Итно ми требаат пари – Што да правам?

 

Секој од нас во одреден момент се соочил со финансиски проблеми, а стресот и грижата кои ги чувствуваме во тие моменти, за жал, дополнително ни го отежнуваат проблемот. Сепак, сфаќањето дека секогаш постои излез може да Ви помогне да не се чувствувате толку депресивни.

Свесни дека постојат непредвидливи животни ситуации, во ТИГО Фајнанс Вие можете да добиете итна финансиска помош, а на тој начин финансискиот проблем да Ви стане минато.

Каде да се обратите за брзо решение на Вашиот финансиски проблем?

Во нашата земја постојат повеќе финансиски институции кои даваат кредити се со цел да излезат в пресрет на оние клиенти кои се соочуваат со тешки животни ситуации поврзани со недостаток на пари за било какви трошоци, како што се традиционалните банки со своите потрошувачки кредити, заложните куќи, но и финансиските друштва кои нудат онлајн брзи кредити за итни финансиски проблеми. Но која е суштинската разлика меѓу овие институции?

  • Традиционалните банки нудат потрошувачки кредити за вработени лица и/или пензионери, а повеќето од нив бараат исполнување и на нормата за минимален месечен приход. Во зависност од висината на потрошувачкитот кредит за кој што аплицирате, честопати банките бараат и ко-кредитобарател или жирант а задолжително се пресметува и вкупна камата при враќање на кредитот.
  • Заложните куќи, како што самото име кажува, бараат да заложите нешто а за возврат Ви даваат пари согласно проценката за предметот кои го заложувате.
  • Некои не банкарски финансиски институции, како што е ТИГО, нудат кредит без камата односно колку ќе земете, толку ќе вратите.

Која е суштината на банките кои користат потрошувачки кредити?

Како што е споменато погоре, традиционалните банки најчесто нудат потрошувачки кредити само за вработени лица, а исто така постои и норма од месечни примања кој апликантот треба да ги исполнува. Исто така, постојат и други услови за земање на кредит, како што се трошоци за апликација за кредит (со исклучок на апликации поднесени за време на промотивни периоди*), потврда за редовен работен однос, минимален месечен приход, потврда за последно платени сметки, потврда за месечни примања или пензија од жирант/гарант и сл. Доколку од било која причина, Вие не успеете да ги обезбедите потребните документи, голема е шансата Вашата апликација да биде одбиена.

Кој се добрите и лошите страни на земањето брз онлајн кредит?

Брзите кредити се нарекуваат и брзи кредити токму заради брзината на процесот на аплицирање како и релативно брзото време на одговор на апликација. За да аплицирате за брз кредит потребно е да имате валидна лична карта и да се државјанин на Република Северна Македонија. Повеќето финансиски друштва во државава нудат online кредити преку аплицирање на нивната веб страна, но постојат и такви кои нудат аплицирање онлајн, преку аплицирање на нивниот веб сајт или директно во филијала.

Како да земам кредит? Доколку сте физичко лице, земањето брз кредит онлајн има неколку предности и тоа:

  • Аплицирање само со лична карта
  • Брз одговор на апликација
  • Минимална документација
  • Првиот кредит е бесплатен* (оваа опција е обезбедена од страна на некои финансиски друштва)
  • Без жиранти и гаранти
  • Можност за отплата на кредитот на рати (оваа опција е обезбедена од страна на некои финансиски друштва)

Брз кредит од ТИГО ќе ги реши вашите финансиски проблеми!

Објаснувајќи ги накратко предностите и слабостите на традиционалните банкарски институции наспроти предностите и слабостите на не банкарските финансиски институции (финтек индустријата), можеме да заклучиме дека финтек компаниите кои нудат брзи кредити имаат значително поголеми предности во однос на:

  • брзината на добивање на средствата;
  • едноставноста на процесот на апликација;
  • минималната документација за апликација.

Додека повеќето традиционалните банки не нудат кредит без жиранти и/или гаранти, Тиго Фајнанс како финансиско друштво нуди брзи кредити со минимална документација, без трошоци за апликација, само со лична карта и одговор на апликација се добива за само 30 секунди. Дополнително, првиот кредит до 26.000 денари во ТИГО е со 0% камата – односно колку ќе земете – толку и ќе вратите!

За да добиете одговор на прашањата ‘’Како да земам кредит’’ или ‘’кои се условите за аплицирањe’’, јавете се во ТИГО контакт центарот на 13 700 или кликнете на прашања и одговори за добивање кредити.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад