаи за состојбата на моите обврски по кредити, гаранции, акредитиви, заеми, платежни картички, финансиски лизинг, осигурување, обврски по основ на даноци, обврски за телекомуникациски услуги, обврски за услуги од областа на енергетиката, комунални давачки, такси, придонеси, обврски по основ на користење на други услуги, податоци за секоја блокада и деблокада на (трансакциска) платежна сметка во реално време, како и други податоци од јавни книги и регистри и други јавно достапни податоци, исклучиво за горенаведената цел и за целoто времетраење на истата. Согласноста се однесува на добивање на сите видови извештаи кои се изготвени согласно Законот за кредитно биро: Извештаи за кредитна анализа – Кредитен извештај и Извештај за кредитно рангирање и сите идни извештаи што може да бидат изготвени од Македонското кредитно биро.                                   
  • Запознат/a сум дека: 1. МКБ може да подготви и достави извештај на Корисник на податоци само со моја претходна писмена согласност. 2. Имам право на увид во податоците кои се водат во МКБ, како и да ја оспорам точноста и целосноста на кој било податок содржан во извештајот. 3. МКБ не сноси одговорност заради податоците содржани во извештајот или за каква било неповолна активност преземена од Корисникот на податоците спрема мене, заснована целосно или делумно на извештајот, освен во случај на доставување на лажни информации со цел да ми наштети мене или на давателот на податоци или на корисникот на податоци. 4. МКБ ги брише моите податоци по изминување на 5 години од исплата на обврската или затворање на сметката. 5. Имам право со писмена изјава да ја повлечам оваа согласност кај корисникот на податоци кај кого е дадена согласноста за изработка и доставување на извештаи од страна на МКБ. Писмената изјава за повлекување на согласноста има дејство од моментот кога е примена од корисникот на податоци.
  • Да врши проверка на веродостојноста и трансакциската сметка која ја доставувам во КИБС (Клириншки интербанкарски системи).
Назад