Дознај повеќе за начинот на трансформација

Дознај повеќе за начинот на трансформација

Ја користите најфлексибилната отплата на кредит со опцијата Tigo Premium, но

поради некоја причина, се соочувувате со потешкотии за отплатата на последната месечна отплата, односно главницата? Не грижете се! Токму за вас ја создадовме опцијата за трансформација на последната месечна отплата и ви овозможуваме олеснета отплата на вашиот кредитен долг.

Опцијата за трансформација на кредит овозможува отплата на еднакви мали отплати на 3, 6, 9 или 12 месеци, што, особено во моментите кога се соочувате со потешкотии при отплатата на поголем износ на средства, ќе ви овозможи поголема удобност.

Што треба да направам за да ја користам услугата за трансформација?

Доколку сте активен корисник на опцијата Tigo Premium, навремено ги отплаќате вашите доспеани месечни обврски, тогаш по 5-та, односно 11-та отплата, опцијата за трансформација на отплатата на вашиот Tigo Premium е достапна. 

Кој може да ја користи опцијата Трансформација на кредит?

  • Услугата е достапна за сите нови и постојни клиенти со одбрана опција Tigo Premium

Дали можам да побарам одложување на рокот на месечната отплата при активна трансформација?

Не. Услугата за одложување на рокот на отплата во услугата Трансформација на отплата на Tigo Premium не е достапен. Затоа, најдобро е навреме да го испланирате вашиот месечен буџет и навреме да ги подмирите вашите обврски за кредитот. 

Кога можам да ја активирам услугата за трансформација на рокот на отплата?

  • Услугата за трансформација станува достапна за користење во последниот месец од отплатата на вашиот кредит (6-от, односно 12-от месец во зависност од одбраниот период)

Како можам да побарам трансформација на рокот на отплата?

  • Многу едноставно! Услугата е достапна во вашиот клиентски профил со клик на копчето ТРАНСФОРМИРАЈ, од каде можете да побарате трансформација на вашата отплата. Или пак во било која од нашите филијали ширум земјата. Секако, не двоумете се да ги контактирате нашите колеги од Контакт Центарот 13 700 за било какви прашања.

Дали има трошоци за услугата Трансформација на рокот на отплата?

  • Да. Износот на трошоците зависи од периодот на кој го трансформирате Вашиот Tigo Premium. Достапна е трансформација на 3, 6, 9 и 12 месеци и трошокот е достапен во Тарифата на услуги на Tigo.mk

 

 

Назад