Креативни идеи за бојадисување и украсување на Велигденските јајца

velidenski jajca 2
Caption

Постојат безброј причини нестрпливо да се очекува најголемиот Христијански празник Велигден, а за креативците и децата главната причина е несомнено, бојадисување и украсување Велигденските јајца. Вековна традиција, чувана од многу генерации со посебна љубов и грижа, велигденската традиција диктира боење на јајцето во црвена боја, но со текот на времето, покрај класичното боење со нутритивните бои, фарбање со луковица од кромид и други слични природни техники кои ги научивме од бабите, се повеќе се развиваат новите техники позајмени од уметноста и преку кои максимално ја изразуваме оригиналноста.

Замислете дека јајцата кои планирате да ги бојадисувате (без разлика дали се готвени, дрвени или стиропор) се вашето платно за сликање, а можностите за креативен декор се бесконечни.

Да, дозволено ви е да ги искористите сите можни техники со кои ќе дојде до израз вашата оригиналност и креативност.

За таа цел, решивме да споделиме неколку идеи, кои можеби ќе бидат корисни за вас, доколку се уште не сте одлучиле како да ги украсите велигденските јајца.

velidenski jajca 1_1

Декупаж

Една од попознатите техники за украсување е техниката - декупаж. Потребен ви е лепак и лак за декупаж и мотиви со кои ќе  ги украсите јајцата. Доколку го правите ова прв пат, најдобро е да се обидете да најдете салфетки со Велигденски мотиви. Исто така потребна ви е помала четка за сликање за да го нанесете декупажот. Пред да започнете, го тргате третиот слој од салфетката и ја лепите, а потоа го ставате мотивот кој треба да биде вашата декорација. Јајцата немаат голема површина, па мотивите треба да бидат што е можно помали. Пред да го залепите мотивот јајцата да бидат варени, чисти и суви. Откако го ставате мотивот, нанесете малку лепило на четката и поминете полека над површината со постепено раширување. После тоа, оставете го лепилото да се исуши.

Водени бои

Овој начин на декорирање е идеален ако сакате да се чувствувате како вистински уметник. Готвените јајца се вашето платно, само што во овој случај нема да бидат за јадење. Површината на јајцето мора секако да биде чиста, а од вас зависи дали сакате да биде влажна или сува. Ако јајцето е мокро, ќе добиете посебни ефекти додека сликате со водените бои, само треба да нанесувате што подебел слој боја и гледајте како боите самите се мешаат. Можете да користите и помала четка за сликање.

Со фломастери

velidenski jajca 5_1

Ова е техника со која  ќе се направат фантастични декорации. Земете во рацете варено или дрвено јајце. На сувата и чиста површина на јајцето, со помош на фломастер исцртајте го и  направете прекрасен цртеж.

velidenski jajca 3_1

Секогаш при изборот на декорацијата бидете слободни да ја искористите фантазијата, да вклучите невообичаени бои, на пример лак за нокти, или пак ставете јајце во парче крпа и украсете го со бои кои вам ви се допаѓаат. Набљудувајте како полека добивате уникатна фузија на бои. Нацртајте некој од омилените ликови од цртаните филмови или пак додадете некои црно-бели орнаменти, точки, кругови..

Можеби сте размислувале да ги направите јајцата да бидат во вид на емотикони -смајли?

velidenski jajca 7_1

Празниците нè зближуваат и несомнено се одличен повод да се собере семејството, а темата на разговор на овие собири најчесто е за тоа чии колачи и велигденски јајца се поуспешни и најубави. А ако примените некоја од овие техники, многумина ќе заклучат дека вашата креативност победила, па можеби дури ќе се согласите да им ги откриете некоја од вашите тајни.

Се надеваме дека ве инспириравме и ви дадовме идеја, па сè што ви преостанува е само да се препуштите на забавата со семејството и заеднички да направите приказна од мотивите на јајцата.

Секако, не заборавајте дека за ваш финансиски партнер секогаш можете да го изберете Тиго, кој е тука за вашите финансиски потреби, за неочекувани ситуации или пак за поголема удобност и може да ви помогне безгрижно да ги поминете празниците.

 

 

Related articles

Назад