Предлог подароци за овој св. Валентин што гарантирано ќе предизвикаат насмевка

 

valentine blog

Без разлика дали сте во долга љубовна врска или не, празникот св. Валентин се празнува од оние кои што сакаат романтично да го изненадат партнерот по повод празникот на вљубените. А, доколку припаѓате во оние кои сѐ уште не смислиле што да ѝ подарат на саканата личност за Св. Валентин, тогаш овие идеи за подарок ќе ја поттикнат вашата имагинација!

  • Букет рози (За неа)
    Цвеќето (особено црвената роза) е секогаш убав подарок, а за Св. Валентин има посебно значење и е задолжително, барем како додаток на подарокот што сте го намениле. Доколку цвеќето сакате да Ви биде во фокусот на подарокот, одлучете се за букет рози и чоколадо.
  • Ваучер (За неа и за него)
    Подарок ваучерите, освен за родендени, се одличен подарок и за св. Валентин! Денеска можете да подарите најразлични типови на ваучери, како што се ваучери од некој познат моден бренд, ваучери за комплетно спа уживање и разубавување или пак месечни ваучери за спортување. Изборот е навистина голем.
  • Парфем (За неа и за него)
    Без разлика дали купувате подарок наменет за неа или за него, парфемот е универзален подарок со кој не можете да погрешите. Единствено, обрнете поголемо внимание на типот на парфем кој што Вашиот партнер го преферира, како што е брендот на парфемот или пак типот на парфем, како цветен, благ и тн.
  • Накит (За неа и за него)
    Накитот остава впечаток дека на Вас Ви е важен имиџот на партнерот. Доколку Вашата понежна половина знае точно што сака и не се плаши да ја покаже својата елеганција – тогаш бразлетна, ланче или обетки е вистинскиот подарок. Доколку пак Вашата посилна половина е човек кој обрнува навистина големо внимание на неговиот изглед – тогаш кожна алка ќе биде полн погодок!
  • За крај, имајте предвид дека речиси секој од нас повеќе вреднува подароци за кои се вложени труд и внимание при одбирањето, каде се гледа дека некој ја разбира нашата уникатност и ни подарува нешто што одговара на нашата личност и карактер. Па, доколку Вашиот партнер обожува авантури, изненадете го со подарок како возење со хеликоптер, или авантуристичка тура со јавање на коњи. Ако пак Вашиот партнер е спортски тип, одлучете се за подарок ваучер за омилената спортска активност (теретана, пливање, јога...)

Се надеваме дека предлозите веднаш Ви помогнаа и веќе разгледувате колку чини предложениот подарок :)

И не грижете се доколку го надминува Вашиот буџет! За тоа - тука е Тиго! Аплицирајте бесплатно за Тиго брз кредит од 2.000 –80.000 денари, само со лична карта и добијте кеш на рака за 10 минути!

Дополнително, до 14 февруари искористете ги промотивните понуди:

  • До 50% попуст на трошоците за првиот Тиго кредит со еднократна отплата на 30 дена
  • До 20% попуст на трошоците за опцијата со повеќекратни отплати до 3 месеци


АПЛИЦИРАЈТЕ ТУКА или во најблиската Tиго филијала сега!


За повеќе информации јавете се на 13 700.

Related articles

Назад