ЈАВНА ПОНУДА

Caption

 

КРАТКО ПОЈАСУВАЊЕ ДО КЛИЕНТИТЕ :

 

  • Согласно ЈАВНАТА ПОНУДА за промена во условите на кредитите Ве информираме дека со прифаќање на понудата клиентите не се ослободуваат од плаќање на износите на нивните месечни ануитети или дел на нивните кредити, туку добиваат привремено намалени и одложени месечни ануитети. По истекот на рокот за продолжување, остатокот ќе се распореди во редовните месечни ануитети кои доспеваат после 30 јуни 2020 година. 
  • Согласно понудата, за времетраење на периодот на одложена наплата ќе се пресметува договорна камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит, а наплатата на договорната камата од периодот на одложена наплата ќе започне по ставање на кредитот во редовна отплата.
  • Апелираме до клиентите кои имаат можност да продолжат со редовната динамика на отплата на своите месечни ануитети, така и да продолжат, за да не се доведат во ситуација да имаат поголеми месечни ануитети во иднина од неопходното.

 

ОДБИЈ ЈА ПОНУДАТА

 

 

 

 

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА ПОНУДАТА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА КРЕДИТНИ ОБВРСКИ

 

1. За кого се однесува понудата и за кои кредитни производи?

Понудата се однесува на сите клиенти на ФД ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје кои се корисници на кредити со еднократна отплата и кредити со повеќекратна отплата кои се склучени и исплатени заклучно со 31 март 2020 година.

2. Како да ја прифатам, а како да ја одбијам понудата?

Доколку сакате да ја прифатите понудата, не е потребно да испраќате известување до Тиго Фајнанс, односно понудата ќе се смета дека е прифатена доколку најдоцна заклучно со 19.04.2020 година, не ја одбиете истата со поднесување на посебно барање/известување до ФД ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ Скопје.

Доколку сакате да продолжите со редовна отплата како и до сега, потребно е да ја одбите понудата најдоцна до 19.04.2020 година со испраќање на известување преку еден од следните задолжителни начини за известување:

 - Известување по електронски пат на е-маил адресата [email protected] или преку Вашиот клиентски профил

- Писмено известување по пошта или директна достава во архивата на Друштвото на следната адреса: Тиго Фајнанс Дооел Скопје, бул. Јане Сандански бр.109 А,кат 3, 1000 Скопје, со назнака „Одбивање на понуда за одложување“

 - Пополнување на формулар во сите филијали на Тиго Фајнанс

3. Дали се потребни докази дека не можам да продолжам со редовна отплата на кредитот?

Не е потребно обезбедување на докази за неможноста за редовна отплата на кредитот.

 

4. Доколку ја прифатам понудата, дали ќе добијам нов договор за кредит и нов амортизационен план?

Променетите услови од Договорите за кредити спрема корисници на кредити произведуваат правно дејство без склучување нови договори и/или анекси кон постоечките договори.

 

5. Што значи прифаќањето на понудата за мојот кредит?

Доколку ја прифатите понудата, потребно е да плаќате 30% од вашиот кредит во следните 3 месеци. Остатокот од 70% ќе доспее за плаќање по истекот на овие 3 месеци. За времетраење на периодот на одложена наплата, ќе се пресметува договорна камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит. Наплатата на договорната камата од периодот на одложена наплата ќе започне по ставање на кредитот во редовна отплата.

 

Доколку ја одбиете понудата, треба да продолжите со редовна отплата на кредитот, согласно постоечкиот план за отплата.

 

6. Иако сум ја прифатил понудата дали може да уплаќам износ во меѓувреме на сметка на кредитот? Кoрисниците кои доброволно ќе сакаат да извршат уплата (иако за тоа ќе немаат обврска), тоа ќе можат да го направат доброволно и во износ по своја определба, и истата соодветно ќе им биде ажурирана со намалување на долговните обврски.

 

7. Доколку ја прифатам понудата, кога првпат ќе треба да платам месечна обврска за ануитет?

Обврската за вашиот месечен ануитет не се менува, датумот на отплата останува ист. Она што се менува е износот кој треба да го уплатите, а тоа е 30% од вашиот досегашен месечен ануитет. Остатокот од 70% ќе доспее по завршување на 3 месечниот период, односно после 30 јуни.

 

8. Дали ќе ми биде пресметана камата за периодот од 3 месеци и дали на пресметаната камата за периодот од 3 месеци ќе се пресметува нова камата?

Камата на пресметана камата, не се  пресметува. За времетраење на периодот на одложена наплата, може да се пресметува само договорна камата по каматна стапка предвидена во Договорот за кредит.

Наплатата на договорната камата од периодот на одложена наплата може да започне  по ставање на кредитот во редовна отплата,;

 

9. Каде можам да го платам износот на обврската?

Како и досега, обврските можат да се платат во било која филијала на Тиго, во било која пошта, или преку банка. Повеќе информации за отплата на кредитот се достапни на следниот линк - https://www.tigo.mk/info/otplata-na-kredit

 

10. Моментално не сум во земјава и не можам да одговорам на ниеден од начините во рамките на предвидениот рок, а сакам да ја одбијам понудата. Што треба да направам?

Минимум што треба да направите е да ни испратите емаил со следни Ваши податоци на емаил адреса [email protected], нашите оператори веднаш ќе го регистрираат Вашето барање:

Име и презиме;

Единствен матичен број на граѓанинот;

Телефон за контакт;

Број на Договорoт за кредит;

Изјавувам дека НЕ ЈА ПРИФАЌАМ Јавната Понуда на ТИГО ФАЈНАНС ДООЕЛ.

 

11. Имам траен налог преку кој ги плаќам обврските за кредит, а сакам да ја прифатам понудата. Што треба да направам?

Доколку трајниот налог ви остане, Тиго Фајнанс ќе наплати само износ кој одговара на 30% од Вашата месечна отплата или кредит. Остатокот од средствата ќе бидат распределни на обврските кои ќе Ви доспеат по 30.06.2020 година. Исто така, може да договорите нов траен налог со Вашата банка.

 

 

 

 

 ОДБИЈ ЈА ПОНУДАТА

 

 

 

Назад