Тиго за родовата еднаквост - Среќен 8 март!

 

Глорија Штајнем, светски познат феминист, новинар и активист – за женската борба за родовата еднаквост проговори: „Приказната за женската борба за еднаквост не припаѓа на ниту еден феминист, ниту на која било организација, туку на колективните напори на сите оние кои се грижат за човековите права“.

По тој повод, заради едновековната борба на жените за еднаквост, светот традиционално го празнува на 8 март - Меѓународниот ден на жената, каде се слават достигнувањата на жените на политичко, економско и социјално поле, се слави минатото, сегашноста и иднината на сите жени – без разлика на етничката, расната, религиската или националната припадност на жената.

 

Caption

 

Постојат многу начини на коишто можеме да ги прославуваме достигнувањата на жените во општеството. Но, за почеток, да проговориме за подигнување на свеста против пристрасноста, меѓу другото, изразена преку родова нееднаквост на пазарот на трудот.

За жал, во нашата земја (но, и во светот) родова нееднаквост има - жената не е доволно активна на пазарот на трудот, а има и разлика во платите во однос на мажите.

Тиго обрнува особено внимание и активно се залага да придонесе кон намалување на разликите во однос на ‘мажи наспроти жени’’ на пазарот на трудот, но на компаниско ниво.

Во Тиго разбираме дека еднаков свет е функционален свет. И да не бидат само празни зборови, нашиот активен пристап кон поддршката на жените во трудот статистички ќе го докажеме и со бројки.

Дали знаевте дека:

  1. Жени на раководни менаџерски позиции исполнуваат дури 83%, наспроти мажите во истата категорија кои опфаќаат 17% од вкупниот број на менаџерски позиции во компанијата.
  2. Од вкупниот број на вработени во Тиго, 73% се жени, додека 27,7% се мажи.
  3. 72% од вкупниот број на вработени во одделот за грижа на корисници се жени.
  4. 82% од вкупниот број на вработени во одделот за наплата на побарувања во ТИГО се жени.
  5. Од вкупниот број на вработени кои се во директен контакт со клиентите во филијали, 75.5 % се жени.
  6. Oд вкупниот број на вработени во одделот за продажба, 50% се жени.

Ние не препознаваме пол, ние препознаваме компетенции. Нашите компаниски заложби за родова еднаквост во општествени рамки нека претставуваат поттик да придонесеме кон намалување на човековите разлики во општеството, кои меѓу другото, се јавуваат и во форма на родова дискриминација на пазарот на трудот.

Вниманието, љубовта, поддршката и почитта спрема луѓето треба да премине во манир – а не подарок кој се подарува на жените во нашите животи по повод 8-ми март.

Затоа, да ја славиме родовата еднаквост секој ден, правејќи сѐ што е во нашата моќ да предизвикаме позитивна разлика во општеството во целина, во работната организација или во домот.

Затоа што вистинската промена започнува со мали, но значајни чекори.

Среќен 8 март!

 

 

 

Аплицираj за брз кредит од 2.000  до 80.000 денари, лесно, брзо и само со лична карта. Доколку аплицирате за кредит онлајн, Вие можете да изберете дали сакате парите да ги добите на трансакциска сметка или во КЕШ на рака во најблиската Тиго филијала до Вас.

Дополнително, првиот брз кредит до 26.000 денари е со 0% трошоци, односно колку земате, толку враќате! Исто така, имате опција за враќање на Вашите брзи кредити на мали месечни отплати, до 24 месеци!

АПЛИЦИРАЈ ТУКА или во најблиската тиго филијала сега, и добиј одобрување на кредитот за 30 секунди. За повеќе информации во врска со отплатата на кредитот, јавете се на 13 700.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад