Дали да земете кредит од банка или да аплицирате за брз кредит преку интернет?

 

Во животот постојат ситуации кога ни е потребен пристап до финансии веднаш. Всушност, доволни се неколку непредвидливи ситуации како што се неочекувани поправки за домот, сервисирање на кола или други непредвидени настани.

Во случаеви кога непредвидени ситуации не можат да бидат одложени, кредитите се јавуваат како најразумна опција за граѓаните – особено во ситуации кога Ви се потребни итни пари. Во нашата земја, доста популарни се кредитите кои се нудат од страна на банките, како и брзите кредити кои се нудат од страна на финансиските друштва.

 

Какви услови нудат банките?

Доколку сакате да аплицирате за кредит во банка, најпрво треба да знаете за каков кредитен производ сакате да аплицирате, а потоа да пристапите кон анализа на условите кои ги нуди секој кредит одделно. Имено, банките нудат повеќе типови на кредити од кои најпознати се:

  1. Станбени кредити
  2. Автомобилски кредити
  3. Потрошувачките кредит

Без разлика дали ќе се одлучите да аплицирате за станбен, автомобилски или потрошувачки кредит, кога аплицирате за класичен кредит од банка постојат неколку вообичаени услови кои банките ги наметнуваат, а тоа е потврда за редовен работен однос (или потврда за редовни месечни примања) на кредитобарателот, а доколку аплицирате за поголем износ на пари, банките бараат жиранти и гаранти кои, исто така, треба да поднесат валиден документ со кој се докажуваат нивните месечни примања.

Банките нудат релативно поволни услови кога станува збор за рокот на отплата на кредитот. За разлика од финансиските друштва кои нудат кредити до 24 месечни рати, банките овозможуваат исплата на кредитот и до 10+ години.

 

Што се online брзи кредити и кои се нивни предности?

Во Македонија постојат неколку финансиски друштва кои што нудат брзи online кредити, со минимална документација и релативно брз одговор на апликација. Брзината на апликација и потребата од документација варира од едно до друго финансиско друштво. На пример, некои финансиски друштва, како што е Тиго Фајнанс, имаат напреден систем на процесирање на кредитна апликација што овозможува да добиете одговор за 30 секунди од моментот на поднесување на апликацијата, а други пак даваат одговор за неколку часа или веќе следниот работен ден.

Генерално, финансиските друштва кои нудат брзи кредити одговараат на потребите на онаа група на граѓани кои имаат потреба од итни пари, за непредвидливи ситуации. Како што и самото кажува, овие кредити се со брз рок на издавање, но и на отплата. Повеќето финансиски друштва издаваат брзи кредити на физички лица со еднократна отплата до 30 дена, но има и такви кои што издаваат брзи кредити со рок на отплата до 24 рати.

 

Но како да одлучите кој заем е по профитабилен?

Доколку се двоумите за каков тип на кредит сакате да аплицирате, водете се од ургентноста на потребата заради која аплицирате, односно од намена на средствата кои сакате да ги добиете.

Во принцип, класичните кредити издадени од банките пак, најчесто бараат уредно доставување на пообемна документација која вклучува потврда за редовни месечни примања, минимален месечен приход, вклучување на жирант и/или гарант (ова важи за повисоки кредитни износи) и тн. Дополнително, истите најчесто подлежат на дополнителни административни трошоци за процесирање на кредитот (кои не ветуваат одобрување) како и трошоци за одобрување на истиот.

Брзите кредити пак се одличен избор за ситуации каде што ни се потребни итни финансиски средства до следна плата – како што е поправка на возило, плаќање сметки, непредвидени прослави и сл. Истите уште се нарекуваат и ‘’кредит до плата’’ заради релативниот брз рок на отплата, а аплицирањето е брзо, едноставно и целосно онлајн.

За повеќе информации во врска со прашања и одговори за добивање кредити, кликнете тука.

 

Зошто TIGO нуди брз заем по најдобри услови?

Доколку се прашувате ‘’како да земам кредит’’, а аплицирањето за брз кредит онлајн Ви се чини сложено, тогаш аплицирањето за брз кеш кредит во една од 26 те филијали на Тиго Фајнанс низ цела Македонија е вистинскиот избор за Вас. Зошто го одбравме ТИГО? Бидејќи од сите финансиски друштва се нај достапни по број на филијали на ниво на Република Македонија.

За двата начина на аплицирање потребно да имате од 20-70 години, да имате валидна email адреса, мобилен телефон и трансакциска сметка каде сакате да Ви бидат префрлени парите. За повеќе информации во врска со начинот на начинот на отплата на кредитот, можете да го побарате контакт центарот на 13 700.

 

*** Условите на продуктите и информациите кои се содржани во овој блог може може да бидат застарени и не соодветствуваат со моменталната ситуација предизвикана од кризната состојба.

Related articles

Назад