Како правилно да управувате со Вашиот кредитен долг?

 

Општо познато е дека планирањето на финансиите однапред може да ни помогне да не се доведеме во ситуација да имаме поголеми/повеќе кредитни долгови од она што можеме да поднесеме. Но што е кредитен долг?

Кредитен долг е вкупната сума што кредитобарателот ја должи кон доверителот, врз основа на договор за кредит помеѓу двете страни. Поради различни причини, постојат ситуации кога клиентот не може навремено да ги исплати своите обврски, па се доведуваат во ситација нивниот кредит да биде ставен во категоријата на ''лош кредит''. Имено, за еден кредит да добие епитет лош треба неговиот корисник подолго време да не ги подмирува обврските по истиот (рата или камата).

На крајот на денот, без разлика за колкав долг станува збор, јасно Ви е дека треба да продолжите со плаќањата на ратите за да бидете сигурни дека сумата која ја должите нема да ја надмине однапред договорената граница. Од друга страна пак, кога имате поголема сума на кредитен долг, од вас се очекува да вложите повеќе напори за навремено да го исплатите долгот.

Caption

 

 

Од таа причина, тимот на ТИГО Фајнанс и Ведран Ви предлагаат 5 совети кои ќе ви помогнат како полесно да управувате со Вашите долгови.

 

1. Водете сметка каде и колку точно должите

Направете список на сите ваши долгови, а во списокот вклучете го доверителот, вкупниот износ на долгот, износот на месечната рата и датумот на доспевање на ратата.

Исто така, обидете се да побарате од доверителот и извештај за кредит за да го потврдите вкупниот долг на Вашата сметка. Целта на работата со извештаите е да ја видите поголемата слика во однос на тоа колку должите.

 

2. Плаќајте ги навремено сметките

Јасно е дека со секое доцнење на плаќањето на ратата за кредит, Вие се повеќе го отежнувате исплаќањето на вашиот моментален долг. Доколку доцните два месеца по ред, и трошоците за камата би можеле да се зголемат.

За да не дојде вакви ситуации, наш совет е да си подесете календар со датуми во Вашиот смартфон, со цел да Ве потсетат неколку дена пред истекот на рокот на отплата на ратата на кредитот. Исто така, доколку од некоја причина доцните со рокот на отплата на ратата не чекајте до следниот датум. Наместо тоа, испратете ја вашата исплата веднаш штом ќе се сетите на неа.

 

3. Направете минимално плаќање

Токму така, доколку не можете да ја исплатите цела сума на ратата, барем направете минимална уплата. Се разбира, минималната исплата нема да ви помогне да остварите вистински напредок во исплатата на вашиот долг, но го намалува и го одржува долгот во добра состојба (кредитот нема да влезе во категоријата на ''лош кредит'')

 

4. Одлучете кој кредит ќе го исплатите прво

Исплаќањето на долгот, првенстевно на Вашата кредитна картичка (и) е најдобрата стратегија затоа што, вообичаено, кредитните картички имаат повисоки каматни стапки од класичните кредити или брзи кредити. Но како да знаете на кој кредит треба да дадеде приоритет на исплата? Многу едноставно! Оној со највисока камата треба да добие приоритет на отплата затоа што истиот Ве чини најмногу пари. Користете го вашиот список на долгови за да дадете приоритети и ранг на вашите долгови според редоследот на кој сакате да ги платите. 

 

5. Поставете месечен буџет за да ги планирате трошковите

Поставувањето однапред определен месечен буџет ќе Ви помогне да имате доволно пари за да ги покриете месечните трошоци. Исто така, планирањето однапред ќе Ви помогне да  се осигурате дека ќе имате пари и за планирање на други, дополнителни активности во месецот.

 

Доколку имате финансиски потешкотии и не можете да ги вратите долговите, можете да ни се обратите a ние ќе се обидеме да Ви помогнеме! За повеќе информации побарајте нè на 13 700.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад