Играј „Не лути се човече“

Правила на игра

Играта се состои од табла платформа со полиња во 4 различни бои и 16 фигури.

Според правилата на играта мора да има минимум 2 а најмногу 4 играчи за да започне играта. Играчите се сместени во почетна зона (која се нарекува куќа), а сместена е на левиот агол на таблата/платформата за секој играч одделно.

Се распоредувањето на фигурите секој од играчите треба да има 4 фигури со иста боја

Доколку се само двајца играчи, тие треба да седат дијагонално

На секоја страна на коцката има различен број на точки кои се движат од 1 до 6

Со тркалање на коцката, играчите ги движат своите четири фигури на таблата/платформата од почеток до крај, а додека се движат низ полињата се обидуваат да избегнат да бидат вратени на почетна позиција од страна на противничките играчи.

Победник во играта се смета играчот кој прв ќе успее да ги смести сите 4 фигури до крајните полиња кои се со иста боја како и полињата од почетната зона.

Како да направите сами Не лути се човече ?

Преземете ја платформата за игра  > Платформа за играње

потребно е да обезбедите:

  • ножички
  • лепак
  • картон
  • фигури
  • спреј во боја

Изработка на коцката:

Исцртајте го картонот во формат за да може да направите коцка. Картонот исечете го со ножички, внимателно свиткајте во облик на коцка и залепете со лепак

коцката од картон со спреј во боја можете да ја обоите коцката во боја која што вие сакате. Со фломастер, напишете ги бројките од 1 до 6

Материјалот од кој ќе ги направите фигурите:

  • може да искористите фигури од старо не лути се човече
  • камчиња со одреден облик
  • направете сами фигури од пластелин
  • или бонбончиња во боја

 

За изработка на коцката кликнете овде > Коцка

 

Related articles

Назад