Лето е! Време е за освежување на домот!

home renovation

Помина многу долго време од последното реновирање на домот, нели? А ситуацијата со пандемијата и затворањето во домовите ги извади на виделина и најситните детали кои не сте ни ги забележувале досега. Како на пример дека плочките во бањата се напукнати на неколку места, кадата е за’рѓана, а туш батеријата непотребно капе и троши вода. Во дневната соба ѕидовите се веќе посивени и белото не е веќе бело, а во кујната, ѕидот околу шпоретот сведочи за многу специјалитети досега подготвени. Паркетот во ходникот е подигнат и крцка, а вратата од спалната може да се откачи и падне во секој момент затоа што шарките се разлабавени. Ова е веќе стресно за читање, а помислата дека тоа е реалноста која ја имаме дома, ни прави финансиски стресови поради кои реновирањето постојано го одложуваме.

Но, можеме да се сложиме дека нема повеќе простор за одлагање и дефинитивно е време за освежување на домот, а токму летото е совршено за тоа! Меѓутоа, од каде да се почне и што да се направи за целиот процес да помине што „побезболно“? Во продолжение споделуваме неколку совети на кои детали треба да обрнете внимание во процесот на подготовка со цел реновирањето да ви биде уживање.

  1. Направете временски и финансиски план – Пред да почнете со реновирањето многу е важно да имате прецизно изготвен план. Без план, целиот процес може да се претвори во ноќна мора, како и да западнете во непланирани трошоци и долгови. Изготвувањето на планот може да биде и можност за зацврстување на врските во семејството. Соберете го семејството и дискутирајте за приоритетите, желбите и можностите за реновирање затоа што домот им припаѓа подеднакво на сите. Секој член, давајќи придонес во планот за реновирање остава свој печат во конечниот резултат, но и добива чувство на припадност и домот го чувствува како свој. Во прецизниот план предвидите го периодот на реновирање кој ќе им одговара на сите. Поради прашината, буката, нередот и фреквенцијата на мајстори, не е баш удобно да се живее во простор кој се реновира. Токму затоа, би било најдобро да се договорите децата да отидат на летен одмор или пак сите заедно да отидете на краток престој кај дедо и баба. Во планот предвидите ја и финансиската рамка во која ќе се движите за време на целиот процес на освежување на домот, на тој начин намалувајќи го бројот на непредвидени издатоци.
  2. Истражете - Во подготвителниот дел, пред почетокот на реновирањето, истражете ги добро и цените на материјалите, елементите, алатите, услугите и расположливоста на мајсторите за секоја работа поединечно. Имајте предвид дека денес многу е тешко да се најде добар мајстор и дека вообичаено треба да го договорите барем еден месец однапред! Дополнително, доколку планирате и проширување на некоја од собите и рушење на ѕидови, побарајте го планот на објектот во кој живеете и испитајте кои се носечки ѕидови во просторот за да не ја нарушите статиката со рушење на некој од нив.
  3. Скицирајте - Кога веќе ќе имате појасна слика за можностите и рамката во која можете да се движите со реновирањето, повикајте архитект или едноставно сами искицирајте ги желбите со кој дел од домот што сакате да направите, па дури и можете да ги исечете сликите од списанијата за ентериерно уредување кои ви „фатиле око“. Имањето скица и детален приказ во голема мера ќе им олесни на мајсторите кои ќе ги ангажирате да го постигнат токму она што го сте го замислиле и побарале од нив.

Кога веќе ќе го имате детално испланирано и скицирано целиот проект за реновирање на домот и ќе ги имате договорено сите мајстори за сите репарации, можете да се впуштите во акција и да започнете со пазарување на сите потребни материјали, елементи и алати кои ќе ви бидат потребни.

Токму за овој дел на располагање ви стојат Електрометал, каде во 11 маркети низ државата можете да најдете над 60.000 производи за домот, како електрика, бои и лакови, водовод, санитарија, плочки, алати, бела техника, грејни тела итн. Го најдовте местото каде има буквално сè за домот, а каде да ги најдете средствата кои ви недостасуваат за реализација на сите желби од планот? Тука е Тиго, кој во маркетите на Електрометал во Маџари, Карпош и Драчево, со свои филијали ви нуди пристап до финансиски средства до 80.000 денари за секој финансиски кусок. Дополнително олеснување претставува и тоа што секој прв Тиго кредит со навремена и целосна еднократна отплата до 30 дена е целосно бесплатен односно со 0% камата, 0 ден. провизија и 0% СВТ, а аплицирањето е само со лична карта!

На тој начин, пазарувањето за освежувањето на домот е безгрижен процес за кој ви се потребни само добар план и супер расположение, а за остатокот тука се Тиго и Електрометал, пријатели на домот и буџетот.

Related articles

Назад