Завршете го месецот без стресови: Совети од Tigo.mk за ослободување од стресот

Soveti za osloboduvanje od stresot | Tigo.mk
Caption

Крајот на месецот, како што е октомври, знае да биде особено стресен, кога покрај со есенската „депресија“ поради намалувањето на денот, малкуте сончеви денови и наглото заладување, принудени сме да се бориме со сите насобрани финансиски издатоци, а платата ретко кога е доволна за подмирување на сите. Тензијата ја зголемуваат и обврските на работа, справувањето со различни човечки карактери на приватно и професионално поле, како и безброј други притисоци кои ги имаме на секој чекор.   

Тиго ви нуди неколку совети за полесно и поуспешно справување со стресот затоа што подолгото занемарување на причините може да бидат опасни и да поттикнат влошување на вашето физичко и ментално здравје.

  1. Идентификувајте ги причините поради кои се чувствувате напнато
    Одвојте време во текот на денот за да направите анализа на сите мали работи кои го расипале вашето добро расположение и ве натерале да излезете од колосек. Откако ќе ги идентификувате причините, справувањето со нив ќе биде многу полесно, ќе имате подготвена соодветна реакција доколку се најдете во слична ситуација и ќе го намали нивото на нервоза следниот пат. На пример, доколку сте личност која не знае да каже „не“, ќе ве натера во следната ситуација кога би се побарало од вас да попуштите или преземете нов товар на свој грб, одлучно образложувајќи ги причините ќе кажете „не“, а истовремено ќе ги задржите и добрите релации.      
  2. Обрнете внимание на вашето физичко здравје
    Велат во „здраво тело, здрав дух“, а духот е токму вашето расположение кое ве движи и води кон нови победи. Токму затоа, потрудете се да обрнете малку повеќе внимание на вашето физичко здравје преку вежби и здрава исхрана. Лесни вежби во дневната соба и здрави оброци во кои ќе вклучите многу овошје и зеленчук се доволни како за почеток. Откако ќе си создадете навика за грижа за сопственото здравје, ќе се мотивирате да истражувате и да внесете новини за да преминете на уште повисоко ниво во грижата за сопственото здравје.    
  3. Планирајте го своето време
    Имањето прецизен план на сите планирани активности и обврски во текот на неделата во значителна мера можат да го намалат нивото на стрес. Успешното менаџирање со времето, имајќи ги предвид своите капацитети, значи приоретизирање на обврските од најбитни кон помалку битни, па така ќе имате време за сè, а луѓето околу вас ќе бидат позадоволни и посреќни затоа што сите ќе добијат делче од вашето време и внимание. На тој начин, инвестирате во позитивните врски со вашите пријатели, кои се секогаш тука да ги ислушаат вашите маки, но и да понудат корисен совет како да се справите со истите.
  4. Одвојте време за нештата кои поттикнуваат позитивни чувства кај вас
    Практикувањето на техники за релаксирање, како јога или медитација, можат да го намалат нивото на напнатост и тензија и да ви помогнат во борбата со стресот. Но, доколку сметате дека не сте човек за тоа, понекогаш и поминувањето време во природа, пешачењето, прошетките и игрите со вашето милениче, гледањето убав филм, подготвувањето нов кулинарски специјалитет или едноставно уживањето со вашите сакани, ќе ве „наоружаат“ со позитивни чувства и подготвеност за новиот стресен предизвик.
  5. Побарајте финансиска поддршка за издатоците за кои платата не стигнува
    Добро е да се има пријател кој ќе понуди финансиска поддршка секогаш кога е потребно. Но, таквите пријатели се ретки затоа што во денешно време речиси секој е со ограничен буџет и води борба да врзе крај со крај. Во тие ситуации, тука е е Тиго.

На 29 локации низ државата и на www.tigo.mk можете да аплицирате за кредит од 2.000 до 100.000 денари, без гужви, без чекање во редици, без нервози, само со лична и без никаква дополнителна документација. Времето од аплицирањето до кеш на рака во Тиго филијалите се мери во минути. Притоа, првиот Тиго кредит со еднократна отплата до 30 дена е со 0% камата, 0 ден. провизија и 0% СВТ односно целосно БЕСПЛАТЕН или колку ќе земете, толку ќе вратите, а доколку ја одберете опцијата за повеќекратни отплати до 24 месеци, првата отплата е БЕЗ НИКАКВИ ТРОШОЦИ, односно се плаќа само месечниот износ на главницата. Повеќе информации за поволните кредити и одговорите зошто Тиго се побрзи од стресот, можете да добиете во филијалите на Тиго блиску до вас или во Контакт центарот на телефонскиот број 13 700.

Не одложувајте, совладајте го стресот уште денес! За да ги почувствувате промените можеби ќе биде потребно време, но секое инвестирање во себе, се исплати, и многу наскоро ќе бидете благодарни вие и вашите сакани околу вас.

Само напред! Стресот ќе биде победен!

Related articles

Назад