ВЕДРАН СОВЕТУВА: 4 начини како правилно да ги менаџирате парите во време на Ковид 19

Правилно менаџирање на финансиите e процес на ‘паметно’ или мудро трошење на финансиите, односно намалување на трошоците и носење на правилни одлуки при купување.

Денес, кога нашето секојдневие е комплетно променето заради појавата на Корона вирусот во светот, ние сме сѐ повеќе свесни дека изборите и навиките кои што ги правиме денес, можат да влијаат на нашата финансиска ситуација и условите во кои живееме на многу подолг рок од оној кој што го имаме искусено во нашето претходно секојдневие.

Caption

 

 

Без разлика со колкава сума на пари располагаме, во време на светска економска криза, мудрото трошење на финансиите е клучна менаџерска вештина која секој од нас треба да ја научи и совлада за успешно менаџирање со буџетот. Правилото е многу едноставно: ‘’Колку поголема сума на финансиски средства вложуваме во непланирани, тривијални и неприоритенти трошоци, толку повеќе време ќе ни биде потребно да постигнеме финансиски баланс, а со тоа ризикуваме да ја нарушиме ликвидноста за многу краток временски период.’’ Но како ефектот на појава на Корона вирусот во земјава влијае врз нашите одлуки при купување во време на светска финансиска криза?

Свесни дека во чувство на страв, паника и недостиг на информираност луѓето прават непромислени финансиски одлуки, нашиот финансиски гуру Ведран, реши скромно да придонесе – подготвувајќи неколку корисни совети кои ќе ни помогнат да ги намалиме трошоците во клучните области и да обезбедиме рационален пристап при купувањето во ова неизвесно секојдневие.

Еве кои се 4-те најголеми финансиски грешки што секој од нас треба да избегнува да ги направи:

1. Не купувајте количински во чувство на страв и паника

Највообичаената грешка која секој од нас ја прави, а е особено изразена со појавата на Корона вирусот во светот, е нерационалното, количинско купување на производи и услуги под дејство на страв и паника. Зошто? Бидеќи кога се плашиме, не му даваме време на умот рационално да донесе одлука дали да купи еден производ наместо друг, а тоа ќе биде скапа грешка во иднина. Во овие моменти, важно е да направиме чекор назад и да ги земеме предвид само оние работи кои ни се неопходни по приоритет.

Екстра совет од Ведран: ‘’Пред да отидеш во маркет или аптека, направи список само од сите оние намирници кои ти се неопходни за функционирање во текот на неделата, како што се леб, млеко, јајца, овошје, зеленчук и сл. Исто така, дади им приоритет на здравите намирници богати со витамини и минерали.‘’

 

2. Преиспитајте си ги своите заштеди

Обидете се да ги преиспитате своите заштеди и видите дали нивното трошење е навистина неопходно, или можете да ги оптимизирате моменталните приходи со моменталните расходи, а заштедата да биде во функција само доколку имате неопходна потреба да ја употребите. Секако, треба да се трудиме да дадеме приоритет на основните трошoци како што се кирија, сметки, храна, трошоци за медицински и здравствени потреби, кредити и слично за да можеме оптимално да раководиме со своите финансии во време на економска криза.


Екстра совет од Ведран: ‘’Само затоа што некои трошоци ги нарековме основни, не значи дека истите не се флексибилни. Исто така следете ги вашите дневни трошоци за да можете полесно да идентификувате како ги трошите парите и каде треба да се направите одредени прилагодувања. ‘’

 

3. Избегнувајте користење на кредитна картичка за дневни трошења

Кога користиме кредитни картички за да покриеме дневни трошоци за сметки, гардероба, храна и слично – ние ризикуваме да оствариме загуба на долг рок, во навистина краток временски период. Плус, бројни студии имат покажано дека луѓето имаат тенденција да трошат повеќе пари кога плаќаат со кредитна картичка, отколку кога тоа го прават со дебитна картичка или кога плаќаат во кеш.

Екстра совет од Ведран: ‘’Потруди се секогаш да имаш кеш финансии во твојот паричник и да го правиш тоа плански, умерено, рационално и одговорно. На тој начин, нема да трошип непотребно, а она што ќе ти остане можеш да го пренамениш за купување на други намирници.’’

 

4. Едноставно, направете финансиски план

Имањето годишен финансиски план ќе ни помогне да се осигураме дека трошењето соодветсвува со нашите приоритети. Исто така, финансискиот план ќе ни помогне полесно да одлучиме кога треба да започнеме да инвестираме во средства за приоритетни работи.

Екстра совет од Ведран: Не грижи се, планот не мора да биде којзнае колку професионален! Напротив. Напиши ги приоритетите за наредната година на парче хартија и започни да запишуваш сума на средства за секој приоритет одделно. На пример: ‘’На месечно ниво сакам да одделам 10% од мојот месечен приход за летен одмор.’’ По овој редослед, продолжи да ги запишуваш приоритетите за сите работи кои ти се тебе и на твоето семејство важни – а јас сум сигурен дека бенефитот ќе почувствуваш за многу кратко време. “

 

Тиго Фајнанс е финансиско друштво кое издава брзи кредити од 2.000 – 60.000 денари на физички лица, граѓани на Република Северна Македонија. Дополнително, во рамките на кредитот, Вие имате опција да го одложите враќањето на кредитот до 60 дена, сега со промотивна акција од -50% помали трошоци за отплата. Исто така, имате опција и за враќање на кредитот и на мали месечни отплати до 12 месеци!

За повеќе информации побарајте нè на 13 700 или користете ги дигиталните канали на комуникација.

Related articles

Назад