Нова кампања: За твоите желби не треба магија! #тукаетиго

 

На ТВ и радио станиците деновиве сигурно сте го забележале секогаш препознатливото лице и глас на актерката Тања Кочовска, во улога на шалтерски работник во агенција за вработување и нејзиниот „дијалог“ со златна рипка.

Имено, секому позната по својата моќ – златна рипка која исполнува три (3) желби, овојпат е оставена без „работа“ бидејќи кога станува збор за исполнување на финансиските желби на граѓаните, таа има сериозен конкурент.

И, како што вели и самата приказна, пораката е повеќе од јасна – За твоите финансиски желби не треба магија! Тука е Тиго.

Целта на оваа кампања е на интересен и уникатен начин да се долови суштината каде да се обратите кога ви се потребни брзи финансиски средства.

Погледнете го новото видео од кампањата: 

 

 

До услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk, или во некоја од 26-те филијали, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговори на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 26 илјади денари е со 0% каматна стапка. Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад