Ведран советува: 10 знаци кои ви покажуваат дека умеете паметно да управувате со својот буџет

 

Caption

Секој од нас верува дека успешно управува со своите финансии и буџет. Впрочем, нема подобро чувство од чувството да се биде финансиски сигурен.

Но, како да дознаеме дека вистински добро управуваме со нашите пари?

Дали се вознемирувате кога ќе се појави зборот „буџет“ или сте задоволни со тековната финансиска состојба? Дали сте загрижени поради тоа што заостанувате со сметките или со задоволство го очекувате претстојното патување за кое претходно сте се погрижиле да биде целосно платено? Дали имате повеќе долгови или пак редовно ги подмирувате? Дали се возите во стар и небезбеден автомобил затоа што не можете да си дозволите поправки?

Ако сте задоволни од тоа каде моментално сте финансиски, тогаш мора да правите нешто правилно. Управувањето со парите треба да се гледа холистички, а во теоријата и праксата неколку фактори кои можат да се сметаат за знаци за успешно управување со парите.

Тиго Фајнанс, како одговорен кредитор, член на Асоцијацијата на Финансиски Друштва и компанија која делува во насока на разумно кредитирање и управување со личните финансии, ви споделува неколку знаци дека сте успешни во управувањето со вашите лични финансии.

 

  1. Се грижите да имате постојани приходи - Имате повеќе од еден извори на приход затоа што знаете колку непредвидливоста на работата може негативно да влијае на вашиот живот. Дополнителен приход е важен за вас, па затоа вложувате време и пари на деловни активности кои ќе донесат повеќе пари освен редовната заработка
  2. Имате краткорочна и долгорочна финансиска стратегија - Вие знаете од каде доаѓаат, но, уште поважно, каде одат вашите средства. Поставувате краткорочни и долгорочни цели кои ви помагаат подобро да ги предвидите средствата за блиската, но и подалечната иднина. Вие знаете каде сакате да бидете во следните 1, 2, 5, 10 и 20 години и плански ги планирате Вашите средства
  3. Секогаш знаете колку трошите - Ги следите трошоците за да знаете точно каде одат вашите заработени пари. Свесни сте за вашите навики на трошење, што значи дека имате план за трошење и точно знаете каде одат вашите пари секој ден, недела, месец и година
  4. Можете да ги плаќате сметките и обврските навреме секој месец - Вашиот финансиски план подразбира дека речиси никогаш не сте во заостанати долгови кога станува збор за вашите финансиски обврски. Вашите сметки секогаш ги плаќате навреме
  5. Штедите паметно - Вашите вештини за буџетирање ви овозможуваат да „тргнете“ пари на страна секој месец. И затоа што знаете како да ги следите вашите трошоци, знаете како да ги оптимизирате за да заштедите пари. Штедите паметно, притоа не жртвувајќи ги работите што донесуваат радост и вредност во вашиот живот. Вие не се затворате дома од страв од трошење премногу пари кога излегувате со пријателите, туку наоѓате креативни начини да ги балансирате своите финансиски решенија со вашите комплексни потреби.
  6. Имате фонд за итни случаеви - Поседувате посебен фонд на средства за итни случаи. Имате заштедени пари кои ќе ви овозможат да пребродите период од околу 3 месеци со овие средства.  Иако ова се сценарија за кои не сакаме многу да размислуваме, сепак одредени ситуации можат да ни нанесат неочекуван финансиски удар ако не сме подготвени за нив. Но, ако ефикасно управувате со вашите пари, веќе сте заштитени од итни случаи за „дождливи денови“.
  7. Постојано работите за подобрување на вашата финансиска писменост - Можеби формалното образование не ве научи многу за управувањето со личните финансии, но вие постојано преземате иницијативи за само-образување. Блогови, книги, трендови, интернет лекции – сѐ е во вашиот browser и постојано се едуцирате за подобро управување со вашите финансии. Знаете дека не можете да се потпрете на некој друг освен на самиот себеси да бидете финансиски независни.
  8. Вложувате или инвестирате - Без разлика дали сте во работен однос, постојано инвестирате ресурси и средства во активности кои знаете дека ќе ви обезбедат дополнителни приходи во иднина, како што се инвестиции во недвижности, акции или пак учење нови вештини.
  9. Можете да купите што сакате - Вие сте толку сте добри во управувањето со вашите пари што секогаш имате пари настрана за да ги потрошите на себе и луѓето за кои се грижите. Отворањето на вашите финансиски извештаи не ви предизвикува стрес.
  10. Пензионирањето не ве плаши - Знаете дека сте добри во управувањето со вашите пари кога сте свесни дека средствата од пензијата нема да бидат доволни кога ќе заминете во пензија, па затоа имате доволно заштеди за периодот по пензионирањето.

 

Ефикасното управување со вашите пари ќе направи животот да тече многу поедноставно и дефинитивно, помалку стресно. Затоа, преземете ги првите чекори во мапирање на вашата лична финансиска стратегија, имајќи предвид дека ќе можете да управувате со финансиите подобро од порано.

 

Тиго Фајнанс секогаш стои на располагање вашите финансиски потреби, а до нашите услуги, можете да пристапите онлајн или во некоја од нашите филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути.

 

Related articles

Назад