Заврти го тркалото и добиј попуст - Правила на акцијата
Финансиското друштво ФИНМАК ДОО Скопје, во период од ден 23.05.2025 година, заклучно со ден 22.06.2025 година, спроведува продажно поттикнување акциска продажба/акција преку маркетинг кампања, која се однесува на кредитниот производ – потрошувачки кредит со отплата на повеќе месечни рати од брендот „Тиго“ за кој договорот за кредит е склучен на далечина.
Акцијата е наменета за сите нови и постојни клиенти, кои аплицираат на далечина за потрошувачки кредит со отплата на повеќе месечни рати од брендот „Тиго“, во период од 23.05.2025 до 22.06.2025 година.
За учество во акцијата, клиентите треба да го завртат тркалото на среќата кое ќе биде прикажано на насловната страна на: tigo.mk
Тркалото на среќата се прикажува на сите посетители на веб-страницата на финансиското друштво во форма на „pop-up“.
По завртување на тркалото на среќата, клиентот добива информација за износот на попустот на каматната стапка на кредитот кој го стекнува и промотивен код кој може да го искористи при аплицирање за потрошувачки кредит на далечина.
Секој клиент може да добие одреден попуст на каматната стапка од потрошувачкиот кредит со отплата на повеќе месечни рати, кој може да биде:
- Попуст од 10% на каматната стапка, или
- Попуст од 30% на каматната стапка, или
- Попуст од 50% на каматната стапка, или
- Попуст од 80% на каматната стапка, или
- Попуст од 100% на каматната стапка
Промотивниот код кој ќе биде добиен при завртување на тркалото на среќата, може да се искористи само еднаш, при аплицирање за потрошувачки кредит со отплата на повеќе месечни рати на далечина.
Секој промотивен код е со еднократна употреба и не може да се комбинира со други понуди или промоции на финансиското друштво.
Сите останати трошоци, провизии и надоместоци поврзани со потрошувачките кредити остануваат непроменети и важат согласно утврдената Тарифа на брендот „Тиго“.
*За дополнителни информации поврзани со акцијата на финансиското друштво, можете да се јавите на 24/7 Контакт центарот на Тиго, на тел. 13 700 или да не’ контактирате преку следната електронска адреса: [email protected]