КАКО ДА СЕ ПОДГОТВИТЕ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ?

Новогодишните и божиќните празници е период од годината посветен на нашите драги личности кои ни значат и кои сакаме да ги направиме среќни. Скапоцените моменти на радост во кругот на семејството и пријателите се можност да им изразиме благодарност на нашите најблиски за споделеното време и љубов. Празничната магија на убави меѓусебни пораки, плановите за иднина, споделување на среќа, всушност ја создаваат таа посебна топлина и убавина на празниците.

Покрај времето и вниманието кое можеме и треба да го подариме на најблиските, новогодишните и божиќните празници се период на дарување,па би било убаво да ги израдуваме и со некој посебен подарок.

За многумина овој месец на подароци може да им биде стресен и да го доживеат како финансиски притисок, особено помеѓу изборот и купувањето на подароците, патувањето да ги видат семејствата од една страна како и  зголемените животни трошоци, високите сметки во домаќинствата од друга страна.

Но и не мора да биде баш така! Со добро испланиран буџет, се уште можеме сите да бидеме среќни и секако-великодушни.

Сакате да ја направите 2023-та да биде вашата најдобра финансиска година? 

Споделуваме со вас неколку стратегии како подобро да се организирате во пресрет на празниците и да бидете среќни и задоволни.

Најпрвин направете ревизија на  вашиот буџет.

Поради целокупната состојба во економијата, зголемените животни трошоци, првото и најважното нешто што треба да го направите е да го ревидирате вашиот буџет и да направите некои општи прилагодувања, затоа што буџетот што го имавте од пред неколку месеци или пак години повеќе не е соодветен за моменталната состојба. За почеток одберете кои се трошоците кои би можеле да ги откажете или да ги намалите. Понекогаш се дава приоритет на одредени работи кои повлекуваат трошоци меѓутоа не ги користите активно или пак не ви се потребни токму сега. На овој начин ќе можете да ги пренамените средствата за некоја друга обврска.

Доколку пак до сега немате направено буџет, сега е совршено време да го направите, за да ви помогне да останете на вистинскиот пат со сите трошоци овој месец, а воедно и можност за креирање на буџет и финансиски успех за  следната година!

Ограничете ги празничните трошоци

Пред да се впуштите во еуфорично празнично трошење, одделете време за себе и седнете да го прегледате вашиот постоечки буџет, тековните приходи и трошоци, како и финансиските цели кои очекувате да ги достигнете до крајот на годината, за да одредите колку пари ќе одвоите за празничното купување, а при тоа да се чувствувате удобно и релаксирано. Запишете си ја таа сума и ветете си дека тоа е лимитот и дека ќе се воздржите од импулсивни купувања со кои би можеле да ја надминете таа граница.

Знаеме  дека правењето на списоците е малку досадно, но овој процес навистина може да помогне да не го надминете буџетот и секако е сигурен начин за  ограничување на празничните трошоци во однос на бројот на луѓето за кои планирате да купувате подароци, а воедно и потсетник да не заборавите да купите се што ви е потребно. Секако, најдобрите подароци се оние кои ја чуваат вашата финансиска и ментална благосостојба. Затоа доколку имате имате потреба од дополнителни финансии, можете да ја искористите најфлексибилната и најуникатната Tigo Premium опција, која е достапна само во Тиго. Имено, со Tigo Premium опцијата, месечните обврски за клиентот се состојат единствено од месечни трошоци за кредит, додека пак главницата, клиентот ја враќа со последната месечна обврска, односно по 6 или 12 месеци, во зависност што ќе одбере.

Значи, оваа опција ви овозможува да го вратите износот на кредит што сте го земале не за 1, 2, 3, 4 месеци – туку за 6 или 12 месеци. Како што вас Ви одговара!

Понудата е достапна за сите нови и постојни клиенти на Тиго.

Па, сега кога сме спремни, шопингот може да започне веднаш.

Related articles

Назад