На барање на клиентите: Од сега кредит во Тиго и до 80.000 денари

 

Следејќи ги потребите и барањата на граѓаните, од денеска, клиентите можат да аплицираат и за повисок износ за кредит во Тиго Фајнанс, односно наместо до 60.000 денари, од сега на клиентите им е на располагање опцијата за повисок лимит до 80.000 денари, под истите услови како и досега.

„Зголемувањето на лимитот на максималниот износ на кредит во Тиго доаѓа како одговор на барањата на клиентите на кои им е потребен поголем износ на средства за задоволување на нивните финансиски потреби. Со ова, Тиго уште еднаш потврдува дека клиентите и нивните потреби се секогаш во фокусот на нашето работење и на нив ја темелиме нашата стратегија за понуда на дополнителна вредност, високо корисничко задоволство и највисоко ниво на транспарентност“, изјави Филип Димитровски, Главен извршен директор на Тиго Фајнанс.

До услугите на Тиго Фајнанс клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk, или во некоја од 26-те филијали ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговори на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 20 илјади денари е со 0% каматна стапка.

Тиго е член на Асоцијацијата на финансиски друштва, чии членови со потпишувањето на Кодексот за добра пракса и формално се обврзуваат за одговорно кредитирање и обезбедување на повисоко ниво на заштита на клиентите.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад