10 основни правила за полесно управување со парите

 

Да се биде добар во раководењето со пари е од суштинско значење за водење на финансиски здрав живот. Тоа е важен предуслов доколку сакате да ја подобрите вашата кредитна историја или пак да излезете од долг. Управувањето со пари е процес на буџетирање, заштеда, инвестирање, трошење или надгледување на користењето на капиталот на една личност.

 

 

Тиго Фајнанс, како одговорен кредитор, член на Асоцијацијата на Финансиски Друштва и компанија која делува во насока на разумно кредитирање и управување со личните финансии, ви споделува неколку основни правила со кои ќе бидете во можност полесно да управувате со вашите пари:

 

  1. План. Планирајте за иднина, големи набавки и периодични трошоци.
  2. Поставете финансиски цели. Одредете кои се вашите финансиски цели на краток, среден и долг рок.
  3. Знајте ја вашата финансиска состојба. Одредете месечни трошоци за живот, периодични трошоци и месечни исплати на долг.
  4. Развијте реален буџет. Следете го вашиот буџет многу внимателно. Оценете го вашиот буџет и споредете ги реалните со планираните трошоци.
  5. Не дозволувајте трошоците да ги надминуваат приходите. Избегнувајте да отплаќате само минимум на кредитната картичка, обидете се да платите повеќе.
  6. Штедењето е добро. Заштедете за периодични трошоци, како што се нега и одржување на домот. Заштедете 10 до 15 проценти од вашиот нето приход. Акумулирајте од три до шест месечни плати во фондот за итни случаи.
  7. Платете ги сметките навреме. Одржувајте добар кредитен рејтинг. Ако не сте во можност да ги платите сметките според договореното, контактирајте со вашите доверители и објаснете ја состојба во која се наоѓате.
  8. Разграничете ја разликата помеѓу потребите и желбите. Најпрво водете сметка за вашите потреби. Парите треба да се потрошат за желбите само откако ќе бидат задоволени потребите.
  9. Користете го кредитот мудро. Користете кредит за безбедност, практичност и планирани набавки. Одредете ја максималната сума што можете да си ја дозволите при подигнувањето на кредит. Кредитните исплати не треба да надминуваат 15 до 20 проценти од вашиот нето приход. Не позајмувајте од еден кредитодавател за да платите друг.
  10. Водете евиденција за дневните расходи. Следете ги вашите дневни трошоци за да можете полесно да идентификувате како ги трошите парите и каде треба да се направите одредени прилагодувања.

 

Ова се неколку едноставни и лесни чекори што можат да ви помогнат полесно да ги менаџирате вашите пари и да заштедите што повеќе за иднината. Разумното управување со парите и внимателното буџетирање може да допринесат за правилно распределување и раководење со сопствените пари.

 

До нашите услуги, можете да пристапите онлајн или во некоја од 26-те филијали во 19 градови ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – oдговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути. Дополнително, првата апликација е бесплатна, односно првиот кредит до 26 илјади денари е со 0% каматна стапка.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад