Дознајте како да се ослободите од финансиските стресови со Tigo.mk

landcape
Caption

Доколку и Вие сте од оние на кои што секогаш им недостига уште мноооогу малку до крајот на месецот, тогаш сигурно знаете колку сериозно еден финансиски непредвиден случај може да го дебалансира месечниот буџет, а со тоа да го одложите плаќањето на други неодложни месечни трошоци. 

Всушност, доволно е да се случи некој технички проблем со автомобилот, да пристигне неочекувано висока сметка или стотици други ситуации кои можат да Ве вознемират и да Ви создадат стрес. A кога тоа се случи, наоѓањето на брз и ефикасен начин на финансирање најчесто е многу тешко, особено кога треба да барате пари од пријател или да чекате (и платите!) одобрување на кредит од традиционални финансиски институции.

За жал, месечниот буџет на многу семејства е ограничен, а не сите трошоци можат навремено да се предвидат. Тогаш доаѓа стресот, па затоа, при потреба од брз пристап до пари навистина е важно да имате на кого да се потпрете.

За среќа, брзи и едноставни алтернативи за аплицирање за кредити постојат и истите Ви овозможуваат да добиете кеш на рака за 10 минути. Враќањето на средствата (најчесто) е во рок 30 дена - а истото може да биде еднократно или повеќекратно на мали месечни отплати, со можност за продолжување на рокот на отплата.

Како Тиго може да Ви помогне при справувањето со стресот поради финансиски причини?

Како пријател во најпотребните моменти, се трудиме да излеземе во пресрет на клиентите кои навистина имаат потреба од финансиски средства. Затоа, во Тиго овозможуваме едноставни начини за аплицирање, во зависност од преференциите на клиентите и тоа: директно, во една од нашите филијали ширум земјата или пак Онлајн, преку нашиот вебсајт.

Доколку се одлучите да аплицирате за кредит во филијала, со себе треба да понесете валидна лична карта или пасош и тоа е сè! Доколку се одлучите да аплицирате онлајн, од удобноста на својот дом, сè што треба да направите е да ја пополните оваа брза и едноставна онлајн апликација, а парите да ги добиете веднаш на Вашата трансакциска сметка.

Дополнително, само во Тиго - првиот кредит со еднократна и навремена отплата до 30 дена е бесплатен или едноставно кажано - колку ќе земете, толку ќе вратите!

Дополнително, нудиме можност за плаќање на кредитот на мали месечни отплати до 24 месеци. Доколку од било која причина задоцните со плаќање на кредитот, Ви нудиме можност за продолжување на рокот на отплата до 30 дена. За повеќе информации во врска со продолжување на рокот на отплата, побарајте го контакт центарот на 13 700.

 

Аплицирајте веднаш

Related articles

Назад