Тиго Финансиски речник - Лекција 11: Како да аплицирам за кредит во Тиго онлајн?

Caption

Добредојдовте!

Започнуваме интересен проект, со кој се надеваме дека ќе ви помогнеме да ги подобрите и унапредите вашите познавања за финансиите.

Во текот на следните неколку месеци, секој петок, виртуелниот лик Ведран ќе ви претставува одреден финансиски поим или фраза од областа на финансиите, доближувајќи ви го поблиску светот на Финтек индустријата, финансиските друштва и воопшто финансиите. Следете нѐ!

 



 

Лекција 11: Како да аплицирате за кредит во Тиго онлајн? 

Брзата и едноставна онлајн апликација, овозможува да аплицирате за кредит од 2.000 до 80.000 денари од било кој уред (компјутер, таблет или мобилен телефон), во било кое време и било каде, при што не е потребно физичко доставување на документи, а бараните средства ги добивате на сметка, доколку апликацијата е одобрена.

За да аплицирате онлајн, најнапред е потребно да отворите кориснички профил на www.tigo.mk, а потоа да продолжите со пополнување на бараните полиња. Од вас се бара само да ги имате вистинските детали и да бидете сигурни дека соодветно ќе ги пополните вашите податоци.

Одговорот за одобрување на кредитот, како и точната сума која ви е одобрена, ги добивате за 30 секунди по поднесувањето на апликацијата.

До услугите на Тиго можете да пристапите онлајн или во некоја од 26-те филијали во 19 градови ширум земјата, а аплицирањето и на обете места е подеднакво брзо и едноставно – одговор на апликацијата се добива за 30 секунди, a исплатата во кеш се врши за само 10 минути.

 

 


 

Лекција 10: Што е финансиски систем?

Caption

 

 

Финансискиот систем е збир на институции; финансиски пазари; финансиски средства и инструменти и финансиски услуги, чија главна цел е размена на средствата.

Финансискиот систем може да дефинира на глобално и национално ниво, а претставува збир на процеси кои ги следат финансиските активности. Во наједноставна форма, финансискиот систем е систем што им овозможува на давателите на кредит и примателите на кредит да разменуваат средства. Финансискиот систем опфаќа финансиски трансакции и размена на пари помеѓу инвеститори, даватели на кредит и приматели на кредит, а е составен од сложени модели, кои ги прикажуваат финансиски услуги, институции и пазари и кои ги поврзуваат депонентите со инвеститорите.

Финансискиот систем ја овозможува алокацијата, инвестициите и меѓусебната соработка помеѓу финансиските сектори.

Финансискиот систем има клучна улога во економскиот развој на земјата. Тој ги овозможува и промовира и штедењето и инвестициите, но и создава врска помеѓу сите негови чинители, а воедно и ја олеснува експанзијата на финансиските пазари.

Финансиските институции како дел од финансискиот систем се делат на традиционални финансиски институции (банки, штедилници) и небанкарски финансиски институции - НБФИ (осигурителни компании, пензиски фондови, лизинг, небанкарски финансиски друштва).

Видете повеќе која е разликата помеѓу традиционалните финансиски институции и  небанкарските финансиски друштва – овде>>>

Финансиските пазари како елемент на финансискиот систем претставуваат пазари на кои се среќаваат понудата и побарувачката за финансиски средства и ја играат најважната економска функција – зголемување на економската ефикасност. Од аспект на предметот кој се тргува на пазарите и неговата рочност, финансиските пазари се делат на пазари на пари и пазари на капитал.

Финансиските инструменти се важна компонента на финансискиот систем. Средствата со кои се тргува на финансиските пазари се нарекуваат финансиски средства, обврзници, или друг вид на финансиски инструменти. Тие претставуваат облици во кои може да се држи имотот на субјектите на стопанството или пооделни сектори. На нивната развиеност делуваат бројни фактори, а пак, развиеноста на финансискиот пазар се мери преку развиеноста на инструментите. Најважни финансиски инструменти се: пари, чекови, меници, акции, обврзници, благајнички записи, комерцијални записи и сл.

Финансиски услуги е термин што се однесува на услугите што ги нуди финансискиот пазар. Финансиски услуги е исто така термин што се користи за да се опишат организации кои се занимаваат со управување со пари. Примери се традиционалните финансиски институции, НБФИ, осигурителните компании, компаниите за кредитни картички и брокерските куќи и сл.


 

Лекција 9: Кога да земете кредит од финансиско друштво?

 

Caption

 

Краткорочните кредити се наменети за пресретнување на неочекувани потреби за финансиски средства, на пример, кога ненадејно ќе се расипе некој електричен апарат во домаќинството и е потребна брза поправка или негова замена со нов.

 

Иако услугата е лесна и едноставна, сепак е неопходно таа да се користи одговорно и разумно. Пред да земе кредит од финансиско друштво, секој поединец треба да ја процени вистинската потреба за овие пари, неговата способност да ги врати навремено и да се осигура дека не позајмува повеќе отколку што е потребно.

Секој кој ќе одлучи да земе кредит од финансиско друштво, треба да се осигура дека е во ред со трошоците, внимателно ги прочитал и разбрал условите на договорот, како одговорност за тоа дали согласно сопствениот буџет може да го отплати кредитот до датумот на доспевање.

Како што зборувавме во еден од претходните текстови, краткорочните кредити не треба да се користат за подмирување на долгорочни финансиски потреби, но и не треба да се користат за враќање на други кредити.

 

Доколку сепак клиентот се соочи со потешкотии за исполнување на своите обврски, одговорните кредитори, како што е Тиго, го повикуваат клиентот заедно да побараат решение, подучувајќи го:

  • Во никој случај клиентот не треба да се задолжи кај други инстанци за да го отплати постојниот долг
  • Клиентот треба да контактира со компанијата за да го најде најдоброто решение за проблемот
  • Клиентот не треба да го одложува проблемот – бидејќи колку подолго се двоуми, толку ќе биде потешко да се надмине ситуацијата
  • Клиентот треба да го ревидира својот буџет - можеби има трошоци кои не се клучни за него во конкретниот месец и можеби може да се адаптира на моменталната ситуација или да ги намали
  • Доколку, сепак, клиентот не гледа начин да се справи со ситуацијата, го повикува да побара совет од Асоцијацијата на финансиски друштва на Северна Македонија – www.afd.mk
  •  

  •  

Лекција 8: Што е финансиска писменост?    

 

Финансиска писменост претставува разбирање на финансиските концепти, финансиските ризици, како и поседување на вештини, мотивација и самодоверба за примена на ова знаење во пракса. Носењето на ефективни одлуки и разбирањето на финансиските концепти се важни како за унапредувањето на финансиската благосостојба на поединците, така и за унапредување на општествено-економскиот развој.

За таа цел, финансиската писменост ги проучува и начините на кои можете да добивате средства од една страна, но апелира и на индивидуалната свест кај поединците во ситуации кога се има потреба од пари, се бара соодветниот начин за финансирање, или се прави проценка на можноста за навремено враќање на средствата/кредитите.

Несомнено е дека парите и финансиската одржливост се важен дел од нашиот секојдневен живот, но управувањето со парите и средствата може да биде предизвик. Она што е клучно за секој поединец е да научи како мудро да управува со средствата, заради справување со различен вид на животни ситуации – како што е недостаток на средства за итни финансиски потреби.

Затоа, финансиската писменост е област која може да биде исклучително полезна за оние кои сакаат да научат како одговорно да управуваат со своите средства. Исто така, финансиската писменост им помага на луѓето да станат самостојни и да прават разлика меѓу желбите и потребите, краткорочните и долгорочните инвестиции и слично.

  


 

Лекција 7: Што ги разликува традиционалните финансиски институции и НБФИ? 

 

Caption

Целта на НБФИ, како еден од поголемите сектори на Fintech индустријата е да ги пресретне краткорочните финансиски потреби на граѓаните за финансиски услуги на брз, ефикасен и едноставен начин, со примена на напредна и иновативна технологија на сите канали кои потрошувачите ги преферираат, со акцент на дигиталните канали.

 

Но, што во суштина ги разликува традиционалните финансиски институции и небанкарските финансиски институции, односно финансиски друштва? Дали тие се конкуренти?

 

Може да се каже дека традиционалните финансиски институции и финансиските друштва, во суштина не се конкуренти, бидејќи постојат неколку поголеми разлики помеѓу нив, и од аспект на целните групи, и од аспект на технологија, кориснички пристап и сл., но генерално,  може да се каже дека токму овие разлики ги прават комплементарни субјекти на финансискиот пазар кои придонесуваат кон зголемување на финансиската активност и напредок на целокупната индустрија.

 

Една од главните разлики е технологијата. Финансиските друштва во своите услуги ги користат современите технолошки решенија со кои едноставно и во неколку секунди, од компјутер или мобилен телефон, можат да се завршат сите процедури за аплицирање, да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во куси рокови да се добие одговор и бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена.  Технолошките решенија на финансиските друштва се современи, што ги прави многу ефикасни, а со зголемената достапност на интернет и менувањето на корисничките навики за достапност на услугите на дигиталните канали, финансиските друштва можат да им обезбедат на клиентите потполно нов, целосно дигитализиран процес.

 

Дополнително, нивната корпоративна култура и ставови се слични на онаа на start-up компаниите, чиј фокус е обезбедување на ефикасна услуга и одлично корисничко искуство.

 

Корисниците на услугите на финансиските друштва се најчесто оние клиенти на кои им се потребни мали, микро кредити, кои ќе им помогнат за задоволување на неочекуваните финансиски потреби, за покривање на непредвидени трошоци во домаќинството и сл. Овие производи се прилагодени главно за краткорочна употреба, најчесто до 12 месеци, со што не го принудуваат потрошувачот да влезе во долгорочни обезбедени финансиски односи.

 

Целосна персонализација, непосредност, едноставност и достапност. Финансиските друштва нудат индивидуален пристап, флексибилност, дискреција, едноставност при аплицирањето, што подразбира избегнување на шалтерските процедури и непотребната документација. За нив се аплицира онлајн, преку кој било уред со интернет, во куси постапки се проверува кредитоспособноста на барателот, и потоа повторно онлајн се одобрува кредитот

 

Од аспект на производи, традиционалните финансиски институции издаваат поголеми износи за подолг временски период и до неодамна, речиси беше невозможно да се подигне кредит од традиционална финансиска институција во износ од 6.000, 10.000, 15.000 илјади денари, суми кои многу често се итно потребни како финансиска интервенција за некои непредвидени трошоци. Од друга страна пак, финансиските друштва им помагаат на клиентите да ги решат акутните финансиски потреби, каде што времето има одлучувачка улога. Главната идеја на финансиските друштва се базира на краткорочни обврски, со кои се утврдуваат предности за небанкарски кредити, во ситуации кога парите се потребни брзо, а периодот на отплата не е долг. Со оглед дека износот на кредитот е многу помал отколку во традиционалните финансиски институции, па оттука и бирократските барања се значително помали.

 

Исто така, постои и една многу важна разлика помеѓу обата субјекта, а тоа е начинот на финансирање на работењето. Имено, за разлика од традиционалните финансиски институции,  финансиските друштва не собираат депозити, односно штедни влогови, кои, кај традиционалните финансиски институции се основен извор за евтино финансирање, а потоа од истото и кредитирање. Финансиските друштва своите активности ги финансираат или од сопствени средства или, во голем дел, од кредити.

 



Лекција 6: Што е одговорно кредитирање?

 

Caption

 

Одговорното кредитирање има за цел да превенира доделување на кредити на физички и правни лица, кои можеби ќе се соочат со потешкотии да ги исплатат своите кредити во иднина.

Одговорното кредитирање дејствува според најдобрите интереси на клиентот, а подразбира обезбедување на достапност и транспарентност на условите на кредитот и поддршка на примателот на кредитот доколку се соочи со потешкотии во отплатата. Давателите на кредит имаат одговорност да осигураат дека примателите на кредитите ги разбираат деталите за кредитот и вршат темелни проверки на сите приматели на кредити, за да можат да бидат уверени дека тоа што го добиваат клиентите ќе биде соодветно за нивните околности и можности.

Тоа е одговорна деловна практика што делува двострано - го штитат и клиентот и ѝ овозможуваат на индустријата да се развива.

Во Северна Македонија, поголемите небанкарски финансиски друштва ја основаа Асоцијацијата на Финансиски Друштва - АФД, чијашто мисија е да промовира сигурни, општествено одговорни и одржливи практики за кредитирање, кои се позитивно оценети од клиентите и регулаторот. Во исто време, АФД работи на промовирање на можностите што ги нудат Финтек компаниите, а од  кои ползуваат и поединците и општеството како целина. Членовите на АФД потпишаа Кодекс за добра пракса, кој има за цел да обезбеди повисоко ниво на заштита и јасни правила за соработка за клиентите кои добиле кредит или планираат да земат кредит во членка на Асоцијацијата. Кодексот се занимава со прашања како што се проценка на кредитоспособноста на клиентот, етички маркетинг, брза и соодветна постапка за преглед на поплаки и наплата на долгови. Со цел да осигура дека членовите постапуваат согласно членовите утврдени во Кодексот, членовите на Асоцијацијата обезбедуваат соодветна обука на своите вработени.

Дополнително, членките на Асоцијацијата се препознаени со ознаката за сообразност „Одговорен кредитор“, кој ги истакнува оние кредитори кои се членки на Асоцијацијата и се целосно посветени на работење во согласност со принципите утврдени со Кодексот за добра пракса. Проверете повеќе овде>>>

 

Тиго Фајнанс се залага за одговорно кредитирање и е член на Асоцијацијата на Финансиски Друштва на Северна Македонија.

 



 

Лекција 5: Што е каматна стапка и што тоа значи? Зошто речиси сите кредити имаат каматна стапка?

 

Caption

 

Каматната стапка е стапката со која ја плаќаме цената за привременото користење на одредена сума пари на кредитодавателот, пресметана како процент од основната сума.

Висината на каматната стапка зависи првенствено од понудата и побарувачката за пари и капитал, но и од законските и другите услови.

 

Како функционираат каматите?

Финансиската  институција ја применува каматната стапка на вкупниот неплатен дел од состојбата на вашиот кредит. Затоа, клучно е да знаете која е вашата каматна стапка. Тоа е единствениот начин да се знае колку додава на вашиот ненаплатен долг. Каматата најчесто е месечна и истата се изразува во амортизациониот план на вашиот кредит, одвоена од износот на главницата на подигнатиот кредит.

Постојат два основни видови на каматни стапки, кои се делат на фиксни стапки или променливи стапки, а тоа зависи од типот на кредитот, неговата рочност, намена и слично. Фиксните каматни стапки остануваат исти во текот на целото времетраење на кредитот, додека променливите стапки се менуваат со основната стапка. Кога стапката се зголемува, се зголемува и исплатата на вашиот кредит. Кај овие кредити, мора да обрнете внимание на највисоката стапка, која се заснова на стапката на девизни средства. Ако направите дополнителни плаќања, тоа исто така ќе се насочи кон исплата на главницата.

 


 

Лекција 4: Што се краткорочни кредити и зошто служат?

 

Caption

 

Кога некој има потреба од средства за пресретнување на неочекувани финансиски потреби, краткорочните кредити се одлична можност за надминување на моменталните финансиски потешкотии. Тие се навистина значајна опција која им е дадена на располагање на клиентите, особено на оние кои поради различни причини имаат потреба од финансиски средства за задоволување на своите потреби од различна природа, најчесто неочекувани трошоци.

 

Според неговата дефиниција, Краткорочен кредит е вид на кредит, чиј рок на враќањe (доспевање) изнесува најмногу една до две години. Притоа, рочноста на овие кредити може да биде многу мала - неколку недели, или пак шест, девет или повеќе месеци. Најчесто, краткорочните кредити се одобруваат за финансирање на тековните финансиски потреби  на населението. т.е. со нив луѓето го задоволуваат привремениот недостиг на парични средства. Во оваа група спаѓаат различни видови кредити со кои луѓето ги финансираат тековните расходи, купуваат трајни потрошни добра, патуваат итн.

 

Постојат повеќе видови на краткорочни кредити, а помеѓу повеќе познатите се  обновливите кредити, во која група спаѓаат кредитните картички, наменски кредити кои ги опфаќаат кредитите наменети за купување одредени производи и услуги, како и други видови на кредити кои се наменети за финансирање на различни потреби на клиентите, како на пример за задоволување на моменталните финансиски потреби како годишни одмори, надминување на моментални периоди кога се појавуваат финансиски потешкотии, потреби за школување и сл.

 

 



 

Лекција 3: Што е микрофинансирање?

 

Caption

Микрофинансирањето e финансиска услуга која им се овозможува на индивидуални субјекти кои од различни причини немаат или пак имаат ограничен пристап до традиционалните финансиски услуги да ги пресретнат и задоволат своите финансиски потреби во моментите кога тоа ним им е најпотребно на брз, ефикасен и безбеден начин. 

Иако префиксот е -микро-, сепак улогата на микрофинансирањето е навистина голема за економијата, бидејќи подразбира поддршка  и пристап до финансии за граѓаните или бизнисите тогаш кога ним им е тоа најпотребно, се разбира во согласност со етиката и начелата за одговорно кредитирање.  Станува збор за услуги за кредитирање на индивидуални субјекти на кои им се потребни помали (микро) износи на средства (200, 300, 500 евра) заради различни причини, а кои најчесто излегуваат непредвидено, а кои им се потребни во најкус можен рок, без дополнителни чекања или процедури.

Микрофинансирањето, онакво какво што го знаеме денес, е популаризирано од страна на Мухамед Јунус, добитник на Нобелова награда во 2006 година, а кој беше основач на првата институција за микро кредитирање во 1976 г. во Бангладеш.


 

Лекција 2: НБФИ... Што е тоа, знаеш:

 

Caption

За почеток, да дефинираме што всушност претставуваат финансиските институции...

 

Тие се субјекти кои учествуваат на финансискиот пазар и кои посредуваат во понудата и побарувачката на финансиски ресурси.

Постојат голем број институции на финансискиот пазар, кои се развиваат паралелно со неговиот развој. Некои од нив се појавија порано,  како на пример банките и штедилниците, а пак некои подоцна, како што се осигурителните компании, инвестициски фондови, пензиски фондови, финансиски компании и други небанкарски финансиски институции, со главна цел - да го унапредат работењето на финансискиот пазар,.

Небанкарските финансиски институции се релативно млади бизниси, формирани, како што кажавме, да го надополнат работењето на традиционалниот финансиски систем. Според нивната дефиниција, тие ја претставуваат секоја небанкарска финансиска институција која користи технолошка платформа за да позајмува пари, често имплементирајќи алтернативни податоци и аналитики, или било која компанија чија примарна дејност вклучува обезбедување на податоци и аналитички податоци за онлајн кредиторите или инвеститорите во онлајн кредити.

 

Во нашата земја, НБФИ се претставувани од страна на финансиските друштва, како што е Тиго Фајнанс, а токму НБФИ во нашата земја се главниот двигател на индустријата Fintech (прочитајте повеќе за Финтек компаниите во текстот подолу)

 


 

 

Лекција 1: Што се финтек компании?

 

Caption

За почеток, што всушност значи Финтек?

Терминот „Финтек“ се користи за опишување нови услуги кои, со користење на напредни и иновативни технологии, ја подобруваат и автоматизираат испораката и употребата на финансиски услуги и се сериозен конкурент на традиционалните финансиски методи во испораката на финансиски услуги.

 

Финтек индустријата опфаќа различни области, меѓу кои се дигиталните трансакции, кредитирање, инвестициско банкарство, управување со инвестиции, лични финансии, B2B, InsurTech, RegTeg.

Категоријата Кредитирање е претставувана од небанкарските финансиски институции, на пример финансиските друштва, и овде, технолошките решенија најостро се рефлектираат во проценката на кредитоспособноста на клиентите. Развиени се сложени алгоритми и модели за бодување, комбинирајќи неколку фактори кои овозможуваат да се анализира однесувањето на клиентите и можноста за отплата на кредитите. Инвестирани се и значителни ресурси во технолошки решенија за услуги на клиентите за услугата да биде брза, удобна, разбирлива и едноставна.

Следствено големата достапност до Интернет, навиките на потрошувачите се променети. Денес, потрошувачите се повеќе одлучуваат да купуваат од далечина, а од овој тренд не е исклучен и пазарот на финансиски услуги. Денес, пазарот на финансиски услуги забележува побарувачка за комплетно нов пристап, бидејќи потрошувачите очекуваат едноставни и лесни за употреба производи, отколку часови поминати во филијали, пополнувајќи куп документи. Ова неизбежно го принудува пазарот на финансиски услуги да се трансформира.

Друг аспект што влијаеше на развојот на небанкарските финансиски услуги е технолошкиот напредок. Предноста на давателите на небанкарски услуги лежи во нивните напредни технолошки решенија што ги прави особено брзи, ефикасни и ажурни. Исто така, нивната компанија култура и став личи на онаа на start-up компании, чиј фокус е на обезбедување на ефикасна услуга и одлично искуство на клиентите, спротивно на глобалните корпорации кои често се вртат околу тешки бирократски процедури.

 

Related articles

Назад