Наградна игра - Земи кредит, зграпчи награда

Врз основа на Oдлука од 12.05.2021 година на Финансиското друштво ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Аминта Трети бр.37/1/кат 1-дп 002 и 001 Скопје, со ЕМБС 7229712, претставувано од управителот Филип Димитровски, заверена под арх.број 03-668/1 од 12.05.2021 година, за организирање на наградна игра со назив „Земи кредит, зграпчи награда!“, управителот на друштвото на ден 12.05.2021 година, ги донесува следните:

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

Земи кредит, зграпчи награда!

Член 1: Организатор и име на наградната игра

ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје, ЕМБС 7229712, со ЕДБ 4080017568459, со седиште на ул. Аминта Трети бр.37/1/кат 1-дп 002 и 001 Скопје (во понатамошен текст: Организатор) организира наградна игра под назив „Земи кредит, зграпчи награда!“.

Член 2: Цел на наградната игра

Цел на наградната игра организирана од ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје е рекламирање на услугите кои ги нуди Организаторот и тоа потрошувачки кредити.

Член 3: Времетраење на наградната игра

Наградната игра ќе се одржува во период од 03.06.2021 година до 31.07.2021 година.

Член 4: Правила на учество

Право на учество во наградната игра имаат сите клиенти на Организаторот кои во период од 03.06.2021 година до 31.07.2021 година ќе склучат Договор за кредитен лимит или анекс на постоечки Договор за кредитен лимит со Организаторот и кои побарале и на кои ќе им биде одобрена исплата на одреден Износ на кредит, без оглед дали станува збор за кредит со еднократна или повеќекратна отплата, во рамките на одобрениот кредитен лимит.

Право на учество во наградната игра немаат вработените лица кај Организаторот, како и членовите на нивното потесно семејство.

Лица под 20 години не може да учествуваат во наградната игра, согласно интерните правила на Организаторот.

Секој износ од 3.000,00 денари од Износот на кредитот за кој клиентот склучил Договор за кредитен лимит и/или анекс кон постоечки Договор, претставува “1 (еден) купон”. Учесникот/клиентот учествува во наградната игра сразмерно на бројот на купони кои ги добил соодветно на Износот на кредитот кој му е одобрен и исплатен.

Со потпишување на Договорот за кредитен лимит и/или анекс, се смета дека клиентот е согласен да учествува во наградната игра, а истовремено се смета дека Учесникот/клиентот се согласува да добива промотивен и рекламен материјал од Организаторот.

Член 5: Територија на која се приредува наградната игра

Наградната игра ќе се приредува само на територија на Република Северна Македонија.

Член 6: Награден фонд

Организаторот доделува 10 (десет) награди и тоа:

- 1 (еден) I phone 12 во вредност од 51.500,00 денари;- 2 (два) Лап топ компјутери, модел Notebook Asus VivoBook R564JA Ryzen 7 

 во вредност од 77.036,00 денари - 3 (три) електрични скутери, модел HAMACHI ET 800  во вредност од 97.500,00 денари;- 4 (четири) смарт часовници, модел Huawei SmartWatch GT 2e  во вредност од 33.134,4 денари.

Вкупната вредност на фондот на награди изнесува 259.170,04 денари (со ДДВ).

 

НАГРАДЕН ФОНД

Ред. бр

Вид на награда

Количина

Единечна цена во во денари

ДДВ

Вкупна цена во денари со ДДВ

  1.  

I phone 12

1

43.664,07

18%

51.500,00

  1.  

Лап топ компјутер

2

36.684,00

5%

77.036,00

  1.  

Електрични скутери

3

27.542,00

18%

97.500,00

  1.  

Смарт часовници

4

7.020,00

18%

33.134,4

Вкупно

  259.170,04 денари

 

Член 7: Постапка на приредувањето на наградната игра и извлекувањето на добитниците

Учесници во наградната игра се сите клиенти кои во период од 03.06.2021 година до 31.07.2021 година ќе склучат Договор за кредитен лимит или анекс на постоечки Договор за кредитен лимит со Организаторот и кои побарале и на кои ќе им биде одобрена исплата на одреден Износ на кредит, без оглед дали станува збор за кредит со еднократна или повеќекратна отплата, во рамките на одобрениот кредитен лимит.                                        

Извлекувањето на добитниците ќе се изврши на ден 04 август 2021 година во 12 часот часот во седиштето на Организаторот на ул. Аминта Трети бр.37/1/кат 1-дп 002 и 001 Скопје и тоа автоматски од базата на податоци на учесници во наградната игра која ја води Организаторот, во присуство на комисија формирана од Организаторот. Извлекувањето на добитниците ќе биде емитувано во живо на Фејсбук профилот на Организаторот. За секоја награда, Организаторот ќе извлекува еден главен добитник и еден дополнителен добитник. Дополнителниот добитник ќе има право да ја добие и прими соодветната награда единствено доколку главниот добитник од било кои причини не ја подигне или одбие да ја прими наградата.

Член 8: Објавување на резултатите и доделување на наградите

Резултатите од наградната игра ќе бидат јавно објавени на веб страната на Организаторот www.tigo.mk, во рок од 3 дена од денот на извлекувањето на наградите.

Добитниците на награди може да ги подигнат наградите во седиштето на Организаторот на ул.Аминта Трети бр.37/1/кат 1 – дп 002 и 001 Скопје-Центар секој работен ден од понеделник до петок во период од 09.08.2021 година до 13.08.2021 година од 10:00 часот до 15:00 часот. При преземање на наградите, добитниците се должни да ги дадат своите лични податоци на претставникот на Организаторот и да дадат на увид важечка лична карта или патна исправа, како и да потпишат потврда за прием на наградата.

Доколку добитниците не ги подигнат наградите во предвидениот рок или одбијат да ги примат наградите од било кои причини, ќе се смета дека истите се откажале од наградата. Во таков случај, Организаторот ќе ја додели конкретната награда на секој соодветен дополнителен добитник согласно став член 7 став 2 од овие Правила.

Добитниците на наградите му даваат согласност и право на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал, со цел на промовирање на наградната игра и промовирање на Организаторот, да може да ги користи личните податоци на добитниците: име и презиме, слика, како и аудио и видео материјал, без право на надокнада и без временско и територијално ограничување или ограничување во број на користења. Со учеството во наградната игра, учесниците особено, но без ограничување, се согласуваат истите да бидат фотографирани при преземањето на наградите, како и нивната фотографија да биде објавена од страна на Организаторот или агенцијата која Организаторот ја ангажирал за понтамошни промоции и маркетинг во било која форма и на било кој медиум, вклучително и со објава на било кои социјални мрежи.

Член 9: Одбивање на учество во наградната игра

Секој Клиент автоматски станува подобен за учество во наградната игра. Во случај кога некој клиент сака да биде исклучен од учеството во наградната игра, има право да го направи тоа со потпишување на формулар. Овој формулар, клиентот има право да го поднесе најдоцна 7 дена пред датумот определен во член 7 од овие Правила.

Член 10: Право на приговор

Незадоволните учесници имаат право да поднесат приговор за текот на наградната игра до Организаторот во рок од 3 дена од објавувањето на резултатите, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 3 дена од денот на приемот на приговорот.

Член 11: Објавување на Правилата на наградната игра

Овие Правила ќе бидат објавени на веб страната на Организаторот и тоа www.tigo.mk, пред почетокот на наградната игра, а по добивање на согласност од Министерството за финансии за Р. Северна Македонија.

Член 12: Завршни одредби

Во случај на спор, истиот ќе се реши спогодбено меѓу страните, во спротивно надлежен ќе биде Основниот граѓански суд Скопје.

Учесниците кои ги исполнуваат условите предвидени во овие Правила, ги прифаќаат одредбите на истите, при што овие Правила се задолжителни за учесниците и ќе се применуваат од денот на добивање на потребната согласност од Министерството за Финансии на Р. Северна Македонија и нивното објавување на веб страната на Организаторот и ќе важат до истекот на рокот за подигнување на наградите.

 

Организатор

ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје

Назад