Зошто ФИНМАК ДОО Скопје е одговорен кредитор?

 

Да се биде одговорен кредитор е темел на нашата деловна активност како финансиско друштво. Имено, како дел од Асоцијацијата на финансиски друштва на Република Северна Македонија - Тиго Фајнанс своето работење го темели врз одговорно кредитирање на клиентите, како и врз јакнење на финансиските капацитети и финансиското образование на истите.

Нашето деловно работење се темели на нашите вредности: достапност, брзина, транспарентност, доверба, лојалност и посветеност кон клиентите – а преку имплементирање на најдобрите технолошки практики - ние продолжуваме да растеме и созреваме како одговорна финтек компанија која нуди нови иновативни решенија поврзани со секојдневното деловно работење и финансиска едукација на поединците.

Caption

Така, започнувајќи дигитален проект за финансиска едукација на клиентите, ние одговорно и чесно се залагаме за финансиска едукација на истите. Обезбедувањето на надоброто кредитно решение за нашите корисници за тие да немаат големи потешкотии во враќање на кредитот е наш приоритет и етичка рамка врз која го темелиме нашето работење. Нашите кредити ги промовираме вистинито и без двосмисленост што може дополнително да ги доведе корисниците во забуна.

Oд таа причина, а во насока на одговорно кредитирање и едукација за управување со Вашите финансии, во прилог Ви претставуваме неколку корисни совети што треба да ги земете в пред вид пред да аплицирате за кредит:

 

Земете толку колку што Ви е потребно: Не паѓајте во искушение да ја земете максималната сума, доколку не Ви треба. Ова ќе Ви заштеди ризик од отплата на поголеми финансиски средства отколку што навистина можете;

Уверете се дека ќе можете навремено да ги исплаќате кредитот: Пред да го потпишете Договорот за кредит внимателно споредете го износот на месечните рати со Вашите месечни приходи и трошоци, за да избегнете потешкотии при враќањето на Вашиот кредит.

Отплаќајте го кредитот редовно: Покрај тоа што навремената отплата на кредито ќе ви обезбеди спокој, битно е да се знае дека сите што земале кредит во минатото имаат впишана кредитна историја. Колку е таа по уредна, толку е полесна и нашата одлука при секоја Ваша следна апликација за кредит – а се зголемува и можноста за зголемување на вашиот кредитен лимит.

 

Имате потреба од итна финанска помош? Аплицирајте онлајн за кредит од 26.000 до 80.000 денари. Првиот кредит е БЕСПЛАТЕН со 0% камата. 

До нашите услуги, можете да пристапите онлајн или во некоја од 26-те филијали во 19 градови ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 26.000 денари е со 0% каматна стапка.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад