Промена на продуктите кои ги нуди ТИГО!

 

Како одговорна компанија, учесник на финансискиот пазар во Република Северна Македонија, Тиго претпочитува високи стандарди на корпоративно управување и висок степен на етика во работењето, па како резултат на тоа, нашите бизнис активности се темелат на постојани иновации и темелно извршување на тековните задачи и операции и истите се секогаш во согласност со постоечкото и важечко законодавство. Сето ова е со една единствена цел, а тоа е да овозможиме полесен пристап до финансиските средства кои им се потребни на индивидуите во нашето опкружување и општество.

Согласно промените во законодавството кои ќе бидат активни почнувајќи од 08.04.2019 година, нашиот продукт “Кредит на рати” ќе биде привремено недостапен.

Во поглед на постоечките активни кредити на рати, истите нема да подлежат на никакви промени и клиентите ќе имаат можност да ги отплатат на договорениот начин, согласно потпишаниот договор за кредитен лимит и дополнително издадените анекси на истиот.

Промени за новите клиенти 
Почнувајќи од 1-ви Април, новите клиенти ќе имаат можност да аплицираат само за кредит со еднократна отплата. Клиентите ќе имаат можност да подигнат кредит во износ до 25.000 МКД и да ги вратат средствата во рок од 30 дена. Првиот кредит до 17.500 МКД е бесплатен за клиентите и истите ќе го вратат само оној износ кој го подигнале.

Промени за постоечките клиенти 
Започнувајќи од 1-ви Април, продуктот “Кредит на рати” ќе биде привремено недостапен. Доколку клиентот користи и има активен кредит на рати или кредит со еднократна отплата во моментов, отплатата на истиот ќе се одвива на истиот начин како што било претходно договорено, но клиентите нема да имаат можност да користат дополнителни средства од својот кредитен лимит, односно со цел да се земе нов кредит, постоечкиот ќе мора да се отплати. Доколку Вие сте постоечки клиент во Тиго и немате активен кредит во моментов, опцијата за подигнување на нов кредит со еднократна отплата во рамките на Вашиот кредитен лимит Ви стои целосно на располагање. Доколку се решите да подигнете ваков кредит, истиот ќе треба да го отплатите во рок од 30 дена.

Што да очекувате во иднина? 
Тимот на Тиго е комплетно посветен и насочен кон изнаоѓање на нови иновативни решенија со кои би ги унапредиле своите постоечки продукти и би овозможиле подобра услуга за своите клиенти. Нашиот тим веќе работи на идеи за воведување на нови продукти во следниот период.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад