Одблизу со колегата Бојан за одличнaтa понудa од Тигo!

Тиго Фајнанс е одговорна финтек компанија чие деловно работење се темели на вредностите: брзина, достапност и секако посветеноста кон клиентите. Живеејќи ги секојдневно овие вредности, Тиго денес се наоѓа на врвот како најпрепознатливо и најпрепорачано финансиско друштво на пазарот. Остануваме доследни на нашите ветувања кон клиентите во секој контакт со нив, бидејќи обезбедувањето на врвно корисничко искуство и достапност на финансиските услуги на секој граѓанин, на брз, едноставен и транспарентен начин е во нашата ДНК. За тоа сведочи и податокот што над 70% од нашите вработени се во директен контакт со клиентите, подготвени во секој момент да излезат во пресрет на клиентите и да одговорат на сите нивни барања, прашања и потреби.

Континуираното воведување на новитети во работењето на Тиго воедно беше и повод на овој наш разговор со Бојан Јакимовски, кој работи како експерт за кредитирање во  филијалата Тифани, лоцирана во центарот на Скопје. Бојан  е секојдневно е во непосреден контакт со клиентите и ќе ни ги престави новитетите во понудата на Тиго.

3_1
Caption

Што има ново во понудата на Тиго?

Кога велиме „кредити без граници“, ние и навистина го мислиме тоа! Клиентите кои доаѓаат во нашите филијали и со кои сме во секојдневна комуникација имаат секако различни потреби, различни можности и различни очекувања. Некому повеќе му треба помал износ, некому износ до 100.000 денари, некому му одговара опција за отплата на кредит до 30 дена, некому можност за отплата на повеќекратни месечни отплати, некому нешто сосема друго. Е токму затоа, како одговор на различните очекувања, во март годинава да ја претставиме уникатната Тиго Премиум опција, со која одговоривме на потребите на клиентите кои имаат поспецифични преференци за отплатата на кредитот. Станува збор за уникатен модел за отплата на кредит која што моментално е единствена на финансискиот пазар во земјава и можете да ја најдете само кај нас во Тиго.

Тиго Премиум е уникатна опција која може да ја најдете само во Тиго. Креирана е да ги задоволи различните потреби на клиентите, а уникатноста на Тиго Премиум  произлегува од специфичниот начин на отплата на кредитот. Имено, со Тиго Премиум, месечните обврски за клиентот се состојат единствено од трошоците за кредит, додека пак главницата, се враќа во целост со последната месечна обврска, односно по 6 или 12 месеци, во зависност што клиентот ќе одбере.

Оваа понуда е идеално решение за земјоделци кои имаат потреба од финансиски средства, поединци кои работат на нови проекти, т.е на сите клиенти на кои што им се потребни финансии сега во моментот, а очекуваат прилив на средства подоцна.

Секако, покрај Тиго премиум, клиентите ги имаат на располагање добро познатите Тиго Старт кредитот (кредит со отплата до 30 дена) и Тиго Мулти опцијата (можност за отплата на кредит на повеќе удобни отплати до 24 месеци).

Дали за Тиго Премиум опцијата остануваат истите услови за аплицирање или треба да бидат исполнети други услови покрај веќе утврдениот начин за аплицирање за кредити?

Точно, условите за аплицирање за кредити остануваат исти и за Тиго Премиум опцијата како и за останатите продукти на Тиго. Износот на кредитот за кој можат да аплицираат клиентите е од 2.000 до 100 000 денари. Аплицирањето може да го извршите онлајн или да посетите некоја од нашите филијали. Со задоволство можеме да истакнеме дека сме најбрзи во давање на одговор на апликацијата и исплатата во кеш во филијала - клиентот го добива одговорот за одобрените финансиски средства за 30 секунди, а исплатата е подготвена за само 10 минути! Нашата заложба  останува иста и во понатамошното работење, а тоа е да  останеме достапни и флексибилни за нашите клиенти, додека пак брзината со која клиентите доаѓаат до потребните финансиските средства и понатаму да биде главниот фактор кој го прави Тиго број еден на пазарот.

Сè што им е потребно на клиентите при аплицирање за кредит во филијала или на www.tigo.mk  е со себе да понесат документи за лична идентификација, т. е пасош или лична карта. Немаат потреба од жиранти, немаат потреба од дополнително обезбедување на кредитот.

Кои други кредити и опции стојат на располагање за клиентите?

Тиго Старт е кредит со еднократна отплата до 30 дена и е креиран за поддршка при финансирање на краткорочните потреби на клиентите, односно на клиенти кои имаат потреба од точно одредена сума во одреден момент.

На клиентите кои што доаѓаат прв пат кај нас и прв пат ги користат нашите услуги, Тиго Старт кредитот е без никакви трошоци, односно со 0% камата, 0 ден. провизија и 0 денари трошоци – и  тоа колку пати сакаат до 31 мај!

Значи, нема НИКАКВИ трошоци не само за првиот, туку и вториот и третиот и четвртиот и петтиот... и секој следен Тиго старт до 31 мај годинава. Да да -  никакви скриени трошоци, камата, провизии и слично - колку ќе земат, толку ќе вратат.

Оттука, слободно можеме да кажеме дека ја имаме најдобрата понуда за новите клиенти на пазарот и можеме да се наречеме „иноватори“ на термините “0% трошоци”  и бесплатен кредит во финансиската терминологија во Македонија.

За клиентите пак кои сакаат поудобна отплата на повеќе месеци, со мали месечни отплати на 3, 6, 12, 18 или 24 месеци, тука е опцијата Тиго Мулти, при што сумата што ќе ја земе клиентот, заедно со трошоците, ја отплаќа на еднакви месечни рати. Тиго Мулти опцијата е можност клиентот да ги обезбеди потребните финансиски средства, при што ќе ги има средствата веднаш, а ќе може да ги враќа на мали месечни отплати и нема да влијае значително во оптоварувањето на домашниот буџет на клиентот.

Како дополнителна опција која стои на располагање за нашите клиенти е можноста за продолжување на рокот за отплата на кредитот. Во тој случај, клиентите би требало да уплатат провизија за продолжување, со што рокот на отплата за Тиго Старт кредитот  може да се продолжи за 7, 14 или 30 дена, а за Тиго Мулти за 30 дена.

Мислам дека сето ова е многу јасно и недвосмислено познато за нашите клиенти. Бидејќи секогаш нашите кредити ги промовираме вистинито, ја пренесуваме пораката јасно и разбирливо, без двосмисленост што би можела да ги збуни корисниците.

Нашите сегашни и идни клиенти дека можат да нè најдат на 29 локации ширум земјата, работиме секој работен ден вклучително и сабота и спремни сме да излеземе во пресрет на сите клиенти кои имаат потреба од финансиски средства. Исто така, достапни сме на www.tigo.mk 24 часа дневно, 7 дена во неделата, а или пак во нашиот контакт центар  13 700.

 

Related articles

Назад