Со колегата Александар низ магијата на Тетово, дел 1 - Лешок и Беловишките водопади

web tetovo 1

Во северозападниот дел на Македонија, во подножјето на магичната Шар Планина, сместен е еден од градовите со најбогата историја и традиција - Тетово. Тоа е град кој минал многу етапи низ својата историја. Град богат со своето мултиетничко население, и од тој аспект има и мултикултурни одлики како заедница.

Од многубројните магични места за должно внимание од овој дел на нашата земја, во првиот дел, се посветуваме на откривање на магичниот Лешок и Беловишките водопади.

На само 10 км од градот, се наоѓа селото Лешок и прекрасниот Лешочки Манастир. Манастирот е сместен во прекрасен природен амбиент во областа наречена „Горен Лешок“ во самото село, на надморска височина од 610 метри. Во комплексот се наоѓаат црквите „Св. Атанасиј“ и „Св. Богородица“ кои пркосат со својата неодолива убавина и традиција, со раскошната природа, како и гробот и спомен собата на Кирил Пејчиновиќ кој е еден од најпознатите преродбеници во XIX век. Во манастирските конаци е сместен магичниот параклис посветен на светите Кирил и Методиј, кој достоинствено ја раскажува традицијата на овој регион.

Leshok 1

Комплетното заживување кое е видливо и денес се должи на доаѓањето на Кирил Пејчиновиќ  во 1818 година. Во тоа време Лешок прераснал во книжевен и просветен центар. Манастирските конаци денес се комплетно реновирани, и располагаат со сместувачки капацитети кои се особено погодни за летен манастирски туризам и незаборавни посети на околината, далеку од градската врева.

Leshok 2

На 11 км од село Лешок, нѐ пречекува уште една неизмерна убавина од која застанува здивот - Беловишките водопади т.е Белојшки водопади.

Vodopadi 3

Сместени во месноста позната како Петочко водиче, на околу 750м надморска висина, се бистри првиот и помал Белојшки водопад, кој е вистинско уживање и место кое ќе Ве освои и натера повторно да го посетите. Ако пак сте авантурист, продолжете нагорно низ планината, каде на 1300м надморска височина ќе Ве пречека уште еден, голем водопад, кој во комбинација со недопрената природа, студената и кристално чиста вода која ја распрснува сончевата светлина како волшебни кристали додека паѓаат од височините на Шара, нуди незаборавно искуство.

Останете колку што можете подолго и вдишете го моментот. Ќе се чувствувате како дел од некое магично пространство, каде заборавате на современото живеење.

Vodpoadi 2

Се надеваме дека уживавте во магичните места кои ги истражуваше и опишуваше колегата Александар Видојевски. Доколку сакате да дознаете повеќе – Александар можете да го најдете во центарот на Тетово, во нашата Тиго Филијала лоцирана на ул. 120 бр.2 Градски пазар, спроти Пензионерскиот дом,

 

До следната магија на Тетово, не заборавајте – за Вашите финансиски желби не треба магија. Тука е Тиго!

 

Related articles

Назад