Со колешката Анита низ магијата на Куманово - Бислимска Клисура

magic_city_1200x600 (1)

Во непосредна близина на градот Куманово, од вливот на реката Кумановка во реката Пчиња, природата ја „изградила“ преубавата Бислимска Клисура. За оваа клисура и нејзините богатства не е многу познато, иако е природна реткост којашто е оддалечена на само 5 км од градот Куманово и плени со својата природна убавина.

Според сознанијата, името на Бислимската Клисура потекнува од средновековно село кое се простирало во средишниот дел на клисурата, а кое било раселено кон крајот на 16-от или 17-от век, за време на Османлиското владеење.

1yes

Клисурата е пристапна од неколку страни, но наједноставно до неа се доаѓа преку исклучување на магистралниот пат Куманово - Свети Николе, или пак како втора можност од јужната страна, преку селото Пчиња по течението на реката.

Клисурата е долга 7 км и на таа должина има недопрена природа која мора да се доживее со свои очи. Во клисурата се наоѓаат десетина пештери и бездни, кои обземаат со својата убавина, но и мистика која ја кријат во себе. Целиот раскош на клисурата, како на дланка може да се види со искачување на ридот Краста, а средишниот дел е најинтересниот и највпечатливиот дел на клисурата и до него може да се стигне само со пешачење.  

FB yes
Caption

Кога ќе почнете со движење покрај речното корито, со поминување на реката, по неколку стотина метри ќе дојдете до првото изненадување приредено од природата. Од десната страна на реката ќе го здогледате отворот на првата пештера. Оваа пештера го добила името Маркова Куќа. Легендата вели дека некој ајдук Марко кој бегајќи од Турците, стигнал до пештера чиј влез бил крај реката, а излезот сосема високо над ридот. Така ајдукот Марко избегал од Турците, а пештерата го добила името Маркова Куќа. Иако, сè уште не е во целост истражена, се претпоставува дека должината на сите канали во Марковата Куќа е околу 150 метри.

2 yes
Caption

Истражувајќи ја клисурата ќе наидете и на Градишки Пештер и Градишка пропаст (бездна), кои се наоѓаат од левата страна на клисурата во месноста Градиште. Покрај нив, во подножјето на Градиште, кај речното корито на реката Пчиња е една од најкарактеристични пештери во оваа област, позната како Студен Пештер.

Додека во јужниот дел на клисурата, на 2 км спротиводно од с. Пчиња, се наоѓа Лишков Пештер, за која постои народно верување дека во самата пештера или во нејзина близина, постои закопано огромно богатство, но оној што ќе го открие или земе, ќе го снајде лоша судбина.

webyes

Нека следната дестинација за прошетка ви биде Бислимската клисура, каде можете ги посетите бројните пештери и длабокиот кањон. Во исто време, далеку од градскиот метеж можете да уживате во богатиот растителен и животински свет, кој ја прави клисурата вистински природен уникат во овој дел од државата.

6yes
Caption

Се надеваме дека за момент, со патописот кој го подготви нашата колешка Анита Димковска,  успеавме да ви ја пренесеме мистичната убавина на Бислимска Клисура, природната атракција на Кумановскиот регион. Доколку сакате да дознаете повеќе, Анита можете да ја најдете во центарот на Куманово, во нашата Тиго Филијала лоцирана на ул. „Гоце Делчев“ бр. 36/1-2  (спроти Матично на Плоштад) или во втората Тиго филијала во Куманово на ул. „3-та Македонска ударна бригада“ (спроти Гимназијата „Сами Фрашери“).

До следното откривање на нова магија од некој наш град, не заборавајте дека за остварувањето на вашите финансиски желби не ви треба магија, тука е Тиго.

 

Related articles

Назад