Пари, купување, празници: Дознајте кои се најефикасните начини да се справите со трошоците во предновогодишната еуфорија

web december blog

И официјално, последниот месец од најнеобичната – 2020 година - пристигна.

Почнуваат да се украсуваат домовите, улиците, и во можеби малку поинаква атмосфера, градот сепак ја живее новогодишната магија и еуфорија. За многумина од нас, празничната сезона носи големи трошоци, особено ако сте од оние кои, понесени од новогодишната магија, често се ранливи на акциски понуди, купуваат импулсивно и без план - а со тоа директно го дебалансираат семејниот буџет.

Свесни дека планирањето буџет за претстојните празници носи нови, дополнителни трошоци, и покрај тоа што одговорно ќе останеме дома и ќе се воздржиме од непотребни излегувања од домот, останува потребата за набавки како се подароци за најдрагите, трошоци за декорации на домот, трошоци за купување на храна, гардероба и сл.

Од таа причина, Ви предлагаме 5 навики кои ќе ви помогнат подобро да управувате со парите во предновогодишниот период.

 

  1. Определете сума за трошење - Започнете со определување на буџет во согласност со вашиот план и паричник. Потоа, направете список со имиња на драги личности за кои што сакате да купите подарок, а веднаш до него запишете го износот кој цените дека е соодветен. Вашата листа  може да вклучува членови на семејството, пријатели и соседи, деловни соработници итн.
  2. Бидете селективни - Доколку веќе сте купиле подарок за некого, тргнете го од листата. Избегнувајте додавање на други личности подароци во последен момент за само да го направите вашиот подарок позначаен.
  3. Направете истражување - Дознајте каде се најдобрите акциски понуди во градот, а за тоа многу ќе ви помогнат и Интернет продавниците. Така, освен што ќе се заштитите и ќе избегнете непотребно излегување од домот, многу е веројатно дека ќе најдете и некои дополнителни попусти за нарачки преку Интернет.
  4. Одолеете му искушението - Колку пати Ви се случило да влезете во продавница со намера да купите еден производ, а излегувате со нешто сосема друго? Затоа, секогаш купувајте го само тоа за кое што сте дошле. Исто така, не им обрнувајте внимание на ситните акциски производи, бидејќи голема е веројатноста истите да се достапни и во некоја друга продавница по уште пониска цена. 
  5. Внимавајте на ситните букви - Трошоците за пакување, декорирање на домот, а вклучително и трошоците за транспорт на подароците се реални трошоци кои што треба да ги земете предвид.

 

Свесни дека планирањето буџет за претстојните празници носи и нови, дополнителни трошоци, како пријател во најпотребните моменти, Тиго Ви нуди брз кредит од 2.000 – 80.000 денари, опција што во голема мера може да Ви помогне да „го преживеете декември“. 

Аплицирате онлајн на www.tigo.mk или во некоја од нашите  Тиго филијали ширум земјата – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш на рака се врши за само 10 минути.
Дополнително, и многу важно, имате опција за повеќекратни месечни отплати до 24 месеци – што само по себе е олеснителна околност особено за Нова Година кога буџетот е оптоварен.

Поминете ги празниците среќни, и весели, онака како што заслужувате!

Related articles

Назад