Правила за наградна игра „Тиго виде ова?“

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

Тиго виде ова? 5 недели, 50 награди. Секоја среда: 1 X Викенд за двајца во Охрид, 1 X велосипед, 2 X ваучери за шопинг во East Gate Mall , и 5 X ваучери во Tinex

Член 1: Приредувач и име на наградната игра

Финансиско друштво ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје, ЕМБС 7229712, со ЕДБ 4080017568459, со седиште на ул. Аминта Трети бр.37/1/кат 1-дп 002 и 001 Скопје (во понатамошен текст: ‘Приредувач на наградна игра / Приредувач’) организира наградна игра под назив „ Тиго виде ова? 5 недели, 50 награди. Секоја среда: 1 X Викенд за двајца во Охрид, 1 X велосипед, 2 X ваучери за шопинг во East Gate Mall и 5 X ваучери во Tinex “.

Член 2: Цел на наградната игра

Цел на наградната игра е рекламирање на услугите кои ги нуди Приредувачот, и тоа потрошувачки кредити.

Член 3: Времетраење на наградната игра

Наградната игра ќе се одржува во период од 21.07.2022 година до 23.08.2022 година.

Член 4: Правила на учество

Право на учество во наградната игра имаат клиенти на Приредувачот кои во период почнувајќи од ден 21.07.2022 година заклучно со ден 23.08.2022 година ќе побараат трансформација на начинот на отплата во еднакви месечни ануитети (Тиго Мулти)  и ќе склучат Анекс на Договор за кредитен лимит, односно Анекс на Прилог на постоечки Договор за кредитен лимит со Приредувачот (во понатамошниот текст: ‘Учесници во наградната игра /Учесници)

Право на учество во наградната игра немаат вработените лица кај Приредувачот, како и членовите на нивното потесно семејство.

Лица под 18 години не може да учествуваат во наградната игра, согласно интерните правила за кредитирање на Приредувачот.

Секој износ од 3.000,00 денари од Износот на кредитот за кој Учесникот склучил Анекс на Договор за кредитен лимит, односно Анекс на Прилог на постоечки Договор за кредитен лимит, претставува “1 (еден) купон”. Учесникот учествува во наградната игра сразмерно на бројот на купони кои ги добил соодветно на Износот на кредитот кој му е одобрен и исплатен.

Со потпишување на Анекс на Договор за кредитен лимит, односно Анекс на Прилог на постоечки Договор за кредитен лимит, се смета дека Учесникот е согласен да учествува во наградната игра, а истовремено се смета дека Учесникот се согласува да добива промотивен и рекламен материјал од Приредувачот. 

Член 5: Територија на која се приредува наградната игра

Наградната игра ќе се приредува само на територија на Република Северна Македонија.

Член 6: Награден фонд

Приредувачот доделува 50 (педесет) награди и тоа:

  • 5 (пет) вредносни ваучери, за викенд со хотелско сместување во Охрид, Македонија, во вкупна вредност од 61.500,00 денари;
  • 5 (пет) вредносни ваучери бела техника кои може да се употребат во еден од салоните на СЕТЕК Се од Техника ДОО увоз-извоз Скопје, во вкупна вредност од 60.000,00 денари;
  • 5 (пет) велосипеди MAX CORRADO SHIMANO 26" 8.0 BLACK GRAY, во вкупна вредност од 61.497,00 денари;
  • 10 (десет) Ист Гејт гифт-картички, кои може да се употребат во една од продавниците во трговскиот центар East Gate Mall кои учествуваат во програмата за прифаќање на картичката, согласно правилата за користење на гифт-картички предвидени од страна на Ист Гејт Мол, во вкупна вредност од 50.000,00 денари; и
  • 25 (дваесет и пет) вредносни ваучери, со поединечна вредност од 1.500,00 денари, кои може да се употребат до 30 септември 2022 година при пазарување во еден од маркетите на  ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, во вкупна вредност од 37.500,00 денари.

НАГРАДЕН ФОНД

Бр.

Вид на награда

Количина

Единечна цена во во денари

ДДВ

Вкупна цена во денари со ДДВ

1.       

Вредносен ваучер за викенд патување во Охрид

5

12.300,00

5%

61.500,00

2.       

Вредносен ваучер за бела техника од СЕТЕК Се од Техника ДОО

5

12.000,00

0%

60.000,00

3.   

Велосипед MAX CORRADO SHIMANO 26" 8.0 BLACK GRAY

5

10.423,00

 

18%

61.497,00

4.       

Ист Гејт гифт-картичкa

10

5.000,00

0%

50.000,00

5.       

Вредносен ваучер за пазарување во ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ

25

1.500,00

0%

37.500,00

Вкупно

  270.497,00

Член 7: Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците

Учесници во наградната игра се клиенти на Приредувачот кои во период почнувајќи од ден 21.07.2022 година заклучно со ден 23.08.2022 година ќе побараат трансформација на начинот на отплата во еднакви месечни ануитети (Тиго Мулти)  и ќе склучат Анекс на Договор за кредитен лимит, односно Анекс на Прилог на постоечки Договор за кредитен лимит со Приредувачот.                      

За целото времетраење на наградната игра ќе има вкупно 5 (пет) извлекувања, и тоа на ден 27.07.2022 година, ден 03.08.2022 година, ден 10.08.2022 година, ден 17.08.2022 година и ден 24.08.2022 година, во 13:00 часот.  Извлекувањето ќе се врши во седиштето на Приредувачот на ул. Аминта Трети бр.37/1/кат 1-дп 002 и 001 Скопје и тоа од базата на податоци на Учесници во наградната игра која ја води Приредувачот, во присуство на комисија формирана од Приредувачот. Во секое извлекување учествуваат сите  учесници  од почетокот на наградната игра. Учесниците имаат можност да добијат награда во едно од 5-те извлекувања, односно во едно од извлекувањата кои следуваат откако учесникот ги исполнил условите за учество во наградната игра.

Извлекувањето на добитниците ќе биде емитувано во живо во 13:00 часот на Фејсбук профилот на Приредувачот. За секоја награда, Приредувачот ќе извлекува еден главен добитник и еден дополнителен добитник. Дополнителниот добитник ќе има право да ја добие и прими соодветната награда единствено доколку главниот добитник од било кои причини не ја подигне или одбие да ја прими наградата.

Член 8: Објавување на резултатите и доделување на наградите

Резултатите од наградната игра ќе бидат јавно објавени на веб страната на Приредувачот www.tigo.mk, во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите.

Добитниците на награди може да ги подигнат наградите во рок од 15 дена сметано од денот на објавувањето на Добитникот, во седиштето на Приредувачот на ул. Аминта Трети бр.37/1/кат 1 – дп 002 и 001 Скопје-Центар секој работен ден од понеделник до петок од 10:00 часот до 15:00 часот. При преземање на наградите, добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на претставникот на Приредувачот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат потврда за прием на наградата.

Доколку добитниците не ги подигнат наградите во предвидениот рок или одбијат да ги примат наградите од било кои причини, ќе се смета дека истите се откажале од наградата. Во таков случај, Приредувачот ќе ја додели конкретната награда на секој соодветен дополнителен добитник согласно став член 7 став 2 од овие Правила.

Добитниците на наградите му даваат согласност и право на Приредувачот или агенцијата која Приредувачот ја ангажирал, со цел на промовирање на наградната игра и промовирање на Приредувачот, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал, без право на надомест , во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Со учеството во наградната игра, учесниците особено, но без ограничување, се согласуваат истите да бидат фотографирани при преземањето на наградите, како и нивната фотографија да биде објавена од страна на Приредувачот или агенцијата која Приредувачот ја ангажирал за понатамошни промоции и маркетинг во било која форма и на било кој медиум, вклучително и со објава на било кои социјални мрежи. При подигање на наградите Учесниците се должни да потпишат посебна согласност за обработка на лични податоци со која го овластуваат Приредувачот или агенцијата која Приредувачот ја ангажирал да ги користи личните податоци на добитниците со цел на промовирање на наградната игра и промовирање на Приредувачот.

Член 9: Одбивање на учество во наградната игра

Секој Учесник автоматски станува подобен за учество во наградната игра. Во случај кога некој учесник сака да биде исклучен од учеството во наградната игра, има право да го направи тоа со достава на писмено известување до Приредувачот. За остварување на ова право, учесникот треба најдоцна 3 дена пред секое извлекување да достави писмено известување во една во подружниците на Приредувачот или преку електронска пошта [email protected]

Член 10: Право на приговор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на наградната игра до Приредувачот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Приредувачот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Член 11: Објавување на Правилата на наградната игра

Овие Правила ќе бидат објавени на веб страната на Приредувачот и тоа www.tigo.mk, пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии на Република Северна Македонија

Член 12: Завршни одредби

Приредувачот собира и обработува лични податоци на Учесниците во согласност со Законот за заштита на лични податоци  (Службен весник на РСМ бр. 42/20), и во согласност со Политиката за приватност на лични податоци на корисници на Приредувачот, достапна на веб страната на Приредувачот www.tigo.mk.

Во случај на спор, истиот ќе се реши спогодбено меѓу страните, во спротивно надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.

Учесниците кои ги исполнуваат условите предвидени во овие Правила, ги прифаќаат одредбите на истите, при што овие Правила се задолжителни за учесниците и ќе се применуваат од денот на добивање на потребната согласност од Министерството за Финансии на Република Северна Македонија и нивното објавување на веб страната на Приредувачот и ќе важат до истекот на рокот за подигнување на наградите.

Назад