Колешката Наџије нè води низ магијата на Дебар и дебарско

nadzije-naslovna-debar
Caption

Колешката Наџие од Дебар, нè води  низ градот и неговата околина, да дознаеме нешто повеќе и да се обидеме одблизу да ја почувствува,е убавината на ова место сместено во Југозападниот дел на Македонија- во познатата Дебарска котлина. Нормално, приказната ќе ја започнеме од историјата и времето од кое постои градот.

Многубројните археолошки и историски истражувања потврдуваат дека името на градот Дебар потекнува од градот Добер и се спомнува уште во петтиот век пред нашата ера, за подоцна во I-от век да се поврзе со племето на Добери (Илирско племе) кои го основале градот под името Добер. Во II-век од нашата ера, Птоломеј го потврдува планот на градот наречен Добер, Доберус или Доборо и неговите жители како добери. Во текот на историјата, Дебар бил дел од Епирското деспотство и Византија, додека во IV век бил под Османската Империја.

nadzije-debar-spa
Caption

Легендите на народните раскажувачи пак, поинаку го толкуваат потеклото на името на градот Дебар: Како прочуен трговски и занаетчиски центар, со многу развиени занаети меѓу кои  кујунџискиот, зографскиот, казанџискиот занает и уште многу други, низ него поминувале луѓе од различни краеви. Трговците патувале по стрмните патишта, со своите коњи натоварени со голем и тежок товар и особено кога се враќале назад во градот додека ги воделе коњите викале „Ди-бре, ди-бре! “. Со текот на времето сите почнале да го употребуваат овој назив, па според легендата од овој назив и го добил името.

Дебар одиграл значајна улога во историјата во регионот, а сѐ до 1912г. важел за еден од најразвиените градови како на економски, занаетчиски, трговски, така и на културен и социјален план. Низ Дебар минувал главниот пат Via Egnatia, па како важен сообраќаен крстопат, бил еден од најголемите македонски трговски центри и имал уште поголемо значење за западната страна на Балканскиот Полуостров.

debar-ba
Caption

Дебарската котлина е опкружена од планините Јабланица, Стогово и Дешат. Силното климатско влијание од Јадранското Море кое се чувствува од запад по долината и течението на реката Црн Дрим, прават климата во градот и околината да има мешовита континентална и планинска клима, со изразени карактеристики на средоземна клима. Зимите во Дебар се одликуваат со обилни снежни врнежи, а поради високите планини, јадранското влијание и постоењето на вештачкото езеро пролетта и есента се одликуваат со голема влажност и врнежи, а летата со пријатна свежина. Низ Дебар минуваат неколку рекички како Вакуфска Река, Бански Поток, Цинцароска Река и водата од овие реки се влеваат во Црн Дрим.

Дебар има уникатна позиција каде што се составуваат живописните кањони на реките Радика и Црн Дрим, пред да се слеат во Дебарското езеро. Оваа глетка плени со својата и неодолива убавина која го одзема здивот со раскошната природа, па ако сте авантурист и сакате предизвици, едноставно, не смеете да ги заобиколите и да испуштите да уживате во прекрасната природа.

За љубителите на риболов пак, Дебарското езеро е одлично место да ја претворат страста за риболов во возбудлива туристичка авантура, каде што ќе можат да ги споделуваат своите впечатоци и техники кои ги применуваат, како и постигнатите  успеси во риболовот.

Дебарското езеро се протега од ХЕЦ Глобочица, по долината на реката Црн Дрим и по долината на реката Радика, сè до бањите „Косоврасти“, и има должина од 22 км и површина 13 км2, а вкупната зафатнина на водата изнесува 520 милиони м3 вода. Водата на Дебарското езеро се користи и за наводнување на ораници преку хидромелиоративниот систем во Дебарското поле.

banjiste1
Caption

Кога сте веќе во Дебар и дебарско, не смеете да пропуштите, а да не ги посетите дебарските бањи „Цапа“ - познат центар за рехабилитација, релаксација и рекреација. Сместени во селата Бањиште и  Косоврасти, карактеристични по термоминералните извори, се вбројуваат  помеѓу најпознатите бањски лековити води за лекување на разни болести. Според направените истражувања, според лековитоста и минералната содржина водите се наоѓаат на прво место во Европа и на трето место светот. Оптималната температура на водите одговара со оптималната температура за човечкото тело од 38 целзиусови степени.

Доколку ја почитувате историјата и традицијата и сакате да бидете дел од безвременска убавина и хармонија кои го достигнуваат максимумот на ова место, повелете на надморска висина од 880 м2 и посетете го Бањиште.

Ако пак сакате да уживате во прекрасниот поглед и високите планини, или пак сте обожавател на долго релаксирачко пешачење по патеките со поглед кон Дебарското Езеро и Шпиље, бањата Косоврасти е идеалното место за вас. Дарувана со вода богата со здравје, векови наназад се поставила како докажано место за лекување на различни болести. Вдишете длабоко, нурнете во магичното пространство и слободно препуштете се на моментот кој ве враќа во времето на мир и спокој во кој ќе заборавите на брзиот и современ начин на живот.

За крајот на ова патување, како специфична карактеристика која секако треба да се спомне кога раскажуваме за  Дебар, е гипсениот релјеф, кој се протега во должина од 9 км. По својот квалитет рудата се рангира меѓу првите во светот, со 99% содржина од чист гипс и квалитет на рудата.

Се надеваме дека успеавме да ви доловиме барем дел од магијата на Дебар низ патеписот на Наџие. А, доколку сакате да дознаете повеќе, Наџие можете да ја најдете во Дебар, во нашата Тиго филијала лоцирана на ул. Братство Единство 1/1-1, главно шеталиште - (спроти шопинг центар Еребара).

До следната прошетка низ убавините на нашата земја, не заборавајте за Вашите финансиски потреби и желби не ви е потребна магија. Тука е Тиго.

Related articles

Назад