Какви бенефити носи изборот на подолг период на отплата?

 

Капиталот е ограничен ресурс, а не сите трошоци можат навремено да се предвидат. При потребата од брз пристап до пари навистина е важно Вашиот буџет да биде помалку оптоварен.

Со цел на олеснување на начинот на отплата, се нуди опцијата за повеќекратни плаќања, при што кредитот се отплатува на повеќе мали месечни отплати.

При изборот на овој вид на плаќање, постојат одредени бенефити и тоа:

 

  • Вашите месечни отплати ќе бидат пониски: Колку е подолг рокот на отплата на кредитот, толку пониски ќе бидат месечните исплати.

 

Caption

 

  • Имате поголема флексибилност: Само затоа што избирате подолг рок на отплата, не мора да значи дека дека во првично избраниот период мора да ги отплатите сретствата. Во секое време може да направите дополнителни плаќања ако имате резервни пари за тоа. Остварувањето на дополнителни плаќања кога сте во можност, може да ве приближат до бенефитите кои ги имаат кредитите со еднократна отплата. Возможни се уплати за неколку наредни месеци во исто време, како и предвремено затварање на долгот при што се покрива цел долг наеднаш, се намалуваат трошоците за останатиот период, а се калкулираат само оние на денот на уплатата. Редовните плаќања на месечните отплати, ќе ви помогнат да ја изградите вашата кредитна способност.

 

  • Вашата готовина може да ја користите за други цели: Бидејќи вашите месечни отплати се пониски за кредит со повеќекратни плаќања, истиот ви овозможува повеќе простор за располагање со вашиот буџет. Можеби ви е потребен екстра кеш за други важни цели, на пример, доколку имате друг долг за отплата како кредитна картичка, има смисла да изберете кредит со подолг рок на отплата и пониски месечни плаќања за да можете да ги пренасочите вашите пари.

 

Овие бенефити мора да бидат внимателно разгледани при земање на кредит со подолг рок на отплата. Доколку немате голем резервен паричен фонд и имате други важни финансиски потреби, истите ќе ви помогнат полесно да ја донесете одлука за овој вид на кредит.  

 

До нашите услуги, можете да пристапите онлајн или во некоја од 26-те филијали во 19 градови ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 26 илјади денари е со 0% каматна стапка.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад