Правила за учество - ваучер од 1000 ден.

Tigo-Spring-2025-crm
Caption
Финансиското друштво ФИНМАК ДОО Скопје, во рамки на брендот Тиго, во период од 15.05.2025 година до 31.05.2025 година, спроведува друга заедничка понуда односно продажно поттикнување преку маркетинг кампања под слоганот: „Заедно ги прославуваме најрадосните пролетни моменти. Во ред е - Тиго е тука!“.
Сите нови и постоечки клиенти на Тиго кои во горенаведниот период ќе аплицираат за потрошувачки кредит со отплата на повеќе месечни рати, во износ од минимум 30.000 денари, во некоја од филијалите на Тиго и дадат согласност да добиваат пораки за директен маркетинг преку каналите за маркетинг информирање на клиенти на брендот Тиго, ќе добијат подарок – вредносен ваучер во износ од 1.000 денари, се' до искористување на предвидените ваучери.
Вредносните ваучери можат да се искористат кај АНАНАС МК, преку нивната веб-страна: https://ananas.mk/ и кај ДМ Дрогерие Маркт во некоја од нивните продажни места.
Вредносните ваучери се издаваат во печатена форма во филијалите на Тиго и се доделуваат на клиентите кои ги исполниле сите услови согласно овие Правила, во зависност од расположливите количини.
Краен рок на важност на вредносниот ваучер е до 8 септември 2025 година.
Ваучерот не може да се замени за готовина и има еднократна употреба. Финансиското друштво го задржува правото да го намали или продолжи времетраењето на ова продажно поттикнување.
 
*Ова понуда не важи за клиенти кои аплицираат за потрошувачки кредит со еднократна отплата, за апликации чија вредност на кредит е под 30.000 денари, како и за апликации кои се поднесуваат од далечина.
Назад