Совети кои функционираат - Како финансиски да го „издржите“ најдолгиот месец во годината

 

Дојде и јануари! Нов месец, нова година, нови радости и нови надежи. Нови цели за постигнување кои ги замисливме, а годинава ќе ги оствариме. Како што наумивме, ќе бидеме посвесни за заштитата на нашето здравје, ќе спортуваме повеќе, ќе учиме повеќе, ќе ја подобриме нашата финансиска состојба...

Како „стивнува“ еуфоријата и деновите минуваат, така почнува да се создава главоболката - како финансиски да се „преживее“ најдолгиот месец од годината, сфаќајќи дека сме останале „шворц“ поради бројните претпразнични, празнични и пост-празнични активности и трошоци.

Kako da go izdrzhite januar reformat

Ако се пронајдовте во текстот – не грижете се. Подготвивме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат подобро да се справите со ситуацијата во која се наоѓате. Најдоброто го зачуваме за крај.

Најнапред – направете листа на трошоците кои не можете да ги одложите, како што се неопходните намирници, плаќање на месечните сметки во домаќинството, рати за кредит и сл. и погрижете се тие да бидат приоритет. Потоа

  • Намалете на непотребни намирници

Направете список на намирници потребни за претстојната седмица и купете го единствено тоа што недостасува од листата. Доколку имате деца, можеби би било добро да ги оставите дома со цел полесно да се придржувате до Вашата листа, бидејќи сигурно Ви е познато кога кошничката одеднаш ќе Ви се наполни со гумени бонбони, чипсови и сокови непосредно пред да застанете на касата за наплата. За нив неопходни – но за Вашиот буџет целосно оптоварувачки.  Исто така, одолејте им на промотивните акции за производите кои можеби ќе Ви затребаат во иднина и продолжете кон производот кој сте го запишале во листата. Многу е веројатно дека и следниот месец ќе има  иста или слична акција.

  • Воздржете се од непотребни излегувања

Останувањето дома не само што ќе Ве заштити здравствено од непотребно излегување и гужви, туку и ќе Ви помогне да му одолеете на искушението од непотребниот шопинг и оние „финални распродажби“  низ излозите на продавниците. Дополнително, нема да потрошите пари за транспорт (гориво, такси и сл.). Желбата за излегување во централните делови на градот, заменете ја со долгометражно пешачење или прошетка низ маалскиот парк или кеј.

  • Подготвувајте си храна од дома за на работа

И сами знаете дека брзата храна што ја купувате во близина на Вашето работно место не оди во комбинација со вашата желба за здрава исхрана. Затоа, започнете да си го подготвувате и пакувате Вашиот појадок или ручек дома, со здрави состојки и по Ваш вкус, што секако ќе ве чини многу помалку.  

  • Јануари е совршен месец за тест на вашите вештини за штедење. Колку пати до сега сте сакале да започнете да штедите, но никогаш не сте останале истрајни во тоа? Вистина е дека сите ние имаме позитивен став кон штедењето, но во реалноста ретко на кого всушност му остануваат пари за заштеда. Штедењето започнува во оној момент кога започнувате да градите здрави навики, односно кога Вашите идни потреби стануваат поважни од сегашните. Иако поради празниците, јануари е можеби еден од најнезгодните месеци за почеток за штедење, сепак обидете се. Ако може да се заштеди во јануари, тогаш може и во секој следен месец, нели?

Обидете се да ги примените овие совети уште денес, и на тој начин, помогнете си поглатко да го поминете јануари. Се разбира, ако веќе сѐ од претходно наведеното е дел од Вашето секојдневие, тогаш, Ви го претставуваме и петтиот совет:

  • Попуст до 50% на трошоците за кредит

Предводени од своето мото – Пријател во најпотребните моменти, Тиго повторно ја потврдува својата пионерска позиција кога станува збор за достапноста и пристапот до средства на брз, едноставен и поволен начин. Затоа, сите нови клиенти кои ќе аплицираат за кредит од 2.000 – 80.000 ден., добиваат до 50% попуст на трошоците за кредитот! Дополнително, клиентите имаат можност да ја одберат и опцијата за кредит со повеќекратни отплати на 3, 6 или 12 месеци, при што, избирајќи ја опцијата за повеќекратни отплати на 3 месеци, клиентите добиваат до 20% на трошоците.

Аплицирајте веднаш за Вашиот Тиго брз кредит или јавете ни се во нашиот контакт центар на 13700

Related articles

Назад