Тиго за Меѓународниот ден на образованието

den na obrazovanieto Tigo.mk

Генералното собрание на ОН го прогласи 24 јануари за Meѓународен ден на образованието како прослава на улогата на едукацијата за мир и развој.

Образованието е човеково право, јавно добро и јавна одговорност. Суштинско значење за глобалното закрепнување и за постигнување на сите цели за одржлив развој. Ние во Тиго сметаме дека меѓународниот ден на образованието ќе донесе поголема свест за уделот на истото врз општествата.

Прочитајте повеќе во сферата на едукација од Тиго: Академската година започнува наскоро. Дали сте подготвени?

Образованието е основно право и основа на еластични, мирни и одржливи општества.

Секое дете и млад човек треба да има можност за пристап до образованието, да совлада барем читање, пишување, основи математички и дигитални вештини  и да биде подготвен за предизвиците и можностите на 21 век како ангажиран граѓанин кој ќе придонесе за зголемување на својот личен развој, но и развојот на општеството во кое живее.

Истражувањата покажуваат дека дури и пред пандемијата на коронавирусот, 260 милиони деца и адолесценти во светот не посетувале училиште и не се здобиле со соодветно образование, а тие што имале, не секогаш имале пристап до квалитетно образование. Пандемијата придонесе за влошување на нееднаквостите во образванието со несразмерно влијание врз обесправените групи ширум светот. 

За таа цел потребно е да се инвестира во квалитетно образование со перспектива за доживотно учење. Да се изврши траснформација во одредени едукативни системи по пандемијата и да се намалат нееднаквостите во наставата, обуката и учењето на сите нивоа, со посебен акцент на девојчињата, жените и ранливите категории. Да се зголеми соработката за истражување и иновации меѓу земјите во светот, зајакнување на мрежите и учењето меѓу врсниците низ високообразовните инсититуции. Унапредување на  возрасните во дигиталните вештини и да се достигне барем 80% покриеност од возрасната популација да станат дел од дигиталниот свет.

Квалитетното образование е витален дел за секое дете и за секој млад човек.

Од особено значење за секој млад човек е развивање на добри финансиски вештини и навики од рана возраст за подобра подготвност за финансиските предизвици на зрелоста.

Едукацијата на помладите за концепотот на парите, нивното создавање, заработување  и штедење е клучно за нивниот личен развој, а со тоа и воспоставување на  добри навики и дисциплина. Преку поставување на цели да формираат свои навики за штедење и трошење и да стекнат знаење да направат разлика помеѓу потреба и желба.

Ние во Тиго веруваме во квалитетно образование и дека само со едуциран и квалитетен кадар ќе може да се постигне успех на личен и професионален план. Ние сме одговорен кредитор, кој нуди можности на сите кои имаат над 18 години, за обезбедување на дополнителна поддршка во надминување на недостатокот на средства за едукација и дополнителните обуки кои што им се потребни на лицата.

Преку студенстките кредити на Тиго можете да ги обезбедите средствата кои ви се потребни.

Доволно е да имате 18 години или законски застапник, без ограничување на старосната граница. Со лична карта или пасош можете да подигнете од 2.000 до 100 000 денари, со рок на отплата до 30 дена или на 3,6,12,18 или 24 месечни рати.

Првиот Тиго кредит со еднократна отплата до 30 дена е со 0% камата,0% трошоци и 0% СВТ. Сите податоци можете да ги добиете на број 13 700 или на www.tigo.mk .Нашите услуги се достапни во  нашите 29 филијали ширум земјата.

Related articles

Назад