Tigo Premium

 

Запознајте ја најфлексибилната отплата на кредит со опцијата Тиго Премиум

Опцијата Тиго Премиум е уникатна опција која овозможува да го трансформирате начинот на отплата на вашиот Tigo Start кредит – кредит со еднократна отплата до 30 дена во отплата на повеќе нееднакви месечни отплати.

Оваа опција, која е достапна само во Тиго, е креирана за да ги задоволи различните потреби на клиентите, а она што го прави овој продукт специфичен, но истовремено единствен на пазарот е начинот на отплатата. Имено, со Tigo Premium, месечните обврски за клиентот се состојат единствено од трошоците за кредит, додека пак главницата, клиентот ја враќа со последната месечна обврска, односно по 6 или 12 месеци, во зависност што ќе одбере.

Значи, оваа опција ви овозможува да го вратите износот на кредит што сте го земале не за 1, 2, 3, 4 месеци – туку за 6 или 12 месеци. Како што вас Ви одговара!

Понудата е достапна за сите нови и постојни клиенти на Тиго.

Зошто Тиго Премиум?

- Отплата на главницата на крајот на периодот, односно по 6 или 12 месеци

- Од 2000 до 200 000 денари

- Аплицирате онлајн или во нашите филијали

- Не се потребни жиранти

- Не е потребно никакво обезбедување

- Парите ги добивате во кеш за само 10 минути во нашите Тиго Филијали или на трансакција сметка

- Доколку на крајот на периодот, односно по 6-от или 12 месец се соочите со потешкотии за отплатата на главницата – не грижете се! Ви нудиме опција за олеснета отплата со трансформација на последната месечна отплата!

Опцијата Tigo Premium e совршен одговор за клиентите кои имаат потреба од финансиски средства веднаш, но знаат дека истите можат да ги вратат во подоцнежен период поради очекуван приход.

 

ЧЕСТО ПОСТВУВАНИ ПРАШАЊА

Кога да ја одберам опцијата Tigo Premium?

Доколку ви требаат пари веднаш, сакате да имате минимални месечни отплати, а знаете дека по 6 или 12 месеци ќе имате средства да го вратите целиот износ – тогаш Tigo Premium e идеален за вас!

Дали имам месечни обврски доколку ја одберам опцијата Tigo Premium?

Да. Во вашиот договор за кредит или во вашиот клиентски Профил  на www.tigo.mk можете да го најдете вашиот амортизационен план (обрнете внимание, месечните рати не се еднакви) на месечни отплати. Значи се гледаме за уплата!

Дали има можност за продолжување на рокот на отплата како во Tigo Start и Tigo Multi?

Не. Опцијата Продолжување на рок на отплата не е достапен во опцијата Tigo Premium. Затоа, најдобро е навреме да го испланирате вашиот месечен буџет и навреме да ги подмирите вашите обврски за кредитот. 

Што се случува доколку не можам да го вратам целиот износ во 6-от односно 12-от месец?

Не грижете се! Ви нудиме опција за олеснета отплата со трансформација на последната месечна отплата на дополнителни 6 или 12 месеци!

Дали можам да ги добијам парите веднаш?

Да! Одберете ја дополнителната услуга за исплата на кредитот ВЕДНАШ. Оваа дополнителна услуга е по избор на клиентот и е предмет на дополнителен трошок од 10% од износот на главницата!

Дали можам да направам предвремена отплата на кредитот?

Да, вие во секое време можете да извршите делумна или целосна отплата на Вашиот кредит со одбрана опција Tigo Premium.

Назад