Кредит за електрични апарати

Ви треба кредит за набавка на нов електричен уред, без калкулации, поени и картички, веднаш? Не грижете се! Тука е Тиго!

 

Ненаменски кредит до 80.000 денари

За набавка на електричните уреди кои толку многу Ви требаат

Едноставно, брзо и ефикасно

Исплата на кредитот за неколку минути и набавка на уредот уште истиот ден!

Можност за отплата на повеќекратни отплати

Поделете ја отплатата на 3 мали месечни отплати!

 

Дојде време по трет пат да се викне мајсторот за машината за перење, шпоретот или бојлерот и вие сфаќате дека повеќе средства сте дале на санација на електричниот уред, одошто би чинело да набавите нов.

Речиси секој од нас се соочил со таква ситуација, но поради разни причини, најчесто финансиски, не дошол „правиот момент“ да се инвестира во набавка на нов уред. Но, како што секогаш си велиме – за сѐ има решение, за овој проблем неговото име е Брз Кредит!

 

Набавката на електричните уреди, најчесто оние кои се со малку повисока цена на чинење, за некого претставуваат дополнителен товар доколку одеднаш е потребна повисока сума на пари, а пак од друга страна, набавката токму на тој уред е неопходна и итна во домот.

 

Затоа, брзите кредити претставуваат одлично решение со кое на многу брз начин, ќе можете да ги имате неопходните средства за набавка на уредот, уште истиот ден и притоа, да не се соочите со потешкотии, бирократски процедура, чекања и документи.

Вие едноставно, ги добивате средствата во кеш или на вашата сметка, и слободни сте да го купите производот од која продавница сакате, кога сакате и како сакате.

 
 

Сведоштва од задоволни клиенти

 

Искра И.

 

Веќе подолго време се подготвував да купам нов шпорет, бидејќи оној што го имав до сега го носев на поправки во четири наврати. И секој пат, проблемот беше различен и сфатив дека досега сум потрошила повеќе од 15.000 денари, многу нервози и секој пат со страв што ново ќе излезе за поправка. Еден ден, забележав промотивна цена токму на шпорет каков што сакам и сфатив дека моето „патешествие“ мора да заврши. Да бидам искрена, не се двоумев многу, и веднаш аплицирав кај вас во Тиго. Парите ги имав на сметка за само неколку минути, и веќе истиот ден се вратив дома со новиот шпорет. Ви благодарам многу што постоите!

Грозданка Д.

 

Од недамна се вселивме во нов стан, па поради бројните трошоци кои ги имав во моментот, ми недостасуваа средства за купување на бела техника и доопремување на дневната и кујната. Не се работеше за којзнае колкав износ, околу 40.000 денари, но навистина немав од каде да ги најдам во тој момент. Но затоа, вие во Тиго, повторно ми излеговте во пресрет и ми помогнавте уште еднаш да ги обезбедам потребните средства.

Љуљета З.

 

Во ист ден ми се расипаа 3 апарати за домаќинстов без кои не можам да си го замислам секојдневието. Беше, нормално, крај на месецот, а платата требаше да ја добијам кон средината на следниот. Реално, не ќе можев да се справам со толкав трошок одеднаш и веројатно ќе требаше да купувам по еден месечно, ако и не и подолго. Знаев дека беше време да се обратам во Тиго Филијалата во мојата населба, бидејќи знам дека таму за 10 минути ќе ги имам парите со мене и ќе можам да продолжам до продавницата и веднаш да си ги купам уредите кои ми требаат.

Назад