Тиго советува - 5 стратегии како до го победите стресот предизвикан од финансиски кусоци

blog-5 strategies

Без разлика дали сте одличен планер на финансиите, или пак се соочувате со потешкотии при планирање на Вашиот буџет, сигурно често Ви се случува да се соочите со стресна ситуација предизвикана од финансиските кусоци. „Финансискиот стрес“ може да произлезе од различни ситуации со кои сме секојдневно опкружени, како непредвидени ситуации поради неодложна поправка на автомобилот, расипан електричен уред и негова замена или поправка, недостаток на средства поради ниски приходи, долгови... Тоа може секому да му се случи, без разлика колку добро управува со своите пари.

Но, уште поважно е дека справувањето со стресните ситуации предизвикани од финансиските кусоци е решлив проблем - само треба да ја одберете вистинската стратегија која ќе ви помогне да го „нокаутирате“ стресот и победнички да излезете од ситуацијата во која се наоѓате. Ви претставуваме неколку стратегии кои може да ги примените за да се ослободите од стресот и да си го олесните секојдневното функционирање.

  • Креирајте буџет

Можеби оваа стратегија сте ја слушнале или прочитале многу пати досега и самата информација за креирање на буџет Ви го надополнува „финансискиот стрес“, но креирањето на буџет е моќна алатка која ќе Ви овозможи да добиете контрола врз финансиите, вашите приходи и трошоци. Постоењето на буџет е всушност поставување на план за трошење кој ќе Ви покаже дали Вашите приходи ги покриваат Вашите непосредни трошоци, и соодветно на тоа, дали е потребна прераспределба и приоретизирање или барање на други начини за покривање на трошоците. Првите неколку месеци на планирање и придржување кон буџетот се најпредизвикувачки, но штом ќе разберете што треба да направите, ќе можете да го намалите времето за планирање, а за возврат, да го намалите времето за да се грижите недостатокот на пари, бидејќи ќе имате појасна слика што треба да направите.

  • Креирајте фонд за непредвидени ситуации

Фондот за непредвидени ситуации е наменет за покривање на неочекуваните трошоци и финансиски непредвидените ситуации. Иако поправката на автомобилот може да биде скапа и стресна, бидејќи најчесто доаѓа неочекувано, знаете дека можете да го искористите вашиот фонд за непредвидени ситуации за да го покриете трошокот, па затоа, стресот ќе исчезне. Исто така, полесно е да ги искористите парите во вашиот буџет на начинот на кој сте планирале ако знаете дека имате фонд на средства за непредвидени ситуации, подготвени да ги покријат неочекуваните ситуации што може да се појават. Градењето на фонд за непредвидени ситуации на почетокот може да изгледа тешко, особено ако се борите да врзувате крај со крај секој месец. Затоа, започнете со ставање на страна на мали износи.

  • Следете го вашиот напредок

Иако ова може да звучи како да не е решение за Вашата финансиска состојба, сепак може да направи голема разлика во количината на стрес што ја чувствувате секој ден.

Пронајдете позитивни аспекти на вашата финансиска состојба следејќи го Вашиот напредок кон Вашите финансиски цели. Гледањето на позитивните аспекти на Вашата моментална финансиска состојба може исто така да помогне во ублажување на стресот. Запомнете, можете да ја промените вашата финансиска состојба и полесно ќе го сторите тоа ако не живеете во вознемирена состојба цело време.

  • Направете промена

Ако имате финансиски потешкотии, станува збор за дисбаланс на состојбата на Вашите приходи, состојбата на Вашите трошоци или комбинација од двете. Ако знаете дека не заработувате доволно пари за да бидете во тек со вашите тековни трошоци, одлучете што можете да направите за да ја промените ситуацијата. Ако мислите дека имате проблем со трошење, тогаш ревидирајте го Вашиот план и буџет, приоретизирајте кои трошоци се навистина најприоритетни, а заборавете на импулсивното купување.  

  • Побарајте финансиска поддршка

Во ситуациите кога недостатокот на финансиски средства Ви предизвикува финансиски стрес, побарајте финансиска поддршка од доверлив финансиски партнер.

Како одговорен кредитор, тимот на Тиго секогаш ги става клиентите на прво место, па затоа, во секое време обезбедува можности за консултација, совет или поддршка при обезбедување на средствата кои брзо ќе го решат „финансискиот стрес“. Аплицирањето е брзо, лесно и едноставно, а одговор на апликацијата се добива за само 30 секунди. По потпишување на договорот, парите можат да бидат на Вашата сметка уште истиот ден или може да ги подигнете во кеш во една од  нашите филијали уште веднаш. Сѐ што треба да направите е да аплицирате онлајн или да посетите некоја од нашите филијали.

Доколку сте нов Тиго клиент - слушнете добро! Првиот кредит со навремена и еднократна отплата за 30 дена е бесплатен, односно има 0% камата и 0% трошоци. Едноставно, колку ќе земете, толку ќе вратите. Ова е одлично решение за сите оние кои што имаат потреба од помали износи и истите можат да ги вратат во брз рок.

Related articles

Назад