Тиго Финансиски речник

Добредојдовте!

Започнуваме интересен проект, со кој се надеваме дека ќе ви помогнеме да ги подобрите и унапредите вашите познавања за финансиите.

Во текот на следните неколку месеци, секој петок, виртуелниот лик Ведран ќе ви претставува одреден финансиски поим или фраза од областа на финансиите, доближувајќи ви го поблиску светот на Финтек индустријата, финансиските друштва и воопшто финансиите. Следете нѐ!

 



 

Лекција 3: Што е микрофинансирање?

 

Микрофинансирањето e финансиска услуга која им се овозможува на индивидуални субјекти кои од различни причини немаат или пак имаат ограничен пристап до традиционалните финансиски услуги да ги пресретнат и задоволат своите финансиски потреби во моментите кога тоа ним им е најпотребно на брз, ефикасен и безбеден начин. 

Иако префиксот е -микро-, сепак улогата на микрофинансирањето е навистина голема за економијата, бидејќи подразбира поддршка  и пристап до финансии за граѓаните или бизнисите тогаш кога ним им е тоа најпотребно, се разбира во согласност со етиката и начелата за одговорно кредитирање.  Станува збор за услуги за кредитирање на индивидуални субјекти на кои им се потребни помали (микро) износи на средства (200, 300, 500 евра) заради различни причини, а кои најчесто излегуваат непредвидено, а кои им се потребни во најкус можен рок, без дополнителни чекања или процедури.

Микрофинансирањето, онакво какво што го знаеме денес, е популаризирано од страна на Мухамед Јунус, добитник на Нобелова награда во 2006 година, а кој беше основач на првата институција за микро кредитирање во 1976 г. во Бангладеш.


 

Лекција 2: НБФИ... Што е тоа, знаеш:

 

За почеток, да дефинираме што всушност претставуваат финансиските институции...

 

Тие се субјекти кои учествуваат на финансискиот пазар и кои посредуваат во понудата и побарувачката на финансиски ресурси.

Постојат голем број институции на финансискиот пазар, кои се развиваат паралелно со неговиот развој. Некои од нив се појавија порано,  како на пример банките и штедилниците, а пак некои подоцна, како што се осигурителните компании, инвестициски фондови, пензиски фондови, финансиски компании и други небанкарски финансиски институции, со главна цел - да го унапредат работењето на финансискиот пазар,.

Небанкарските финансиски институции се релативно млади бизниси, формирани, како што кажавме, да го надополнат работењето на традиционалниот финансиски систем. Според нивната дефиниција, тие ја претставуваат секоја небанкарска финансиска институција која користи технолошка платформа за да позајмува пари, често имплементирајќи алтернативни податоци и аналитики, или било која компанија чија примарна дејност вклучува обезбедување на податоци и аналитички податоци за онлајн кредиторите или инвеститорите во онлајн кредити.

 

Во нашата земја, НБФИ се претставувани од страна на финансиските друштва, како што е Тиго Фајнанс, а токму НБФИ во нашата земја се главниот двигател на индустријата Fintech (прочитајте повеќе за Финтек компаниите во текстот подолу)

 


 

 

Лекција 1: Што се финтек компании?

 

За почеток, што всушност значи Финтек?

Терминот „Финтек“ се користи за опишување нови услуги кои, со користење на напредни и иновативни технологии, ја подобруваат и автоматизираат испораката и употребата на финансиски услуги и се сериозен конкурент на традиционалните финансиски методи во испораката на финансиски услуги.

 

Финтек индустријата опфаќа различни области, меѓу кои се дигиталните трансакции, кредитирање, инвестициско банкарство, управување со инвестиции, лични финансии, B2B, InsurTech, RegTeg.

Категоријата Кредитирање е претставувана од небанкарските финансиски институции, на пример финансиските друштва, и овде, технолошките решенија најостро се рефлектираат во проценката на кредитоспособноста на клиентите. Развиени се сложени алгоритми и модели за бодување, комбинирајќи неколку фактори кои овозможуваат да се анализира однесувањето на клиентите и можноста за отплата на кредитите. Инвестирани се и значителни ресурси во технолошки решенија за услуги на клиентите за услугата да биде брза, удобна, разбирлива и едноставна.

Следствено големата достапност до Интернет, навиките на потрошувачите се променети. Денес, потрошувачите се повеќе одлучуваат да купуваат од далечина, а од овој тренд не е исклучен и пазарот на финансиски услуги. Денес, пазарот на финансиски услуги забележува побарувачка за комплетно нов пристап, бидејќи потрошувачите очекуваат едноставни и лесни за употреба производи, отколку часови поминати во филијали, пополнувајќи куп документи. Ова неизбежно го принудува пазарот на финансиски услуги да се трансформира.

Друг аспект што влијаеше на развојот на небанкарските финансиски услуги е технолошкиот напредок. Предноста на давателите на небанкарски услуги лежи во нивните напредни технолошки решенија што ги прави особено брзи, ефикасни и ажурни. Исто така, нивната компанија култура и став личи на онаа на start-up компании, чиј фокус е на обезбедување на ефикасна услуга и одлично искуство на клиентите, спротивно на глобалните корпорации кои често се вртат околу тешки бирократски процедури.

 

Назад