Остануваме пријател во најпотребните моменти

 

payment extensions

Моменталната ситуација со Корона вирусот во нашата земја, но и во светски рамки, нанесе трајни промени и предизвици врз целокупното општествено, политичко, економско, социјално и здравствено секојдневие на секој поединец. Кризата го менува и допрва ќе го менува светот кој сите го знаевме до пред само три месеци. Но, едно нешто е сигурно – како поединци, сфативме дека можеме да се адаптираме на секакви услови, практично, умствено да еволуираме и излеземе од удобноста на нашата „комфор зона“. Научивме да ги ползуваме придобивките од напредните  технологии, да го планираме подобро нашиот семеен буџет,  да инвестираме во нашето знаење...

И ние во Тиго научивме навистина многу, но и ја потврдивме нашата долгорочна стратегија каде во фокусот на нашите операции се секогаш клиентите и нивните потреби. Како напредна Финтек компанија, која целиот свој Know-how го базира на заклучоци врз основа на анализа на податоци, оваа состојба нам ни потврди неколку клучни работи:

 

Грижата за клиентите останува приоритет бр. 1 

Овој став беше потврден и во секојдневната интеракција со нашите клиенти, кои преку различните канали за комуникација – социјалните медиуми, Чет бот, во филијалите или во контакт центарот, ги адресираат своите прашања и интереси.

Најнапред, се фокусиравме на имплементирање на мерки за највисоко ниво за заштита на здравјето на нашите клиенти и нашите вработени, вклучувајќи заштитна опрема за вработените, средства за дезинфекција и соодветни информации за одржување на безбедното растојание со цел спречување на ширењето на вирусот согласно Владините препораки и насоки.

Ги засиливме нашите напори во мотивирање на клиентите за употреба на дигиталните технологии, нешто што нас и во минатото ни беше водечка предиспозиција на пазарот на финансиски услуги.

Ги советувавме нашите клиенти на сите канали за комуникација за финансиските одлуки кои се однесуваат за моменталната ситуација, но и поважно, како тоа може да се одрази и на иднината во поглед на нивните кредитни обврски.

Останавме на располагање за сите прашања за нашите услуги, останавме пријател во најпотребните моменти за нашите клиенти. 

 

Достапноста на услугите е диктирана од потребите на клиентите

По опсежните анализи на податоците, се увидува дека нашите клиенти сѐ повеќе ги преферираат дигиталните начини за комуникација, но уште повеќе, дигиталните начини за реализација на своите финансиски потреби за аплицирање за нов кредит или отплата на своите кредитни обврски. Тоа ни даде до знаење дека достапноста на услугите на дигиталните канали и физичките точки (филијалите) треба да ги следат овие потреби и следствено на тоа, првенствено следејќи ги потребите на клиентите, направивме преструктуирање на каналите и ги насочивме нашите ресурси кон дигиталниот начин на корисничка грижа за клиентите.

 

Одговорното кредитирање, транспарентното информирање и финансиската едукација се нашите најсилни атрибути

И пред кризата, во текот на истата, но и потоа, остануваме одговорен кредитор, кој во секој контакт со клиентите обезбедува транспарентни информации за нашите услуги, прецизни, брзи и точни информации на секој канал за комуникација.

Една од нашите најзначајни улоги во текот на изминатиот период беше едукативната улога за нашите клиенти во врска со користење на нашите услуги, односно кога е најсоодветниот момент да се земе брз кредит, на кои начини да се отплаќа, за кои потреби треба да се земе, како да се планира семејниот буџет во моменталната ситуација, но и потоа.  

 

Во секој случај, оваа состојба креираше бројни предизвици, но и можности. Да станеме уште подобри и посилни, во опслужување на потребите на клиентите, секогаш во вистинскиот момент, на брз, ефикасен и безбеден начин.

 

 

Related articles

Назад