Академската година започнува наскоро. Дали сте подготвени?

Kredit bez granici Studenti blog 1200x600
Caption

Одлуката за стекнување високо образование е навистина голема и важна. Запишувањето на факултет, магистерски или пак докторски студии, во денешно време е амбиција на многу млади, но, понекогаш, трошоците за студирање може да претставуваат пречка во реализацијата на зацртаните планови и стресови како за студентите, така и за родителите. Покрај трошоците за школарина, почетокот на новата академска година значи одвојување и екстра финансиски средства за книги, стручна литература, сместување, нова гардероба, превоз, а за сите бруцоши многу често, тоа значи и почеток на сосема нов независен живот.   

Затоа, тука е Тиго да ја обезбеди соодветната поддршка за младите умови во државата, на кои, обезбедувањето на финансиите потребни за студентскиот живот претставуваат потешкотија. Можност за аплицирање за студентски кредит на Тиго имаат сите државјани на Македонија со наполнети 18 години, само со лична карта или пасош, без друга дополнителна документација и без жиранти. Аплицирањето за кредит од 2.000 до 80.000 денари е достапно онлајн на www.tigo.mk или во некоја од 29-те Тиго филијали низ државата под целосно транспарентни и поволни услови.  

Парите се добиваат веднаш во кеш во филијалите на Тиго или на трансакциска сметка, а отплатата клиентот може да одбере да биде на начин и со динамика која најмногу му одговара, односно со еднократна отплата до 30 дена, или пак на повеќекратни мали месечни отплати на 3, 6, 12, 18 или 24 месеци.

За сите нови студенти супер придобивка која ја нуди Тиго претставува и тоа што првиот кредит со еднократна отплата до 30 дена е целосно БЕСПЛАТЕН, поточно, со 0% камата, 0% трошоци и 0% СВТ. Додека пак, за сите нови клиенти кои ќе ја одберат опцијата за кредит со повеќекратни отплати до 24 месеци, Тиго воведе нова уникатна понуда со која првата месечна отплата е без камата, без провизија и БЕЗ НИКАКВИ ТРОШОЦИ и за неа се плаќа само месечниот износ на главницата.

За повеќе информации поврзани со студентскиот кредит и поволностите кои ги нуди Тиго, на располагање стои Контакт центарот на Тиго на телефонскиот број 13 700 и секако експертите за кредитирање во филијалите низ државата.

Со поддршката од Тиго, стресовите поврзани со обезбедување финансиски средства за новата академска година исчезнуваат, а на студените им останува да се посветат на својот напредок во образованието и освојувањето нови академски врвови!

Студенти, со лесно!   

Related articles

Назад