Натпревар

                                       

 

 

  • ИЗМЕНЕТИ ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ
  • "#тукаетиго"

 

Член 1: Организатор и име на натпреварот

ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје, ЕМБС 7229712, со ЕДБ 4080017568459, со седиште на бул.Јане Сандански бр.109А, кат 3, Скопје (во понатамошен текст: Организатор) организира натпревар под назив „#тукаетиго “.

 

Член 2: Цел на натпреварот

Цел на натпреварот организиран од ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје е рекламирање на производите и услугите кои ги нуди Организаторот, зголемување на бројот на фанови на Facebook страната на Организаторот, како и запознавање со мрежата на филијали на Организаторот на територијата на Република Северна Македонија.

 

Член 3: Времетраење на натпреварот

Натпреварот ќе се одржи во период од 20.06.2019 година до 31.08.2019 година.

 

Член 4: Право на учество и услови

Право на учество во натпреварот имаат сите полнолетни лица, државјани на Република Северна Македонија.

 

Право на учество во натпреварот немаат вработените лица кај Организаторот, како и членовите на нивното потесно семејство.

 

Лица под 18 години не може да учествуваат во натпреварот.

 

Услови за учество во натпреварот се:

- Учесникот да стане фан на Facebook страната на Организаторот https://www.facebook.com/tigo.mkfinance/ (@tigo.mkfinance)

- Учесникот лично да пополни и поднесе картичка за учество во Натпреварот, која ќе ги содржи податоците на учесникот, како и називот на филијалата во која истата е пополнета и поднесена, во било која филијала на Организаторот на целата територија на Р. Северна Македонија,

- Во периодот од 12.07.2019 година до 14.07.2019 година, сите заинтересирани лица кои имаат право на учество во Натпреварот, покрај можноста да поднесат картичка за учество во било која филијала на Организаторот, ќе имаат можност да поднесат картичка за учество на штандот на Организаторот поставен во Дојран за времетраење на музичкиот настан Д Фестивал,

- Во периодот од 01.08.2019 година до 02.08.2019 година, сите заинтересирани лица кои имаат право на учество во Натпреварот, покрај можноста да поднесат картичка за учество во било која филијала на Организаторот, ќе имаат можност да поднесат картичка за учество на штандот на Организаторот поставен во Струга за времетраење на музичкиот настан Green Beach Festival,

- Учесникот може да учествува со пополнување и поднесување само на една картичка за учество во Натпреварот поднесена на едно место. Доколку се утврди дека учесникот учествува со повеќе од една картичка за учество, истиот ќе биде дисквалификуван од учество во Натпреварот,

- Учесникот не смее да пополни и поднесе картичка за учество во име на друго лице, без лично присуство на тоа друго лице во филијалата/штандот во која картичката за учество се пополнува и поднесува,

- Доколку картичката за учество не е правилно пополнета и/или учесникот не ги наведе сите барани податоци, истата нема да биде важечка и нема да биде земена во предвид при извлекувањето,

- Со пополнувањето на картичката за учество, учесникот се согласува да прима/добива рекламни и промотивни материјали за производите и услугите на Организаторот на наведената е-мејл адреса, адреса на живеалиште/престојувалиште, како и СМС пораки на неговиот телефонски број,

- Учесникот може, но не е задолжително, да ја користи опцијата "Check-in" на социјалната мрежа Facebook за означување во филијалата/штандот на Организаторот каде што ја пополнува и поднесува картичката за учество во Натпреварот,

- За да биде учесник во Натпреварот, заинтересираното лице не е должно да биде корисник на кредит издаден од Организаторот.

 

 

Член 5: Територија на која се приредува натпреварот

Натпреварот ќе се приредува само на територија на Република Северна Македонија.

 

Член 6: Награден фонд

Организаторот доделува 11 награди и тоа:

- 5 (пет) електронски тротинети, марка Hamachi,

- 3 (три) мобилни телефони, марка HUAWEI P30,

- 3 (три) Go Pro Hero 7 White камери.

 

Член 7: Постапка на приредувањето на натпреварот и извлекувањето на добитниците

Извлекувањето на добитниците ќе се изврши на ден 6 септември 2019 година во 12 часот во седиштето на Организаторот, од сите правилно и целосно пополнети и поднесени картички за учество во сите филијали и/или штандови на Организаторот на територијата на Р. Северна Македонија, од страна на тричлена комисија формирана од Организаторот.

 

Член 8: Објавување на резултатите и доделување на наградите

Резултатите од натпреварот ќе бидат јавно објавени на веб страната на Организаторот www.tigo.mk, како и на Facebook фан страната на Организаторот https://www.facebook.com/tigo.mkfinance/ (@tigo.mkfinance)

, на ден 9 септември 2019 година.

 

Добитниците можат да ги подигнат наградите од подружниците на Организаторот, во период од 16 септември 2019 година до 30 октомври 2019 година, во текот на работното време на подружниците. По објавувањето на добитниците, а пред превземањето на наградите, овластени лица вработени кај Организаторот ќе ги контактираат добитниците со цел да се договори датум, час и место на подигнување на наградата.

При превземање на наградите, добитниците се должни да приложат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат потврда за прием на наградата или записник за примопредавање на наградата.

 

Доколку добитниците не ги подигнат наградите во предвидениот рок, ќе се смета дека истите се откажале од наградата.

 

Добитниците на наградите му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел на промовирање на натпреварот, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, без право на надокнада и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења.

 

Член 9: Право на приговор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на натпреварот до Организаторот во рок од три работни  дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од седум работни  дена од денот на приемот на приговорот.

 

Член 10: Објавување на Правилата на натпреварот

Овие Изменети правила ќе бидат објавени на веб страната на Организаторот и тоа www.tigo.mk, и влегуваат во сила сметано од денот на објавувањето.

 

Картичките за учество во Наптпреварот поднесени пред влегувањето во сила на овие Изменети правила во филијалите на Организаторот ќе бидат земени во предвид при извлекувањето.

 

Член 11: Завршни одредби

Во случај на спор, истиот ќе се реши спогодбено меѓу страните, во спротивно надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.

 

Учесниците кои ги исполнуваат условите предвидени во овие Правила, ги прифаќаат одредбите на истите, при што овие Правила се задолжителни за учесниците и ќе се применуваат од денот на нивното објавување на веб страната на Организаторот и ќе важат до истекот на рокот за подигнување на наградите.

                                                                                          

 

Назад