Одговорно кредитирање – Корисниците се нашиот фокус

 

Нашата компанија е посветена на развивање разумна и одговорна политика за кредитирање на физички лица. Ние дејствуваме чесно, со интегритет и сите корисници ги третираме праведно и одговорно, обезбедувајќи сигурни, општествено одговорни и одржливи практики за кредитирање

Тиго Фајнанс дејствува во најдобар интерес на своите клиенти, обезбедувајќи достапност, транспарентност на условите и поддршка на клиентите доколку тие се соочуваат со тешкотии во отплатата. Го обезбедуваме надоброто кредитно решение за нашите корисници, за истите да можат на полесен начин да го отплатат својот кредит.

 

 

Во насока на разумно кредитирање и управување со личните финансии, Тиго Фајнанс Ви споделува неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да ја донесете одлуката при земање на  кредит:

 

  • Добро преиспитајте ја одлуката: Таа не треба да биде ни пребрза ни спонтана;

 

  • Земете онолку колку што Ви е потребно: Не паѓајте во искушение да ја земете максималната сума, доколку не Ви е потребна. Ова ќе Ви заштеди ризик од отплата на поголеми финансиски средства отколку што навистина можете;

 

  • Уверете се дека можете навремено да го исплаќате кредитот без истиот да Ви претставува товар: Пред да го потпишете договорот за кредит, внимателно споредете го износот на месечните отплати со Вашите месечни приходи и трошоци, за да избегнете потешкотии при враќањето на Вашиот кредит.

 

  • Прочитајте го внимателно договорот за кредит и истиот и разберете целосно: Доколку не разбирате некој дел од договорот, побарајте дополнително објаснување. Со потполно разбирање на условите во договорот за кредит, за Вас нема да има никакви изненадувања подоцна.

 

  • Отплаќајте го кредитот редовно: Не само што на тој начин ќе си обезбедите спокој, туку и ќе изградите доверба помеѓу Вас и нашата компанија. Клиентите кои земале кредит во минатото имаат кредитна историја. Колку е таа подобра, толку е полесна и нашата одлука при секоја Ваша следна апликација за кредит!

 

Тиго Фајнанс е член Асоцијацијата на Финансиски Друштва, и се залага за одговорно кредитирање, со цел долгорочна соработка, позитивна оценка од страна на потрошувачите и институциите за регулирање на пазарот, како и повисоко ниво на заштита и јасни правила на соработка со клиентите. Со потпишување на Кодексот за добра пракса, нашата компанија се здоби со ознаката за сообразност  – „Одговорен Кредитор“

 

Related articles

Назад