СОВЕТИ ЗА КУПУВАЊЕ НА BLACK FRIDAY

Повторно е она време од годината, кога се наближува Black Friday и помалку или повеќе кај секој од нас започнува да расте шопинг еуфоријата. Што треба да направите за да го олесните изборот при купувањето на вашите омилени производи  и како полесно да се справите со гужвите на овој голем ден наменет исклучиво за шопинг со поволни попусти.

Направете истражување

Пред да тргнете на долгоочекуваниот шопинг и физички се упатите кон продавниците, најдобро би било да направите истражување за производите преку нивниот веб сајт или онлајн продавница. Информирајте се за производите и направете споредба за цената на производот кој ви се допаѓа во моментот и цената по која бил продаван во претходниот временски период,. 

Пред да се впуштите во еуфоричното купување за  Black Friday, потврдете ја локацијата на продавниците од каде што би сакале да ги купите производите и информирајте се за нивниот квалитет. Најчесто попустите за Black Friday траат ограничен временски период, па за добра организација најдобро е да направите список/листа на производи кои сакате ги купите.

На пример, пронајдете ја продавницата со вашите омилени брендови, или пак најдете нова во која има производи кои ги немате користено претходно, а  сепак би можеле да си купите нешто со намера да пробате нешто ново.

Не велиме дека помалку познатите брендови, секогаш се со лош квалитет и несоодветни, но сепак, постои причина и зошто одредени брендови се користат во домаќинствата, а некои линии на производи се изработуваат еднаш и само еднаш влегуваат во продажба. Затоа, добрата информираност го сведува на минимум ризикот да купите производ со полош квалитет. Особено ако купувате технологија, од особена важност е да го знаете животниот век на производите.

Станете дел од лојалните програми на компаниите

Следете ги социјалните медиуми на вашите омилени брендови, претплатете се за да добивате email известувања, viber пораки, преку кои однапред ќе се информирате за новитетите кај вашите омилени брендови, дали попустите ќе важат само на Black Friday или пак ќе траат и неколку денови порано.

Програмите за картички за лојалност се можеби еден од најефикасните начини, преку кои компаниите им овозможуваат на своите клиенти континуирано да ги трошат своите пари во истите продавници. Во принцип компаниите преку картичките нудат дополнителни попусти и награди на своите клиенти и најчесто промоциите со поголеми намалувања, најпрво ги нудат на своите лојални клиенти.

Картичките со попусти  можете да ги искористите во продавниците за време на Black Friday , но некои компании дозволуваат да се искористат во одреден временски период и откако ќе заврши Black Friday.  Во денешно време картичките за лојалност можете да ги искористите преку апликациите на вашите смартфони.

Проверете ја политиката за враќање на производот

Пред да го купите производот, проверете ја политиката на враќање на производите во продавницата. Најголемиот број на продавници прават замена за неисправни производи или враќање на пари, меѓутоа, за секој случај најдобро е да проверите уште еднаш и да се осигурете се дека вашата продавница ја спроведува истата.

Секогаш проверувајте ја и чувајте ја сметката, согласно законот за потрошувачи и политиката на продавницата, доколку се премислите и сакате да размените некој производ кој веќе го имате купено.

Креирајте буџет за Black Friday шопинг

Предвидувањето на буџетот е можеби и најважниот совет пред претстојниот  шопинг за Black Friday. Попустите знаат да бидат примамливи и лесно да ве наведат на импулсивни купувања. Затоа откако ќе го направите списокот на потребните производи, важно  е да  го одредите вашиот буџет за планираниот Black Friday шопинг  и колку сте подготвени да потрошите. Сепак, доколку ви фати око некој производ кој не бил на вашата листа за купување, а ви прави огромно задоволство и сакате да го имате во својот дом,  потребните финансии може да ги добиете доколку одберете некоја од опциите од понудата на Тиго, кои ќе ви помогнат за едноставно и лесно остварување на вашата желба .

За повеќе информации, побарајте нè на 13 700, во некоја од нашите филијали или на www.tigo.mk

Related articles

Назад