Ведран советува: “За почеток, ајде да видме што всушност значи Финтек?“

Терминот „Финтек (Fintech)“ се користи за опишување нови услуги кои, со користење на напредни и иновативни технологии, ја подобруваат и автоматизираат испораката и употребата на финансиски услуги и се сериозен конкурент на традиционалните финансиски методи во испораката на финансиски услуги. Или поконкретно, Fintech компаниите  претставуваат компании кои ги користат иновативните технолошки процеси во секторот на финансиските услуги. Истите користат напреден софтвер, маркетинг стратегии и разни „on line” алатки и технологии со кои банкарските и финансиските услуги ги доближуваат до клиентите и ги прават подостапни. Оттука можеме да заклучиме дека Fintech се компании кои го користат интернетот и мобилните иновативни технологии како основа за банкарски продукти како што се кредитирање, плаќања, тргување со  девизи и слично.

Финтек индустријата опфаќа различни области, меѓу кои се дигиталните трансакции, кредитирање, инвестициско банкарство, управување со инвестиции, лични финансии, B2B, InsurTech, RegTeg. Во моментов, во нашата земја успешно функционираат неколку финтек компании кои се фокусирани во делот за микро кредитирање на физички лица.

Но ајде да видиме што претставува кредитирањето. на пример финансиските друштва, и овде, технолошките решенија најостро се рефлектираат во проценката на кредитоспособноста на клиентите. Развиени се сложени алгоритми и модели за бодување, комбинирајќи неколку фактори кои овозможуваат да се анализира однесувањето на клиентите и нивната можност за навремена отплата на кредитот. Инвестирани се и значителни ресурси во технолошки решенија за услуги на клиентите за услугата да биде брза, удобна, разбирлива и едноставна.

Кои сѐ фактори влијаеа на успешниот развој на Финтек индустријата во светот?

Паралелно со експресниот развој на интернет технологијата се менуваат и навиките на потрошувачите. Денес, потрошувачите сѐ повеќе одлучуваат да купуваат онлајн, а од овој тренд не е исклучен и пазарот на финансиски услуги. Денес, пазарот на финансиски услуги забележува побарувачка за комплетно нов пристап, бидејќи потрошувачите очекуваат едноставни и лесни за употреба производи, отколку непотребни часови поминати во институции, пополнувајќи куп документи. Сето ова неизбежно го принудува пазарот на финансиски услуги да се трансформира во насока на олеснување на услугите, правејќи ги подостапни и побрзи за своите клиенти.

Можеби најглавниот фактор кои што влијаеше на развојот на небанкарските финансиски услуги е технолошкиот напредок. Предноста на давателите на небанкарски услуги лежи во нивните напредни технолошки решенија што ги прави особено брзи, ефикасни и ажурни. Исто така, нивната компаниска култура и став личи на онаа на start-up компаниите, чиј фокус е на обезбедување на ефикасна услуга и одлично искуство на клиентите, спротивно на глобалните корпорации кои најчесто се вртат околу тешки бирократски процедури.

Друг аспект што влијаеше на развојот на небанкарските финансиски услуги е достапноста до Интернетот. Брзиот развој на интернет базираната технологија комплетно ги промени и навиките на потрошувачите кои најголем дел од денот се онлајн. Денес, потрошувачите се повеќе одлучуваат да купуваат онлајн, а од овој тренд не е исклучен и пазарот на финансиски услуги. Зошто? Бидејќи интернет базираната технологија ви дава слобода сами да изберете кога, каде и како ќе ги користите банкарските услуги. Денес, пазарот на финансиски услуги забележува побарувачка за комплетно нов пристап, бидејќи потрошувачите очекуваат едноставни и лесни за употреба производи.  Ова неизбежно го принудува пазарот на финансиски услуги сѐ повеќе да го развива дигиталното банкарство.

За повеќе информации во врска со производитe и услугите на Тиго, побарајте не преку центарот за грижа на корисници на 13 700 или користете ги дигиталните канали на комуникација, како нашата веб страна www.tigo.mk и нашата Фејсбук страница како би ги следеле најновите известувања и информации и би започнале разговор со нашиот автоматизиран Tigo Bot асистент.

Related articles

Назад