Изјава за согласност

                                                 ИЗЈАВА ЗА СОГЛАСНОСТ

 

Со потпишување / прифаќање на оваа Изјава, изјавувам дека сум запознаен и согласен Финансиското друштво ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст: "Друштвото"),

 

    • Да ја проверува мојата кредитна способност и да бара и собира мои лични податоци од сите релевантни јавни или приватни регистри и бази на податоци во Република Северна Македонија, а особено да ја проверува мојата кредитна способност во Македонското кредитно биро и да ги добива сите достапни податоци и извештаи за мојата кредитна способност од Македонското кредитно биро, како и да ги доставува моите лични и кредитни податоци до Македонското кредитно биро и сите други надлежни институции и органи во Република Северна Македонија. Запознаен/а сум со правата и обврските на Друштвото и Македонското кредитно биро согласно Законот за кредитно биро, а во врска со доставување, чување, обработка и користење на моите лични податоци.

 

    • Ги собира, чува и обработува моите лични податоци за целите на вршење на финансиски активности кои ТИГО ФАЈНАНС ги врши во согласност со Законот за финансиски друштва, Законот за заштита на потрошувачи при потрошувачки кредити, Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам и други релевантни закони, како и заради одобрување на кредит и склучување, извршување и администрирање на договор за кредит, како и секој пат кога обработката е потребна за целите на легитимните интереси на ТИГО ФАЈНАНС, а во согласност со Политиката за приватност на личните податоци на корисници.
    • Да врши проверка на веродостојноста и трансакциската сметка која ја доставувам во КИБС (Клириншки интербанкарски системи).

 

  • Во согласност со Законот за заштита на личните податоци и до законски дозволен обем, да ги пренесува, дава на користење и обработува сите мои лични податоци, вклучувајќи го и мојот единствен матичен број (ЕМБГ) и мои биометриски податоци на корисници/обработувачи во Република Северна Македонија и други држави, со кои Друштвото има склучен договор, вклучително и сите поврзани лица со Друштвото, агенциите за наплата на долгови, кредитни бироа, адвокатски друштва и канцеларии, вработените во Друштвото, правните наследници на Друштвото, договорни и присилни стекнувачи на правата и обврските од договорот/те за кредит/и, државните органи и секое друго физичко или правно лице каде што е потребно, заради извршување на процесот на аплицирање и одобрување на кредит, извршување и администрирање на договорот/те за кредит/и и наплата на долг по основ на договорот/те за кредит/и.

 

  • Да креира онлајн профил во мое име и за моја сметка, за кој ќе ми бидат доставени корисничко име и лозинка за пристап.

 

  • Да креира е-маил адреса во мое име и за моја сметка, за којa ќе ми бидат доставени корисничко име (односно е-маил адресата) и лозинката за пристап.

 

  •  
  • Во мое име и за моја сметка да изврши директно задолжување на мојата банкарска сметка отворена во било која комерцијална банка во Република Северна Македонија во корист на Друштвото со цел извршување на директно плаќање односно префрлање на средства од мојата банкарска сметка на сметката на Друштвото заради отплата на кредит и сите други трошоци кои евентуално би настанале, доколку банката ја дава таа можност.

Дополнително со потпишување / прифаќање на оваа Изјава, изјавувам дека:

 

  • Не се наоѓам на санкциона листа на терористи и терористички организации објавена од Обединетите нации, Европската Унија и Амбасадата на САД.
  • Запознаен/a сум, ги прочитав и во целост ги прифаќам Општите услови на Друштвото и Политиката за приватност на личните податоци на корисниците
  • Друштвото, како контролор на лични податоци регистриран во Дирекција за заштита на лични податоци под број 2177, ми ги даде сите информации кои што се доставуваат при собирање на лични податоци од субјектот на личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци
Назад