Запознајте ја убавината на Неготино и неговата околина низ очите на колешката Александра Пауновска

AleksandraP
Caption

Овој месец решивме да посветиме малку повеќе внимание на Неготино, па  ја замоливме нашата љубезна колешка Александра Пауновска од Неготино, да нè води низ градот и неговата околина, за да дознаеме и да споделиме со вас нешто повеќе за убавината на ова место, кое се протега од двете страни по течението на реката Вардар и зафаќа значителен простор во Тиквешката котлина.

Името на градот датира од античкиот период, кога македонскиот владетел Антигон Гонат, ја формирал малата античка населба Антигонеја, во 3 век п.н.е која била стратешка и добро заштитетна трврдина со импозантни градби, величествени храмови, како и раскошни палати изградени од делкан мермер и камен, за што и денес сведочат огромен број на археолошки наоѓалишта. Антигонеја постоела до почетокот на VI век, се до силниот земјотрес кој го зафатил целото подрачје на денешна Македонија и настрадал заедно со Скупи, Стоби, Хераклеја, Астибо...

Османлиите во времето на своето владеење повторно ја активирале тврдината, затоа што покрај Неготино поминувал патот Скопје-Солун, каде на преминот од Демиркаписката клисура војската наплатувала патарина на трговците кои поминувале по тој пат.

Во 1821 година богатиот Турчин Хаџи Таир-ага Синан во градот изградил саат-кула, џамија и безистен, изработени исклучиво од блокови од кршен камен. За историјата на кулата се уште сведочат натписите над влезот на кулата, напишани на арапски јазик. Како гратче Неготино за прв пат се спомнува во доцниот среден век како занаетчиска населба во кое започнуваат да се развиваат со голема брзина занаетчиството и трговијата со грозје, вино, брашно, волна, па економскиот подем на гратчето кулминира во периодот до Балканските војни.

arh naogjalista
Caption

Неготино својот најголем подем го постигнува во втората половина на 20 век кога и прераснува во модерна градска населба со развиена инфраструктура.

Општина Неготино е под влијание на медитеранска клима, која продира од југ преку Демиркаписката клисура и на континенталната клима од север преку Велешката котлина, па затоа ова подрачје се карактеризира со мали количества врнежи на годишно ниво. Токму поради поволните климатските услови, климата и почвата е идеално подрачје за одгледување на грозје и добивање на вино.

Доколку си љубител на природата, во околината на Неготино покрај реката Вардар има и повеќе мали реки кои ја креираат богатата вегетација околу нивното течение и кои располагаат со повеќе излетнички места. Риболовот е исто така застапен на ова подрачје, па риболовци, спремете се за ловење на: сом, крап, клен, белвица... Повисоките места околу градот ветуваат разладување од летните горештини под дебелите сенки на дабот, габерот, јасенот...Ако пак сте член на некое од ловните друштва, околината располага со: див зајак, еребица, гулаб-гривнаш, дива свиња и лисица.

pejsaz
Caption

Основна стопанска дејност во градот е земјоделството, особено одгледувањето на грозје а исто така застапена е прехранбената индустрија, индустријата за пијалаци и електроиндустријата).

Велат, виното е пијалокот на боговите, со моќ да го возвиши човекот, да им подари ведрина на луѓето и да им ја зголеми дарабата за говорење. Токму во околината на Неготино се наоѓаат неколку приватни винарии и винарски визби, кои не смеете а да не ги посетите доколку ве наведе патот во Неготино. Легендата вели дека во некое дамнешно време во најсушниот регион-Тиквешкиот, имало повеќе вино отколку вода, па секој гостин кој сучајно се нашол на ова место или поминувал во овој дел можел да дегустира од различните видови на квалитетното вино, а уште од античко време, во чест на богот на виното Дионис, се одржувале т.н “Дионисови денови”.

Секако, со производството на вино се организираат и  голем број на  манифестации поврзани со виното.

И кога веќе сме кај  виното и манифестациите во Неготино не смееме а да не ве поканиме на манифестацијата „Недела на виното”, која се организира по повод празникот Св.Трифун-заштитникот на лозјето и на лозарите. Во текот на оваа недела можете да присуствувате на дегустации на различни вина од винариите и винарските визби од целата земја и странство, стручни предавања за сите што би сакале да научат нешто повеќе за виното, промоции, изложби, а целокупниот настан е збогатен со културно -уметничка програма.

Во Неготино во чест на верскиот празник Мала Богородица скоро еден век на 19 септември се одржува познатиот „Неготински панаѓур”. Одвојте неколку дена во овој период, за одблизу да ја почувствувате дружбата на различни генерации, да уживате со староградска музика и чаша вино и да се забавувате со реномирани имиња на нашата естрада кои се дел од манифестацијата секоја година. Ако пак преферирате повеќе да гледате театарски перформанс, можете да се одлучите да гледате некоја од претставите кои ги подготвуваат мали театарски групи, да гледате настапи на жонглери и акробати. Неготинчани ништо не оставаат на случајност, па со огромно задоволство внимаваат да бидат запазени сите детали и се грижат да бидат задоволени различните вкусови на посетителите на манифестацијата и градот.

Во минатото „Неготинската вечер” била позната како „ Боемска вечер”, па меѓу другото се доделувало награда „Боем на годината”.

Оваа манифестација на 20 септември продолжува како „ Манастирска вечер” кога граѓаните на Неготино и неговите посетители го посетуваат манастирот „Свети Ѓорѓи”.

Sv. Georgija
Caption

Во текот на 21-22 септември се спроведува стопанскиот дел на манифестацијата, кога централното градско подрачје е претворено во саем со широк асортиман на производи и е отворен да го пречека сите добронамерни гости и посетители.

Тука некаде колешката Александра ја привршува приказната за Неготино и околината, а  доколку и вие сакате да дознаете повеќе – Александра Пауновска можете да ја најдете во центарот на Неготино, во нашата Тиго филијала, лоцирана веднаш до Градскиот Плоштад.

И не заборавајте, за Вашите финансиски желби тука е Tigo.mk!

 

 

 

Related articles

Назад